Македонија
Муцунски: Ако бевме како Ковачевски и Богоев, денес немаше да има ниту еден проект
Од Општина Аеродром реагираат на обвинувањата на СДСМ за случајот со парцелите во Лисиче.
Од таму велат дека денешното соопштение на СДСМ е уште една потврда за тендерската бизнис-матрица во која тие живеат.
„Луѓето што во својата биографија имаат само коруптивни проекти мислат дека сите политичари се како нив. Но, реалноста е далеку поинаква. Општина Аеродром ја води тим што работи во согласност со законите и реализира проекти. Доколку ние бевме како Ковачевски и Богоев, денес немаше да има ниту еден реален проект и инвестиција во Аеродром, напротив, ќе носевме одлуки што единствено се во интерес на одржување на фамилијарните релации и личното богатење. Тие се само одличен пример на политичари, кои критикуваат и ништо не работат, типичен пример за деструктивци што се богатат на грбот на граѓаните.
Но, граѓаните знаат и тоа е реалност. Општина Аеродром е првата општина што пренамени маркички од згради во паркови, општина каде што интензивно се гради и инвестира, се реализираат проекти за хумана урбанизација. Ние работиме транспарентно и во интерес на граѓаните, факт кој што СДСМ мора што побргу да го прифати“, велат од Општината.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

