Политика
Заев го повика Иванов да му ја повлече аболицијата за „Глобал“
Лидерот на опозицијата Зоран Заев, го повика Претседателот Ѓорге Иванов, доколку постои уставна или законска можност да повлече аболиција од пред осум години, тоа да го направи веднаш.
„Криминалот за ТЦ Глобал е само во главата на Никола Груевски“, рече Заев, одговарајќи на новинарско прашање во вторник на прес-конференција.
Тој појасни дека тоа е еден од првите успешни проекти во републиката, каде се вработени многу струмичани. Потенцира дека е повеќепати наградуван, а криминалот за кој се сомничеше Заев дека преку изградбата на „Глобал“ украл 8,5 милиони евра, според него, не постои.
Глобал е градски пазар кој се наоѓа во Струмица. Објектот започна да се гради на 18-ти јули 2006 година, а беше завршен во 2008 година. Трговскиот центар во чиј склоп се наоѓа првата катна гаража со капацитет од 380 возила, зафаќа површина од 3.400 квадратни метри, а вкупната корисна површина е 40.000 квадратни метри. Вкупната инвестиција на проектот чинела 14.000.000 евра.
По изградбата на објектот, во 2008 година поради можност за злоупотреба на службената положба во врска со изградбата на трговскиот центар беа уапсени градоначалникот на Општина Струмица, Зоран Заев заедно со уште петмина негови соработници. Случајот се заврши по аболицијата потпишана од страна на тогашниот претседател Бранко Црвенковски, со кое Зоран Заев и неговите соработници беа ослободени./крај/мф/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Николоски: Во четврта изборна единица ВМРО-ДПМНЕ предвидува инфраструктурно поврзување, поддршка на земјоделието и воспоставување на ред во државата
„Во четвртата изборна единица предвидуваме како и на државно ниво враќање на редот во државата и воспоставување на функционална правна држава“, истакна Александар Николоски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 4 во јавување во емисијата „Стадион“ на Канал 77.
„Во четворката предвидуваме и инфраструктурно поврзување тука е пред експресниот пат Прилеп – Градско кој што седум години актуелната власт не успеа да го заврши. Понатака автопатско решение на Прилеп до Битола и граница со „Меџитлија“, значи нешто плус од ова што се предлага имајќи в предвид дека ние нема да бараме како Артан Груби провизии од 20% и од прилика е толку разликата. Ние не планираме да бараме провизии значи ќе има простор за повеќе да се изгради“, појасни Николоски.
Николоски додаде дека третиот фокус во изборната единица 4 е земјоделието. Најголем дел од земјоделското производство во Македонија е токму во изборната единица 4. За тука се предвидени значајни работи кои што сака идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ да ги направи, и во делот на производството на тутун, и во делот на производство на грозје и вино, во делот на раноградинарски култури, праски итн.
„Во однос на помалите политички партии кои што имаа свои претседателски кандидати очекувам нивните гласачи затоа што беа проопозициски кандидати да гласаат за Гордана Силјановска Давкова во вториот круг. И на тој начин да имаме успешни претседателски избори и Гордана да стане претседател“, повика Николоски.
Тој посочи дека со идната Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ започнуваат промените во Македонија, време е за проекти кои ќе се од корист за граѓаните и државата.
Македонија
Мојсоска: Усеини уништува антифашистичко наследство додека СДС и ДПМНЕ молчат
Од локацијата кај познатата Бела куќа на ул. ,,Димитар Влахов” бр. 9 во Охрид, од каде бескруполозно беше тргната плочата од НОБ, Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, Јована Мојсоска истакна:
,,Овој културен објект беше уништен од страна на локалниот шериф, Нефи Усеини. Плочата на АСНОМ каде пишува за осудените антифашисти од страна на бугарскиот окупатор, беше тргната пред месец дена. Од градоначалникот Пецаков нема никаква реакција додека се уништува антифашистичкото наследство од страна на поранешниот функционер на ДУИ”.
Мојсоска се наврати кон 2019 година кога беа силни обвинувањата на ВМРО – ДПМНЕ кон Усеини. Според Мојсоска, наспроти тоа, се испоставува дека коалицијата ДПМНЕ – ДУИ сега е уште посилна, благодарение на заедничките бизнис – интереси.
,,Ќе потсетам дека во 2019 година, токму ВМРО-ДПМНЕ обвинуваше дека Усеини го тероризира Охрид. За жал, Охрид го губи својот автентичен изглед, иако за овој објект има Решение за уривање. Институциите молчат, молчи и Министерството за култура кое е раководено од социјал-демократите”, додава Мојсоска за криминалот на поединците и молкот на институциите.
Јована Мојсоска како Носителот на ИЕ5 и Генерален секретар на Левица, порачува:
,,Затоа на 8 мај, да заокружиме број 5, за да ставиме ред во безредието и закон во беззаконието!”
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција
ДУИ се обидува да поткупува гласачи дури и во верски објекти, залудни сценарија, секако ќе одат во опозиција, велат ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
– Функционери на ДУИ се забележани дури и во места како Виница, Кочани, Берово, Делчево каде во верски објекти со полицајци се обидуваат да поткупуваат гласачи. Со ова се обидуваат да освојат голем резултат, мислејќи дека така ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да седне со нив, но се лажат. ДУИ оди во опозиција и со тоа треба да се помират. Залудно е и полнењето кутии. Примерите кои се нотирани во Липково, не им помогнаа во првиот круг, нема ниту сега во вториот. Времето кога го купуваа гласот на народот завршува. Време е Македонија да ја вратиме на народот. Македонија повторно твоја, – додаваат од партијата.