Македонија
Почна капиталниот проект за обнова на улиците во 11 Октомври – бараки во Кисела Вода
Со градежните активности на улицата Петар Драпшин во општина Кисела Вода почна големиот проект за санација на улиците во населбата 11 Октомври – бараки. Се работи за зафат што ќе опфати повеќе од 11.000 квадратни метри површина и ќе донесе подобрување на условите за живеење на жителите што чекаа 30-ина години на оваа активност. За рехабилитацијата на „Петар Драпшин“ средствата се обезбедени од проектот за поврзување локални патишта, кој се реализира од страна на Министерството за транспорт и врски со финансиска поддршка од Светската банка. Покрај оваа, со реконструктивни зафати Општина Кисела Вода ќе ги опфати и улиците Ефтим Спространов, Лазар Димитров и Лав Tолстој.

„Извршивме увид во почнувањето на градежните зафати на улицата Петар Драпшин, со чија санација на површина од 8.000 квадратни метри почнува големиот проект за обнова на улиците во населбата 11 Октомври – бараки. Рехабилитацијата на оваа клучна сообраќајна артерија опфаќа санација на коловозот и тротоарите, што е барање и потреба на жителите веќе 30 години. За оваа значајна градежна активност сакам да му се заблагодарам на Министерството за транспорт и врски, преку чиј проект се обезбеди финансиската поддршка од Светската банка. Подобрувањето на локалната патна инфраструктура е значаен сегмент од развојот на секоја заедница и убаво е кога ќе се најде заеднички јазик за решение на ваков децениски проблем. Паралелно, Општина Кисела Вода ќе санира и други улици во населбата 11 Октомври – бараки. Нов асфалт и тротоари ќе добијат и ‘Ефтим Спространов’, ‘Лазар Димитров’ и ‘Лав Tолстој’. Се работи за градежна интервенција со вкупна површина од речиси 1.1000 м2. кои ќе бидат завршени за приближно три месеци и ќе овозможат нов подобрен лик на улиците и ќе ги направат побезбедни за одвивање на сообраќајот. Дополнително, ќе поставиме и ново модерно штедливо осветление. Досегашните живини ќе ги замениме со ЛЕД-светилки. Како што најавив во текот на вчерашниот ден, ја продолжуваме традицијата со крупни инфраструктурни проекти да ја комплетираме прославата на значајните настани во општина Кисела Вода, па, така, и овој проект е првиот од неколкуте капитални, кои во седмицата што е пред нас ќе ги промовираме во рамките на одбележувањето на патрониот празник 6 Мај“, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски при увидот во почнувањето на градежниот зафат на улицата Петар Драпшин.

Инаку, вчерашниот ден, патронатот на Кисела Вода, беше исполнет со најразновидни содржини за сите генерации. Паркот „Македонија“ беше полн со посетители од утрото до вечерта. За најмладите настапија Биби од „Светот на Биби“, „Поточиња“ и танчарите од „Данса латина Стефи“, а повозрасните во вечерните часови уживаа во хуморот на Атанас и Тино, како и во журката што потоа до крајот на вечерта ја приреди ДЈ Напстер. Инфраструктурните проекти, пак, што ќе се реализираат во склоп на одбележувањето на 6 Мај, ќе продолжат во текот на целата седмица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост на патниот правец Тетово – Скопје, врнежи од снег на Попова Шапка
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, извести АМСМ.
Врнежи од снег со среден интензитет се бележат на Попова Шапка, но во моментов не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот. На планинскиот превој Пресека се бележат слаби врнежи од дожд и снег – (лапавица).
Намалена видливост поради појава на магла до 100 метри има на патниот правец Тетово – Скопје.
Сите патни правци во државата се проодни.
.Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја денеска делови од Аеродром, Карпош и Илинден
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во период од 08:30 до 13:30 часот дел од корисниците на улиците 8 и 11 Белимбегово, општина Илинден;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од потрошувачите од улицата Струма, општина Карпош;
– во период од 09:00 до 11:00 часот дел од корисниците на булевар Јане Сандански бр. 30, општина Аеродром.
Македонија
Претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд
Облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Во југоисточните делови ќе има врнежи од дожд (над 20 l/m²), а на повисоките планини во северозападните делови врнежи од снег. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 8 до 14 степени.
Во Скопје, претежно облачно со услови за повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Следува период на променливо облачно до сабота и релативно топло време со повремени врнежи од дожд кои наместа ќе бидат пообилни. Во текот на ноќва во југоисточните делови ќе наврне над 20 l/m², а во петок поинтензивни врнежи ќе има во крајните западни делови. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер. Од недела ќе настапи заладување и врнежи од снег се очекуваат на планините и во некои од повисоките места.

