Црна хроника
Тешка сообраќајка во Скопје, настрада моторџија во судир со два автомобила
Денеска во 19.04 часот во СВР Скопје било пријавено дека на раскрсницата од ул.”11-Октомври” и “Даме Груев” се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотор и патничко моторно возило.
Со повреди се здобил возачот на моторот и бил пренесен во Гоб Св.Наум Охридски за укажување на лекарска помош.
Увид во тек.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Четворица повредени во сообраќајка во струшко
Четири лица се повредени, од кои две со тешки повреди, во сообраќајна несреќа која вчера во 17 часот се случила на регионалниот пат од с.Биџево кон с.Драслајца.
Во несреќата, информира МВР, учествувале автомобил „фолксваген голф“ со струшки регистарски ознаки, управуван од Т.Д.(31) од село Делогожда, струшко и патничко возило „бмв“ со охридски регистарски ознаки, управувано од Х.Ш.(31) од Германија.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле Х.Ш. и сопатничка од возилото „голф“ А.Д.(28), а со телесни повреди се здобиле Т.Д. и сопатничката од возило „бмв“ , А.Х, констатирани во Специјалната болница „Св.Еразмо“ во Охрид, велат од полицијата.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Струга.
Црна хроника
Приведен бегалец од затвор
Утрово во 02.20 часот на улица „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово, врз основа на потерница по судска наредба, го лишиле од слобода Б.С.(46) од Тетово.
Тој бил баран за доиздржување на затворска казна од 13 месеци, во врска со сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.
Тој е предаден во КПУ Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната, соопшти полицијата.
Црна хроника
Претрес во Тетово, пронајдена дрога
Вчера околу 12 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Л.М.(34) од Тетово, затоа што при извршен претрес, по судска наредба, во неговиот дом и други простории била пронајдена и одземена марихуана и предмет со остатоци од кокаин.
Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.