Македонија
Покачувањата на функционерите ќе трошат 80 милиони денари месечно од парите на граѓаните
Државата ќе мора секој месец да наоѓа приближно 80 милиони денари месечно за да ги исплати новите покачени плати на функционерите. Ова е процената на министерот за финансии Фатмир Бесими, кој рече дека покачувањата ќе бидат за речиси 1.000 функционери, меѓу кои политичари, обвинители, директори, пратеници.
„Не сме имале начин како да дознаеме за одлуката на Уставен суд. Речиси 1.000 функционери се во прашање. Приближно 80 милиони денари на месечно ниво, на годишно се 960 милиони денари“, рече Бесими.
Парите се непланирани. Ќе се крати од други места, но не се кажува од кои буџетски ставки.
„Се врши пренамена од други позиции. До крајот на годината, во однос на ова законско решение, ќе треба да го примениме законот. Секоја институција треба да си направи пресметка. Овие пари ги нема во буџетот бидејќи не е план на Владата, туку одлука на Уставниот суд“, вели Бесими.
Иако постоеја најави дека ќе има напори платите да не се зголемат 78 отсто со одлуката на Уставниот суд – тоа не се случи.
Претходно, Груби се пожали дека, и покрај зголемувањето, има најмала плата, Бектеши не сакаше да каже колку зел оти не бил на училиште.
Досега во Собранието нема предложени измени на законот, со кој ќе се спречи енормното зголемување на платите за избраните и именуваните функционери.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
СДСМ: МВР итно да постапи, запален е автомобилот на претседателот на Општинската организација Кривогаштани
СДСМ објави дека најостро го осудува вандалскиот чин и палењето на возилото на претседателот на Општинската организација Кривогаштани, Антонио Симоноски.
Партијата бара од МВР и сите останати надлежни институции веднаш да постапат, да ги пронајдат сторителите и да ги изнесат пред лицето на правдата.
„Надлежните органи мора да утврдат и дали овој напад е политички мотивиран, особено што Симоновски немал никакви недоразбирања со било кого. Очигледно неспособноста на МВР и партизацијата којашто се случува во институциите, ги охрабрува насилниците“, велат од СДСМ.
Потсетуваат дека во изминатиот период имало серија на инциденти со запалени возила дури и на полицајци.
Македонија
Претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег, попладне облачноста ќе се намали
Времето денеска, претпладне променливо облачно, претежно во западните делови со повремен снег. Попладне облачноста ќе се намали. Уште од ноќта ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец (над 70 km/h) и засилен ветер особено долж Повардарието ќе има до крајот на денот. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 2 до 11 степени.
Во Скопје претпладне променливо облачно, од пладне сончево. Ќе дува умерен, во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 9 степени.
Утре во претпладневните часови времето ќе биде променливо облачно со повремен снег претежно во западните делови. Уште од преку ноќта ќе дува умерен, а особено долж Повардарието засилен северен ветер (над 70 km/h).
Во деновите потоа времето ќе биде стабилно и тивко со ниски утрински температури и со услови за појава на магла по котлините.
Македонија
(Видео) Прокисна инвестицијата од 350 милиони евра, со кофи се собира дождовница во трговскиот центар„Дајмонд“
Со кофи вечерва се собираше вода дождовница на последниот кат од трговскиот центар „Дајмонд“„
Центарот чија проектна вредност како што беше најавено при неговото отворање достигнува 350 милиони евра и нуди вработувања за над илјада лица од разни сектори попушти по вечерашниот дожд кој во попладневните часови го зафати главниот град.
Одговорните своевремено преку него најавија инвестиција од која ќе живне економијата и ќе се отворат нови работни места.