Македонија
Многу, многу награди! Нова наградна игра – Ma Tantissimo со Credissimo
Подарок – патување? Во Италија? И пари на сметка? Сега и тоа е возможно. Credissimo ја најави најновата наградна игра „Ma Tantissimo со Credissimo“. Организаторите на оваа италијанска авантура, ќе доделат многу, многу награди на најсреќните добитници, а воедно и корисници на нивните услуги.
Наградната игра
Наградната игра, чии 2 главни награди се патување во Италија за двајца, започнува на 24.04.2023 год. и ќе трае 16 недели, сè до 13.08.2023 год. Во текот на тие 16 недели ќе бидат доделени дополнителни седмични и месечни награди: 4 мобилни уреди iPhone 14, 8 полароид апарати instax mini 11, 16 ваучери за вечера во италијански ресторан, 32 ваучери за курс по италијански јазик и 16 кошници со италијански производи. Добитниците на главните награди, ќе бидат извлечени по 8та и 16та недела од наградната игра.
Кој има право на учество?
Право на учество во наградната игра имаат сите нови и постоечки корисници што ќе земат кредит за целиот период на наградната игра. Доколку не си клиент на Credissimo, во наградната игра можеш да се вклучиш искористувајќи ја промоцијата 0% камата за 3 месеци. Процесот за аплицирање на кредит е едноставен, брз и лесен. Се аплицира исклучиво онлајн на www.credissimo.mk или на телефонскиот број 15020, без долги и комплицирани процедури, а парите стигнуваат на твојата сметка веднаш по одобрувањето. Додека се отплаќа кредитот во времетраење од 3 месеци, не плаќаш камата и трошоци – едноставно, колку земаш толку и враќаш.
„Со организирање на оваа наградна игра сакаме да внесеме возбуда во секојдневието на нашите корисници, на кои им нудиме забавна авантура, преку која можат целосно и поинаку да ја искусат една од најомилените земји во светот, Италија. Но, воедно и да ја нагласиме една од нашите примарни цели, а тоа е дека со Credissimo секогаш се добива многу, многу повеќе. Патувањата оставаат длабоки и влијателни спомени, кои што се паметат цел живот, а токму за таа цел сакаме на најсреќните добитници да им подариме „tantissimo“ вредни награди. Ја одбравме токму Италија, бидејќи е можеби најдобрата земја за лична и забавна транзиција во едно поинакво секојдневие, за доживување едно поинакво искуство со внесување во безгрижниот италијански начин на живот“ – изјавија од Credissimo.
Оваа „tantissimo“ италијанска авантура без сомнеж ќе биде совршена возбуда и забава, достапна за сите за претстојниот период.
За најновите информации, следете ги Credissimo и на социјалните мрежи Facebook [@credissimo.mk] и Instagram [@credissimo_mk].
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Ако авионот бил користен согласно прописите, Владата да објави кој патувал заедно со Мицкоски, бара СДСМ
Владата на Мицкоски, во обид да го оправда неговото луксузирање со владиниот авион на Јадранско море соопшти јавно дека наводно „авионот бил користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење“, и дека „секое користење е евидентирано, документирано“, истакнуваат од СДСМ.
„Ако навистина авионот бил користен согласно процедурите, бараме Владата да го докаже тоа.
Бараме Владата да го објави списокот на патници, кој бил заедно со Мицкоски во владинот авион“.
Македонија
Ѓорѓиевски: Работевме посветено, секој ден, секоја ноќ, она што го постигнавме е само почеток
Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски денеска ќе го презентира отчетот за сработеното во првите 100 дена од преземањето на функцијата.
„Отчетноста и транспарентноста се должност кон граѓаните. Токму затоа, по првите 100 дена од мандатот, излегуваме пред вас со јасен и отворен приказ на сработеното. Во изминатиот период работевме многу. Работевме посветено. Секој ден. Секоја ноќ. Она што го постигнавме е само почеток“, напиша градоначалникот на социјалните мрежи.
„Го поставивме темелот врз кој ќе ја градиме иднината на Скопје како модерен, просперитетен и достоинствен град, по мерка на граѓаните. Ова не е само мој успех.
Ова е успех на сите скопјани кои веруваа дека Скопје мора и може поинаку. Ова е доказ дека кога се работи со срце, со визија а не од личен интерес, резултатите не изостануваат. И да, пред нас има уште многу работа. Ќе има и предизвици. Но ние не се откажуваме! Ќе продолжиме да работиме уште посилно, уште поодлучно“, додаде Ѓорѓиевски.
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Со 40 амандмани го заштитивме зголемувањето на платите, зошто Трендафилов молчи за фактите од 2024 година?
„Кога СДС зборува за недостаток на социјален дијалог треба да се наврати на 2024 година. СДС и ДУИ во 2024 година предложија пакет законски измени со кои суштински ќе се менуваше методологијата за пресметка на платите. Со тие измени се предвидуваше минималната плата да се изземе од формулата за пресметка на платите на административните службеници иако таа беше дел од колективниот договор потпишан меѓу ССМ и тогашната влада“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Тоа ќе значеше дека идните покачувања на минималната плата нема автоматски да влијаат врз останатите плати во јавниот сектор. На тој начин ќе се прекинеше линеарниот раст и ќе се ослабеше заштитниот механизам за работниците.
Друг факт е дека финалната верзија на измените не беше објавена на ЕНЕР, а синдикатите информираа дека со предлог-законот се запознале преку веб-страницата на Собранието. Немаше суштинска јавна расправа, ниту вистински дијалог во рамки на Економско-социјалниот совет.
Во тој момент реагираше тогашното раководство на ССМ. ВМРО-ДПМНЕ како тогашна опозиција поднесе бројни амандмани со цел да се спречи донесувањето на ваквото решение.
ВМРО-ДПМНЕ поднесе повеќе од 40 амандмани, меѓу кои и клучниот предлог минималната плата да остане составен дел од формулата за пресметка. Со тоа се обезбеди и понатаму платите да растат линеарно со растот на минималната плата.
Токму затоа денес, кога расте минималната плата, растат и другите плати.
Зошто се премолчуваат случувањата од 2024 година? Зошто Трендафилов не го кажува тоа?
Зошто не се говори дека со заедничка акција беше зачуван принципот минималната плата да остане основа за пресметка?
ВМРО ДПМНЕ тогаш не дозволи, со скратена постапка и европско знаменце, да се донесе решение што ќе беше на штета на работниците.
ВМРО ДПМНЕ е на страната на работниците.
Токму затоа за 10% се зголемија платите на полициските службеници, социјалните работници добија 20% повисоки плати, додека преку посебни колективни договори, вработените во Генералниот секретаријат и СОЗР добија 30% зголемување.
Околу 11.000 вработени во администрацијата, судовите и обвинителствата се опфатени со историски договор кој гарантира системско покачување на платите за 40% до 2028 година.
Работниците заслужуваат сигурност а не дневнополитички конструкции од страна на СДС“, соопштува ВМРО-ДПМНЕ.

