Свет
Во Франција продадени 100.000 примероци „Плејбој“ поради голите фотографии на министерката
Сите 100.000 примероци од новиот број на француското издание на магазинот „Плејбој“ со министерката Марлен Скијапа на насловната беа продадени за три часа, изјави директорот Кристоф Флорентин.
Тој додаде дека се испечатени дополнителни 60.000 примероци.
Вообичаено, во Франција се продаваат околу 30.000 примероци од секое издание на „Плејбој“.
Политичарката позира во облека и на ниедна фотографија не беше гола, но списанието сепак беше распродадено, очигледно поради нејзиното интервју.
Скијапа беше многу критикувана во Франција затоа што се согласила да се фотографира за „Плејбој“. Веста дека нејзината фотографија ќе ја краси насловната страница доаѓа во време кога француската влада се соочува со гневни демонстранти против пензиските реформи.
French minister’s Playboy issue sells out. Marlene Schiappa’s non-nude appearance in the magazine had spurred criticism from the country’s political ecosystem. pic.twitter.com/1dhX6arJly
— [email protected] (@frederickcheng5) April 17, 2023
Министерката за социјална економија, Скијапа, позира во бел фустан на фотографиите на „Плејбој“ и зборува за феминизмот и правата на жените. Таа во интервјуто го брани правото на жените „да бидат токму онакви какви што сакаат да бидат“.
„Доколку сакаат да се облекуваат како калуѓерки и никогаш да не ги запознаат мажите што ги сакаат, треба да бидат поддржани во тоа. Но, и ако сакаат да позираат без облека во списание“, рече таа и откри дека се гордее затоа што напишала еротска литература.
Во интервјуто таа одговара на прашања од типот: „Дали политиката е љубезна?“, „Дали чувството на моќ е задоволство? и „Дали се сметаш себеси за искушувач“.
Министерката задолжена за родова еднаквост, Изабел Ром, ја критикува одлуката на својата колешка да даде интервју за „Плејбој“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

