Македонија
УЈП и Финансовата ја тресат фирмата за часовници „Божиновски“
Управата за јавни приходи и Финансиската полиција спроведуваат голема акција во познатиот продажен бренд за часовници „Божиновски“, дознава „Макфакс“. Се постапува по пријава, а оформен е предмет во Финансиската полиција. Екипа на „Макфакс“ беше на терен во два продажни објекта. Вратите беа затворени, а вработените велат: „Правиме попис“.
Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, за „Макфакс“ посочува дека се прават проверки во синџирот продажни објекти.
„Во сите деловни единици на правниот субјект се врши попис, но повеќе детали не можеме да споделиме во овој момент бидејќи проверките се во тек“, вели Сања Лукаревска, директорка на Управата за јавни приходи.
Горан Иванов, прв човек на Управата за финансиска полиција, посочува дека предметот е оформен по пријава.
„Имаме предмет и инспекторите овие денови постапуваат по него. Предметот е оформен по пријава. Детали не можеме сè уште да изнесеме затоа што во тек се проверките, ќе биде извесно следната недела“, кусо изјави Горан Иванов, директор на Управата за финансиска полиција за „Макфакс“.
Од страна на инспектори се проверува целата документација со која располагаат. Проверките што ги прават двете институции се во пет продажни објекти.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.
Македонија
Следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд
Променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Времето во наредните денови
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.

