Свет
(Видео) Ердоган првпат во јавност по тврдењата дека доживеал срцев удар
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска се појави во Истанбул за прв пат во јавноста по четиридневна пауза поради болест, покажуваат телевизиските снимки.
Шефот на државата (69), кој според официјалните информации имал стомачен вирус, изминативе четири дена зборува само преку видео-врска, што покрена прашања за неговата здравствена состојба, две недели пред претседателските избори закажани за 14 мај.
Erdogan emerges from days-long of home rest with Azerbaijan’s Aliyev and Libya’s Dbeibeh at Teknofest, an event which largely promotes Turkish aerial capabilities
— Ragıp Soylu (@ragipsoylu) April 29, 2023
Поради ова во јавноста се појавија тврдења дека доживеал срцев удар, кои брзо беа демантирани.
Сега, четири дена подоцна, Ердоган беше на турнеја на „Текнофест“ на стариот аеродром „Ататурк“ во Истанбул. Турција го претставува тој салон како „најголем во светот“, каде што нејзината воена индустрија ќе ги изложува своите дронови и авиони.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Русија го казни „Гугл“ со 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари
„Гугл“ треба да плати сума од 20.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000.000 долари поради забраната на руските државни медиуми на Јутјуб, одлучи рускиот суд.
Иако „Гугл“ е најбогатата компанија во светот, оваа сума е значително повисока од нејзината вредност од два трилиони долари.
Всушност, таа е поголемa од целиот светски бруто домашен производ, кој Меѓународниот монетарен фонд го проценува на 110 трилиони долари.
Казната стана толку голема затоа што се удвојува секој ден на неплаќање, објави државната новинска агенција „ТАСС“.
Не можам ни да ја изговорам оваа бројка, но апелирам менаџментот на „Гугл“ да внимава, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесе „ТАСС“.
Компанијата сè уште не ја коментирала казната ниту одговорила на прашањата на Би-Би-Си.
Казната која му е изречена на Гугл се однесува на забраната за објавување содржини за 17 руски медиуми на Јутјуб, објави руски РБЦ.
Забраната беше воведена во 2020 година, а потоа се прошири кога почна војната со Украина во 2022 година.
Оттогаш, повеќето американски компании се повлекоа од Русија, додека бизнисот во оваа земја е строго ограничен со санкции.
Руските медиуми се забранети и во Европа, поради што Русија воведе контрамерки.
Казната што ја доби Гугл е продолжение на повеќегодишниот конфликт меѓу Русија и американската компанија.
Роскомнадзор, руското регулаторно тело за медиуми, го обвини Гугл во мај 2021 година за ограничување на пристапот до руските медиуми, вклучувајќи ги Спутник и РТ.
Свет
Уапсен маж поради кражба на сирење од 360.000 евра, лажно се претставувал како дистрибутер и барал 22 тони
Маж (63) е уапсен под сомнение дека е вмешан во кражба на чедар (вид тврдо сирење), вредно 360.000 евра во областа Саутварк во Лондон и е обвинет за лажно претставување и ракување со украдена стока, соопшти денеска полицијата.
Полицијата ја истражува кражбата на сирење од млекарницата Нилс Јард, од која минатата недела измамник побарал да испорача 22 тони сирење, претставувајќи се како легитимен дистрибутер на големо на голем француски малопродажен синџир.
Во соопштението на полицијата се наведува дека осомничениот маж бил одведен во полициска станица во јужен Лондон каде бил сослушан, објави Скај њуз.
Полицијата, исто така, соопшти дека мажот бил ослободен по сослушувањето во очекување на дополнителна истрага.
Млекарницата „Нилс Јард“ објави дека открила дека идентитетот на лицето бил лажен дури откако биле испорачани вкупно 950 сирења, вклучително и три вида занаетчиски сирења: Хафод Велш, Весткомб Чедар и Чедар Пичфорк.
Тие сирења се продаваат по цена од 8,5 до 15,5 евра за мало парче.
Млекарницата Нилс Јард, со седиште во Лондон, продава британски и ирски сирења од 1980-тите и има четири продавници во градот, како и онлајн.
Компанијата додаде дека нивните сирења имаат освоено бројни награди и се меѓу најбараните занаетчиски сирења во ОК, и дека нивната висока парична вредност ги направила „посебна цел на крадците“.
Свет
Зеленски: Украинските и севернокорејските војници ќе се судрат за неколку дена
Украинскиот претседател, Володимир Зеленски, изјави дека очекува судири меѓу севернокорејските и украинските војници за неколку дена, пренесува „Њузвик“.
Во интервју за Корејскиот радиодифузен систем, јужнокорејската национална телевизија, Зеленски рече: „До сега, севернокорејските трупи не учествувале во битки. Тие се подготвуваат да учествуваат во битките во Курск“.
Западните лидери изразија загриженост поради извештаите дека Северна Кореја испратила околу 10.000 војници за да и помогне на руската воена кампања во Украина, што ја зголеми загриженоста дека продлабочувањето на учеството на Пјонгјанг во европската војна може да го дестабилизира Индо-Пацификот, особено влијаејќи на безбедносната динамика која ги вклучува Јапонија и Австралија.
Зеленски потврди дека неодамна разговарал за ова со јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол, предупредувајќи го дека околу 3.000 севернокорејски војници се веќе стационирани во близина на украинската линија на фронтот, со очекувања дека оваа бројка наскоро може да се искачи на 12.000.
Во меѓувреме, портпаролот на американското Министерство за одбрана, генерал-мајор Пат Рајдер изјави во вторникот дека релативно мал број севернокорејски војници пристигнале во рускиот регион Курск, каде што руските сили се борат против украинските контраофанзиви.
Тој додаде дека дополнителен контингент од илјадници моментално е на пат кон областа.