Свет
Се повеќе кинески делови во руско оружје, тврди Украина
Украинските сили наоѓаат зголемен број кинески делови во руското оружје што се користи во Украина, изјави за Ројтерс висок советник од кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.
„Продолжуваме да наоѓаме разновидна електроника во оружјето пронајдено на бојното поле“, рече Владислав Власиук, кој го советува шефот на кабинетот на претседателот за политиката на санкции.
„Сега трендот е дека има помалку компоненти произведени на запад, но веќе не е тешко да се погоди која земја ги произведува компонентите. Се разбира, Кина“, рече Власиук преку видео повик.
Кина постојано негира дека испраќа воена опрема во Русија од почетокот на инвазијата на Москва на Украина во февруари 2022 година.
Украинските експерти наведуваат дека во навигацискиот систем на дронот Орлан биле пронајдени компоненти од кинеско производство.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Во израелските воздушни напади во источен Либан загинаа 19 лица
Вкупно 19 лица загинаа вчера во воздушни напади на Израел во пошироката област на античкиот град Балбек во источен Либан, соопшти либанското Министерство за здравство.
11 од нив загинале во нападот на селото Мазрет Беит Салиби, соопшти Министерството. Уште осум лица загинаа во друг воздушен напад во областа, на населбата Беднаџел, се додава.
Според Министерството, меѓу загинатите има осум жени. Претходно израелската армија го нападна Балбек, повикувајќи на рана евакуација, изјавија очевидци.
Свет
Северна Кореја истрела балистичка ракета
Северна Кореја тврди дека истрелала интерконтинентална балистичка ракета во рекордно тестирање, надминувајќи го секој претходен тест, објави државната медиумска агенција на земјата КЦНА.
Советот за национална безбедност на Јужна Кореја објави дека Северна Кореја повторно ги прекршила резолуциите на Советот за безбедност на ОН со истрелување интерконтинентална балистичка ракета.
Советот за национална безбедност одлучи да воведе нови санкции против Северна Кореја и тесно да соработува со сојузниците и ОН за да се осигура дека санкциите на меѓународната заедница против Северна Кореја може посилно да се спроведуваат, се вели во соопштението од кабинетот на јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол.
Јун, исто така, нареди силен одговор и темелна подготовка за да се спречи Северна Кореја да планира ненадејни провокации.
Американската војска, исто така, го осуди лансирањето на ракетата и ја повика Северна Кореја да се воздржи од понатамошни незаконски и дестабилизирачки дејства.
Свет
(Фотогалерија) Шпанија низ фотографии по смртоносното невреме
Најмалку 95 луѓе загинаа во невремето и разорните поплави во источна Шпанија, соопштија локалните власти.
Тоа е најсмртоносната поплава во Шпанија во последните три децении, предизвикана од невиден дожд што го погоди источниот регион на Валенсија, оставајќи ги патиштата и градовите под вода.