Свет
Имало обид за атентат на Путин со беспилотно летало, пишува германски медиум

Украинската тајна служба, според истражувањето на германски „Билд“, во неделата се обидела да го убие рускиот претседател Владимир Путин со беспилотно летало „камикаѕе“. Тие пишуваат дека иако обидот за атентат не успеал, руските власти го чуваат обидот во тајност.
Беспилотното летало UJ-22 полетало во Украина во неделата попладне и, како што објавија „Билд“ и „Нова блиц“, станува збор за најмодерниот украински дрон со среден дострел до 800 километри. Нивната цел наводно бил новоизградениот индустриски парк во близина на Москва, кој се наоѓа на 500 километри од Украина.
Украинскиот активист Јуриј Романенко, за кој се вели дека има блиски врски со киевските разузнавачки служби, наводно рекол дека „минатата недела разузнавачките служби добиле информации за патувањето на Путин во индустрискиот парк Руднево. Соодветно на тоа полетал дронот, кое прелета низ целата воздушна одбрана на Руската Федерација и се урна недалеку од индустрискиот парк“.
И неколку руски медиуми објавија за падот на беспилотно летало UJ-22 во близина на селото Вороского, источно од Москва. Местото на несреќата е на 20-ина километри источно од индустрискиот парк Руднево. На снимката се гледа дека на дронот имало 30 блока експлозив Ц4 со вкупна тежина од 17 килограми. Експлозивните полнења М112, меѓу другите, користат Армијата на САД и канадските вооружени сили. Руски минувачи во неделата попладне објавија фотографии од индустрискиот парк Руднево, на кои се гледа сивиот тревник пред главната зграда, кој беше испрскан со зелена боја, пишува „Билд“.
Сепак, не е јасно дали шефот на руската држава сакал да го посети индустрискиот парк во недела или само во понеделник. Од безбедносни причини посетите на Путин понекогаш се реализираат еден ден пред да бидат објавени. Исто така, многу е можно спомнувањето на неговиот двојник да биде само уште една форма на безбедносна заштита.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.
Свет
Поради гладување 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција во Газа

Секој трет жител на Појасот Газа со денови не добива храна, предупреди Светската програма за храна (WFP) на Обединетите нации. Во последното соопштение се наведува дека 90.000 жени и деца итно имаат потреба од медицинска интервенција поради тешка неухранетост.
Според Министерството за здравство во Газа, само вчера починале уште девет лица од глад, со што бројот на жртви од неухранетост од почетокот на конфликтот достигна 122.
Израел, кој го контролира влезот на сите залихи во Газа, повторува дека не постои блокада и ја обвинува Хамас за лошата распределба на ресурсите.
Меѓународната заедница, вклучувајќи ги Германија, Франција и Велика Британија, побара итно олеснување на влезот на помошта, а генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш остро ја осуди „рамнодушноста и недостигот на човечност“ во глобалниот одговор на кризата.