Црна хроника
Лишен од слобода криминалец од БиХ со престој во Скопје, бил баран со потерница

На 26.4.2023, во 15.40 часот, на улицата Емин Дураку во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје и од отсекот потраги при Одделението за криминалистички работи Ѓорче Петров го лишиле од слобода С. М. (23) од Босна и Херцеговина, со привремен престој во Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело по член 130 од Кривичниот законик.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа „Затвор Скопје“ за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Уапсен маж од Скопско, бил затекнат како пали оган во близина на автопатот Скопје – Тетово

Педесет и деветгодишен маж е уапсен рано утрово поради предизвикување пожар во близина на автопатот Скопје – Тетово.
Според информациите на МВР, околу 08.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопат Скопје – Тетово, после наплатната станица Глумово, едно лице подметнува пожар.
Полициски службеници излегле на местото и го затекнале Р.З.(59) од с.Арнакија, општина Сарај, како потпалува ѓубриште и сува трева во близина на штала со добиток.
Од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје пожарот бил изгаснат, а лицето било лишено од слобода и приведено во полициска станица.
По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Притвор за двајца скопјани – пронајдени оружје и муниција при претреси

Двајца скопјани, И.Х. (33) и С.А. (23), добија кривични пријави за неовластено поседување оружје и муниција, информира МВР.
При претреси во нивните домови биле пронајдени пиштоли, рамки, куршуми и други делови за огнено оружје.
Судија на претходна постапка им одреди мерка притвор од 30 дена.
Црна хроника
Маж од Кумановско загина во сообраќајка меѓу товарно и патничко возило

Вчера околу 12.20 часот во СВР Куманово било пријавено дека на магистралниот пат Куманово- Крива Паланка, кај место викано ,,Ливади“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу товарно возило „ман“ со кривопаланечки регистарски ознаки, управувано од О.П.(48) од Крива Паланка и патничко возило „пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(70) од с.Руѓинце, општина Старо Нагоричане.
Од здобиените повреди на местото починал возачот Б.С., а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.
Извршен е увид од јавен обвинител и увидна екипа на СВР Куманово, соопшти полицијата.