Контакт

Македонија

Ковачевски: Не правевме скулптури на бикови и шмизли, направивме зграда за 312 семејства

Објавено пред

Во финална фаза е изградбата на зградата за социјално загрозени семејства во Бутел. Премиерот Димитар Ковачевски направи увид во градежните работи за зградата во која вели дека ќе се сместат 312 семејства. По увидот, Ковачевски направи споредба на она што го направила Владата на СДСМ со она што го правеше владата на ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

„Оваа зграда вреди 10 милиони евра или четири лава, кои ги поставуваа на ‘Гоце Делчев’, без палми. 4 лава е зграда од 312 стана, тоа е најдобра споредба. Ние не садевме палми во Вардар за стотици илјади евра, не градевме шпански скали, не правевме фасади од стиропор, не правевме скулптури на бикови и шмизли за десетици милиони евра, туку со толку средства изградивме социјална зграда со 312 стана за социјално ранливи категории граѓани. Вложуваме во потребите на граѓаните и тоа многу гордо можеме да го кажеме“, рече премиерот Ковачевски.

Досегашната инвестиција во зградата е 9,8 милиони евра. Има два влеза со приземје и тринаесет ката, а на секој кат има по 24 стана. Има пристап за лица со посебни потреби, а премиерот очекува за неколку месеци да биде распишан оглас за доделување на становите.

Премиерот Ковачевски потсети дека пред само два месеца домови добија социјално загрозени семејства во Гостивар, во февруари распределени беа социјални станови во Свети Николе и Виница, а пред четири месеци во Пробиштип. Премиерот се пофали дека во изминатите четири години изградени се или се во фаза на изградба повеќе од 860 социјални стана, и тоа во Македонски Брод, во Струмица, во Гевгелија, Демир Капија, Неготино, Дебар, Велес, Кочани и во Сарај.

Македонија

Претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат во САД, обвини Филипче

Објавено пред

Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, истакна дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл.

dobivaj vesti na viber

-Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до сега нема доживеано, рече тој.

Филипче го опиша ова како симболична, но многу сериозна потврда за тоа каде се наоѓа денеска државата на меѓународната сцена. Според него, Македонија од земја што беше призната и поддржана од клучните стратешки партнери, денес е држава што единствено добива внимание на маргините, без реално политичко влијание, без сериозни разговори и без почит.

-Се сѐ сведува на правење селфија со некои дипломати по ходниците на големите светски институции, рече Филипче, додавајќи дека патот кон НАТО и ЕУ не бил лесен и не бил без политичка цена, но дека тој пат вредел и бил правилен.

Во продолжение од обраќањето, Филипче истакна дека разликата меѓу поранешната и сегашната власт е токму во тоа што СДСМ секогаш го ставала интересот на државата пред партиските калкулации.

-И сега тоа е само еден дополнителен поттик да се бориме и да им кажеме на граѓаните дека нашите политики беа добри, беа во интерес на државата, на граѓаните, не водевме сметка, не ставаме на кантар дали ќе изгубиме дел од својот политички рејтинг, затоа што вредеше државата да оди напред, да се реши деценискиот проблем со името, да станеме земја членка на НАТО, рече лидерот на СДСМ.

Филипче посочи дека со оваа актуелна власт европскиот пат е запрен, институционално и суштински, потенцирајќи дека  оваа  влада не сака да го продолжи европскиот пат.

Како што нагласи, недостасуваат лидерство, храброст и визија за иднината на државата, а власта бега од тешките одлуки и ги сведува сите надворешни ангажмани на површна слика за јавноста без реална содржина.

Прикажи повеќе...

Македонија

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Објавено пред

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој загина во пожарот во кочанската дискотеката „Пулс“ на 16 март. Во дворот на Полициската станица во Пробиштип во присуство на семејството на загинатиот полицаец Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев началници од СВР-Штип беше откриен спомен бистата на полицаецото Тоше Тодоровски кој на 16 март беше на службена должност и загина во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

dobivaj vesti na viber

Министерот за внатрешни работи, Тошковски истакна дека споменот ќе остане за полицаецот Тоше Тодоровски од Пробиштип, којшто трагично загина.

-Тоше беше човек, којшто лично немав чест да го запознаам, но од она коешто го говорите сето она, од она што го говорат сите коишто лично го познаваат Тоше е голем човек и бил многу голем човек додека бил меѓу нас, а на жалост Господ-Бог најдобрите ги зема најрано, колку што може, рече Тошковски.

Мартин Ефремов претседателот на Независниот синдикат на полицијата истакна дека со денешниот настан одаваат почит на загинатиот Тоше Тодоровски, а на неговиот татко Винко му порача дека пред шест месеци изгуби син, но какошто рече доби илијадници синови, ќерки, браќа и сестри во униформа, кои секојпат ќе бидат со него и семејството на Тоше.

-Нека оваа биста не потсети дека секој еден од нас можеше да биде на местото на Тоше, исто како и секој еден од нас можеше да биде на местото на било кој еден од осомничените преживеани колеги на трагедијата, коишто денеска по насоки на Јавното обвинителството се без плати, без придонеси и на работ на егзистенција. Колеги на којшто очајно им треба нашата помош, вели Ефремов.

На спомен бистата букети цвеќе положија семејството на Тоше Тодоровски, министерот за внатрешни работи, Тошковски директорот на БЈБ, Јанев, полициски службеници и началници од СВР-Штип.

Прикажи повеќе...

Македонија

Општина Аеродром од 29 септември почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад

Објавено пред

Општина Аеродром од 29 септември почнува голема есенска акција за бесплатно собирање кабаст отпад на целата територија на општината што ќе трае до средината на ноември.

dobivaj vesti na viber

Како што наведуваат од Општината, во соработка со ЈП за комунални дејности на Општина Аеродром, на повеќе локации ќе бидат поставени големи контејнери во кои граѓаните ќе можат да го оставаат својот стар и дотраен мебел.

Акцијата ќе почне од населба Мичурин каде што в понеделник и во вторник, 29 и 30 септември, садовите ќе бидат поставени на улица „Анастас Митрев“ зад паркот до трансформаторот и на улица „Венјамин Мачуковски“ до трансформаторот кај Железничка станица. Потоа, в среда и во четврток, 1 и 2 октомври, жителите на Острово, својот кабаст отпад ќе можат да го оставаат на улица „Владимир Комаров“ бр. 9, како и на „Владимир Комаров“ број 16 зад ТЦ „Скопјанка“.

Кабастиот отпад е планирано да се собира речиси до средината на ноември, а жителите за сите локации и датуми можат да се информираат на страницата на општината aerodrom.gov.mk, каде што е објавен планот со точните датуми и локации.

Прикажи повеќе...

Најново

Топ1 час

Превезувал мигранти и удрил полициски службеник во обид да избега

На автопатот Граничен премин Табановце – Куманово, вчера околу 16:30 часот полициски службеници го лишиле од слобода М.Б. (25) од...

Македонија4 часа

Со порака дека хероите живеат вечно откриена беше спомен бистата на полицаецот кој загина во дискотеката „Пулс“

Хероите никогаш не умираат, тие живеат вечно и имаат само датум на раѓање, порачаа колегите на полицискиот службеник,Тоше Тодоровски кој...

Регион6 часа

Ужас во Јагодина: Внук ги заклал бабата и дедото и избегал

Двојно убиство се случило во близина на Јагодина. Според првичните информации М.М. (39) ги заклал бабата Р.Ж. (76) и дедото...

Свет6 часа

Украина го префрла производството на оружје во земјите од НАТО

Украинската одбранбена индустрија започнува со работа во Данска, обезбедувајќи им на производителите на оружје со седиште во Киев заштита од...

Свет8 часа

Прекинати медицинските активности што спасуваат животи во Газа, безбедносната состојба е влошена

Израелската офанзива во градот Газа ги принуди „Лекари без граници“ да ги прекинат своите основни медицински активности во областа поради...

Европа18 часа

(Видео) Трагедија во Турција: туристка почина откако беше удрена од глисер додека пливаше покрај брегот на Кемер

Русинка загина на првиот ден од нејзиниот одмор од соништата во Турција, откако беше удрена од глисер. Линарија Музипова, 42,...

Свет19 часа

(Видео) „Ова е Америка на Трамп“: Агентите на Службата за имиграција уапсија барател на азил, ја фрлија мајката на подот пред децата

Видео кое стана вирално на социјалните мрежи покажува како агент на американската Служба за имиграција и царина (ICE) насилно се...

Свет20 часа

(Видео) Флорида дозволи носење оружје на јавно место: маж го тестираше пред „Волмарт“

Маж со оружје беше снимен пред продавница „Волмарт“ во Флорида, еден од првите што ја искористи новата дозвола за носење...

Европа20 часа

Лукашенко: Путин има предлог за прекин на војната, Трамп го поддржува

Белорускиот претседател Александар Лукашенко по денешната средба со неговиот руски колега Владимир Путин изјави дека рускиот лидер ќе објави „многу...

Европа20 часа

(Видео) Германија забележа дронови на границата со Данска: „Истражуваме можна саботажа“

Министерството за внатрешни работи на северната германска покраина Шлезвиг-Холштајн соопшти дека беспилотни летала биле забележани во текот на ноќта и...

Македонија20 часа

Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот...

Свет20 часа

Трамп: Мислам дека можеби имаме договор за Газа

Американскиот претседател Доналд Трамп им изјави на новинарите во Белата куќа дека верува оти е многу блиску до договор за...

Свет20 часа

Зеленски на таен состанок ги побарал од Трамп моќните проектили „Томахавк“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал од Доналд Трамп ракети „Томахавк“, на состанок зад затворени врати, објави „Телеграф“. Зеленски му кажал...

Европа22 часа

Орбан: Нема да се поклониме пред барањата на Брисел – нашата енергетска безбедност и нашите семејства мора да бидат на прво место

Унгарскиот премиер Виктор Орбан по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Унгарија не може да се обвини...

Свет22 часа

(Видео) Нетанјаху зборуваше на хебрејски во ОН, мавташе со карти, па ги нападна европските земји

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска остро ги осуди западните земји за признавањето на палестинската државност, обвинувајќи ги дека испраќаат порака...

Македонија1 ден

Мицкоски: Не ми паѓа на памет да размислувам за било какви уставни измени, без гаранции

Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме...

Македонија1 ден

Депонијата во Струга е една од најопасните, ако не се преземат мерки, ќе биде црна точка по бројот на заболени од канцер, велат од „Вреди“

Според „Вреди“, дивата депонија во Струга, отворена во 2006 година како „привремено решение“, денес е претворена во една од најопасните...

Македонија1 ден

За 29.539 се зголемил бројот на избирачи што се на привремена работа или престој во странство во споредба со изборите во 2021 година, заклучен Избирачкиот список

Државната изборна комисија го заклучи Избирачкиот список за претстојните локални избори. Право на глас имаат вкупно 1.832.415 избирачи. Има 7.551...

Македонија1 ден

По убиството на Росица, дисциплински постапки за 11 полициски службеници; МВР утврдило дека по дел од пријавите на жртвата не било постапено

Министерството за внатрешни работи известува дека по насока на министерот Панче Тошковски, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални...

Македонија1 ден

Изгаснат пожарот во депонијата во Арачиново

По неколкучасовно гаснење со специјална пена, скопските пожарникари успеаја целосно да го изгаснат огнот во депонијата кај Арачиново иако сѐ...