Свет
„Телеграм“ суспендиран во Бразил
Судот во Бразил нареди суспензија на мрежата „Телеграм“ во целата држава откако оваа платформа за пораки не им достави на властите информации за неонацистичките групи, кои се активни на неа.
Информацијата ја споделија француските медиуми од извори во бразилската Влада и правосудството.
Како дел од истрагата „за неонацистички групи присутни на социјалните мрежи, беше наредено суспендирање на ‘Телеграм’, со оглед дека оваа мрежа не одговори на барањата“, изјави на прес-конференција министерот за правда, Флавио Дино.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Фицо пренесен од Банска Бистрица во Братислава: Ќе закрепнува дома
Словачкиот премиер Роберт Фицо денеска од болницата во Банска Бистрица е префрлен дома во Братислава.
Неговата состојба е стабилизирана и почнал со рехабилитација, објави словачкиот портал „Правда“.
Порталот наведува дека Фицо ќе се опоравува дома и дека тоа било негова желба.
Директорката на Факултетската болница во Банска Бистрица, Миријам Лапуникова за телевизијата „та3“ ја потврди информацијата.
Како што јави РТВС, хеликоптерот со словачкиот премиер требало да полета од Банска Бистрица околу 18 часот и да слета во Братислава.
На 15 мај 71-годишниот писател Јурај Цинтула го застрела Фицо. Полицијата веднаш го приведе.
Словачкиот премиер во тешка состојба беше пренесен во болница, каде му беше извршена операција.
Цинтула е во притвор и се соочува со казна од 25 години до доживотен затвор.
Регион
Излегол од амбулантно возило во Србија, го усмртил автомобилот што налетал на него
Маж настрада денеска околу 17 часот на автопатот Белград – Ниш кај Алексиначки Рудници кога излегол од возило на брза помош, а во него удрил друг автомобил.
Како што пишува Нова.рс, се работи за психијатриски пациент кој требало да биде сместен на лекување во установа.
„Со возило на Брза помош требало да биде пренесен во Психијатриската болница во Горња Топоница. Но, тој се вознемирил и излетал од амбулантата на патот, го удрил автомобил и умрел на лице место“, велат соговорниците на Нова.рс. запознаени со случајот.
Според неофицијални информации, Брзата помош е со крагуевачки регистарски таблички, а засега нема информации кој автомобил удрил во човекот кој загина.
Сообраќајот на оваа делница поради извршен увид беше во прекин 40 минути.
Свет
Јужна Кореја лансираше вселенска агенција: „Ќе слетаме на Марс до 2045 година“
Јужна Кореја планира да слета на Марс до 2045 година, а дотогаш за оваа намена ќе потроши околу 67 милијарди евра, најави претседателот Јун Сук Јеол по повод лансирањето на првата вселенска агенција на оваа азиска земја. Агенцијата КАСА ќе ја води „вселенската економија“ на земјата, а стотици компании ќе работат на „катапултот“ на Јужна Кореја меѓу светските лидери во вселенските патувања, тврди Јун.
„КАСА ќе воведе нова вселенска ера со одгледување експерти, преку поддршка на системот на вселенската индустрија и поттикнување предизвикувачки и иновативни истражувања и развој“, рече тој. Сеул сака првото слетување на Месечината да биде во 2032 година.
Јужна Кореја стана седмата земја во светот која поседува технологија за лансирање ракети и сателити. Минатата година ја лансираше ракетата Нури, која носеше комерцијален сателит во вселената. Целта на агенцијата е усогласување на различни владини министерства, а во својата структура ќе вклучи и институт за вселенски истражувања. Јужна Кореја планира уште најмалку три лансирања до 2027 година и сака да лансира и воени сателити.
Најавата на Јун е показател за зголемените напори што азиските земји ги инвестираат во вселенски програми од практични причини, како што се усовршување на ракетната технологија или зајакнување на националната гордост.
Северна Кореја лансираше ракета во понеделникот, но не успеа да го испрати својот втор воен шпионски сателит во орбитата. Пјонгјанг за неуспехот го обвини новиот тип на мотор, но еден експерт го поздрави обидот како „голем скок“ во севернокорејската технологија.
Јужна Кореја, Јапонија и САД го осудија лансирањето како кршење на резолуциите на Советот за безбедност на ОН со кои се забранува развој на технологија за балистички ракети. Кинеската вселенска програма разви големи ракети, вселенската станица Тиангонг, беспилотните лунарни сонди и роверот Журонг кој стигна на Марс во 2021 година.
Во јануари Јапонија стана петтата земја која постави возило на Месечината. Минатата година Индија стана четвртата земја што слета на сателитот на Земјата, откако Русија не успеа да го стори тоа истиот месец.