Спорт
Мурињо „експлодираше“ поради судијата: Не сум глупав, снимив се
Рома, во Монца, направи огромен кикс во трката за четвртото место, во Серија А. Избраниците на Жозе Мурињо освоија само еден бод во Монца (1:1) и сега се наоѓаат на седмото место на табелата.
Жозе Мурињо, тренерот на Рома, смета дека судијата Даниеле Чифи не им дозволил на неговите играчи да победата. Мурињо рече дека Чифи е „најлошиот судија што го видел“.
„Ова е најлошиот судија со кој сум се соочил во кариерата. Верувајте ми, тоа е вистина, а сум видел многу, многу лоши судии“, изјави Мурињо и додаде:
„Обично кога зборувам за судиите тоа е затоа што тие имаат директно влијание врз играта. Во овој случај не е така. Тој е само очаен, нема емпатија не сака да слуша никого. Даде црвен картон на играч кој се лизна бидејќи ја загуби силата во 96. минута од натпреварот“, рече Мурињо.
Португалецот направи нешто досега невидено во светот на фудбалот. Бројните казни го принудија да носи микрофон со себе и да снима се што ќе каже во текот на натпреварот.
„Не сум глупав. Носев микрофон и снимав се, од влегување до излегување од теренот. Така се заштитив”, откри Португалецот.
„Велат дека не победуваме кога Даниеле Орсато не суди, но јас би сакал тој да суди на секој натпревар бидејќи човекот има целосна контрола врз ситуацијата, дури и кога ќе направи грешка. Тој е мирен и не е лут. Судијата Чифи е огромен талент во лутина и тоа е се“, изјави Мурињо.
По 33 одиграни кола, Рома се наоѓа на седмото место на првенствената табела. Рома има 58 бода, два помалку од четвртопласираниот Интер.
За само два Рома, во веројатно клучниот меч во сезоната ќе го пречека Интер на „Олимпико“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) „Граѓаните“ зачекорија во финалето на Лига купот
Фудбалерите на Манчестер Сити со „една нога“ се во финалето на Лига Купот на Англија, откако во првиот натпревар од полуфиналето го победија Њукасл на гостински терен со 2:0.
Херој на „граѓаните“ на „Сент Џејмс Парк“ беше Антоан Семењо, новодојденец од Борнмут кој го постигна вториот гол во вториот натпревар за Сити.
Се играше 53-та минута кога брзоногиот крилен напаѓач, на асистенција на Бернардо Силва, постигна гол и, веројатно, го реши ова полуфинале. Десет минути подоцна репрезентативецот на Гана постигна уште еден гол, истиот беше поништен од ВАр собата.
„Граѓаните“ ја потврдија победата и си обезбедија мирен реванш на домашен терен, кога Рајан Шерки постигна гол во 99-та минута.
Реваншот ќе се одигра на 4 февруари на стадионот „Итихад“ во Манчестер.
Лондонските ривали Челзи и Арсенал се среќаваат во второто полуфинале, а првиот натпревар е закажан за среда на стадионот „Стемфорд Бриџ“.
Спорт
Роџерс Мато има договор со Хартс
Фудбалерот на Вардар, Роџерс Мато, по завршувањето на сезоната ќе се пресели во челнот на Премиер лигата на Шкотска, Хартс.
Мато, во Хартс ќе се пресели како слободен играч, бидејќи договорот му истекува по завршувањето на сеозната. Трансферот на Мато го потврди шкотскиот клуб на официјалната интернет страница и социјалните мрежи.
Фудбалерот од Уганда со актуелниот лидер во Шкотска потпишал договор до јуни 2029 година.
Спорт
Мајкл Керик го презеде Манчестер Јунајтед
Неколку дена по оставката што му беше врачена на Рубен Аморим, Манчестер Јунајтед го објави неговиот наследник.
Како што беше објавено, клупата ќе ја преземе Мајкл Карик, кој ќе ги предводи „црвените ѓаволи“ во остатокот од сезоната.
„Мајкл Карик се врати. Нашиот поранешен капитен ќе биде наш главен тренер до крајот на сезоната 2025/26“, се вели во официјалното соопштение.
Карик одигра 464 натпревари за Јунајтед, освојувајќи пет титули во Премиер лигата, ФА Купот, два Лига Купа, Лигата на шампионите, Лигата на Европа и Светското клупско првенство.
Тој се приклучи на првиот тим откако се пензионираше како играч во 2018 година и работеше под водство на Жозе Мурињо и Оле Гунар Солскјер.
По заминувањето на Норвежанецот, Карик го водеше тимот како вршител на должноста менаџер.
Поранешниот англиски репрезентативец последен пат беше вработен во Мидлсбро, кој го водеше две и пол години, од октомври 2022 година.
Foto/ depositphoto

