Црна хроника
Кривична за арачиновец, се обидел да подигне кредит со личната карта на брат му
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ш. Б. (39) од с. Арачиново, Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело измама при добивање кредит или друга погодност по член 249 од Кривичниот законик.
На 9.12.2022 пријавениот ја употребил личната карта на својот брат и се обидел да доведе во заблуда вработен во финансиско друштво и на тој начин да подигне кредит во негово име. Лицето не успеало во намерата и по преземените мерки, поднесена му е пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
24-годишник ја претепал мајка му во Охрид
Денеска (12.11.2025) во 06:35 часот на улица „Јане Сандански“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишија 24-годишник од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека физички ја нападнал неговата 50-годишна мајка.
По целосно документирање на настанот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
Црна хроника
Ја истепала мајка си: уапсена 35-годишна жена од Охридско
На 11.11.2026 во 20:00 часот во охридско село, полициски службеници од СВР Охрид лишиле 35-годишна жена.
Полицијата постапила по претходна пријава дека таа физички ја нападнала нејзината 62-годишна мајка, при што употребила и тврд предмет.
Според МВР, по целосно документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
12-годишно дете повредено во Центар – напаѓачот му го оштетил велосипедот
Во полицијата е пријавен напад врз 12-годишно дете што се случил на 11 ноември, околу 15:50 часот, во скопската општина Центар.
Според пријавата поднесена од Г.М. (39) од Скопје, неговиот син бил физички нападнат од лицето Б.Љ., кое по нападот со остар предмет му нанело расекотина и му го оштетило велосипедот.
Детето било веднаш пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што му била укажана лекарска помош.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на мотивите за нападот.

