Економија
Fashion Group и Sport Vision Garage Sale: неодоливо ниски цени за стилска сезона!

Од 10-ти до 13-ти мај Fashion Group и Sport Vision организираат заедничка Garage Sale распродажба во населба Аеродром, веднаш наспроти висококатниците.
Во рамки на истата, познатите компании ќе понудат дел од својот асортиман по неодоливо ниски цени, сосема навреме за стилски старт на топлата сезона.
Како и секогаш, брендовите на компаниите ќе понудат висококвалитетни и удобни парчиња по изненадувачко намалени цени.
Сега е одлично време да инвестирате во добри чевли, стилски парчиња облека, шик модни додатоци, супер удобни патики и сето тоа со потпис на вашите омилени брендови како Replay, Timberland, Levi’s, Superdry, Guess, Tommy Hilfiger, Calvin Klein, Adidas, Nike, New Balance, Champion, Umbro и многу други.
Посетителите на заедничката распродажба на Fashion Group и Sport Vision ќе можат да уживаат во шопингот, добивајќи многу повеќе за многу помалку, со оглед на одличните цени на понудените производи.
Она што претставниците на двете компании го посочуваат е дека понудата ќе биде исклучителна и ќе има за секого по нешто – совршени модели на спортска опрема за авантуристите, супер стилски парчиња како фармерки, фустани, јакни за сите трендсетери, но и екстра удобни обувки за дополнување на вашите култни аутфити.
Секогаш познати по тренди колекциите на популарните брендови, Fashion Group и овојпат освојува со одличната понуда од селектирани парчиња од брендовите на Fashion&Friends, Timberland, Superdry, Levi’s, креирана за да го задоволи вкусот на секој профил, а истото е случај и со Sport Vision како компанија која долги години на пазарот го нуди најквалитетното кога станува збор за спортски парчиња.
Локацијата е и повеќе од одлична, па обидете се оваа среќна среда да ја направите уште поубава и одберете ги вашите фаворити од одличниот асортиман на двете компании, специјално креиран за сите лојални клиенти и обожаватели на брендовите.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.