Спорт
Јувентус го купува клучниот тандем на Наполи
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/05/esult_gol_Osimhen_ICA_6684.jpg)
Спортскиот директор на Наполи, Кристијано Џунтоли и шефот на скаут службата на новокрунисаниот шампион на Италија, Маурицио Микели, од следната сезона ќе бидат во Јувентус. Така, „старата дама“ ги „ограби“ ривалите од југот, земајќи им ги клучните луѓе задолжени за спортската политика на клубот, кои имаат огромни заслуги за шампионската титула.
Наполи загуби неколку клучни играчи како Лоренцо Инсиње и Калиду Кулибали во текот на летото, но тимот стана поконкурентен и покрај тоа. Најголема заслуга за тоа имаат Џунтоли и Микели, кои ги направија одличните трансфери на Квича Кварацкелија и на Ким Мин-Јае, а претходно доведоа играчи како Виктор Осимен, Франк Замба-Ангиса, Елиф Елмас…
Наводно, Џунтоли и покрај добрата работа немал добри односи со сопственикот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис, што секако придонело за разделбата. Постои можност неговото доаѓање во Торино да значи и отказ за тренерот Масимилијано Алегри.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Спорт
Заврши ЕП за Филип Костиќ
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12304166.jpg)
Репрезентативецот на Србија, Филип Костиќ го заврши учеството на Европското првенство поради повреда на коленото, тврдат медиумите во оваа земја.
Костиќ се повреди против Англија, натпреварот го заврши во 41.минута. Реакцијата на фудбалерот откако беше заменет говори дека повредата не е наивна.
Костиќ со солзи во очите го напушти теренот.
„Во понеделник ќе оди на сминање. Можеби е посериозно повреден. Чувствуваше болка во надворешниот дел на коленото“, рече по завршувањето на мечот со Англија, српскиот селектор Драган Стојковиќ.
Спорт
Тен Хаг: Саутгејт лошо го постави мечот со Србија
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/12304309.jpg)
Менаџерот на Манчестер јунајтед, Ерик тен Хаг, за една холандска телевизија направи анализа на натпреварот Англија-Србија. Англичаните не играа добро но сепак победија со 1:0.
„Во првото полувреме уживав само во играта на Белингем. Ја водеше Англија, играше на повисоко ниво од останатите играчи. Англичаните играа многу пасивно. Константно се враќаа назад ѝ дозволија на Србија да напаѓа“, рече Тен Хаг.
После тоа, човекот кој ќе остане на „Олд Трафорд“ и следната сезона го критикиваше англискиот селектор, Герет Саутгејт за начинот на на кој го подготвил натпреварот. Саутгејт.
„Англичаните поведоа со 1:0, а потоа Саутгејт реши да се коцка затоа што не напаѓаше, туку и дозволи на Србија да ја контролира играта, а во нападот ако се укаже шанса да направи нешто тогаш во ред, ако не никому ништо“.
Спорт
Крај на сагата, Хезоња останува во Реал
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/06/b0fb160b-hezonja-real-olympiacos.jpg)
Капитенот на кошаркарската репрезентација на Хрватска, Марио Хезоња останува член на Реал Мадрид.
Главна вест на водечкиот шпански спортски медиуми „Марка“, среде Европското првенство во фудбал етрансферот на Хезоња. Според овој извор тој решил да го продолжи договорот со Реал Мадрид.
Тоа значи дека сагата конечно заврши и дека Хезоња нема да ги засили Барселона, Панатинаикос или Партизан и нема да се обиде повторно во НБА лигата.
На Барселона не и се допадна неговото однесување, односно неговите изјави по освојувањето на шампионската титула во Шпанија, поради што „клупските челници го искинале договорот со Хезоња.
Како и да е, хрватскиот репрезентативец сакаше се да реши пред почетокот на квалификациите за Олимписките игри и успеа во тоа.
Што се однесува до Барселона, тие го решија горливиот проблем со ангажманот на капитенот на Партизан, Кевин Пантер.