Европа
Се одбележува 9 мај – Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Денеска се одбележува 9 мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа.
Денот на победата над фашизмот се одбележува од 9 мај 1945 година кога со капитулацијата на нацистичка Германија заврши Втората светска војна во Европа.
Безусловната капитулација на Германија беше потпишана во Берлин од фелдмаршалот Вилхелм Кајтел, маршалот Георги Жуков во име на СССР и британскиот генерал Артур Тедер во име на западните сојузници. Со ова формално заврши Втората светска војна во Европа.
Деветти мај се слави и како Ден на Европа бидејќи на тој ден во 1950 година францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, објави декларација, со која повикува на воспоставување нов поредок, без конфликти меѓу европските земји.
Следната година беше формирана Европската комисија за јаглен и челик, која потоа прерасна во Европска економска заедница, а во 1991 година во Мастрихт беше прогласена Европската Унија.
Во Милано, во 1955 година, беше одлучено 9 мај да се слави како Ден на Европа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
Трамп ја одби понудата на ЕУ: „Не, тоа не е доволно“

Актуелниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека Европската унија мора да се согласи да купи американска енергија во вредност од 350 милијарди долари ако сака да ги избегне широките царини наметнати од неговата администрација.
Така тој ја отфрли понудата на Брисел за укинување на царините за автомобили и индустриски стоки.
Вчера вечерта, на прес-конференција во Белата куќа, Трамп реагираше на изјавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, која претходно истиот ден рече дека ЕУ е подготвена да ги укине сите царини за увоз на автомобили и индустриски производи од САД, доколку Вашингтон го стори истото.
Запрашан од новинарите дали смета дека таа понуда е доволна за да се намалат тарифите, Трамп рече: „Не, не е“.
„Имаме дефицит од 350 милијарди долари со Европската унија и тој брзо ќе исчезне“, рече Трамп. „Еден начин тоа брзо и едноставно да исчезне е тие да мораат да ја купуваат нашата енергија… ако ја купат, можеме да ги извадиме тие 350 милијарди за една недела. Тие мора да купат и да се обврзат да купат еднаква вредност на енергија“.
Фон дер Лајен ја даде понудата откако Трамп минатата недела воведе царини од 20 отсто за производите на ЕУ, како и најмалку 10 отсто за стоки од други трговски партнери. Како одговор, глобалните пазари загубија трилиони долари, а европските берзи во понеделникот го забележаа својот најголем еднодневен пад од почетокот на пандемијата со „Ковид-19“.
Европа
Зеленски за прв пат потврди дека украинските сили се наоѓаат во руската област Белгород

Украинскиот претседател Володимир Зеленски за прв пат потврди дека украинските трупи се активни во рускиот регион Белгород за да ги заштитат украинските градови во близина на границата.
Украинските сили останаа во делови од соседната руска област Курск осум месеци по прекуграничниот упад, иако руските сили повторно зазедоа голем дел од изгубената територија.
Во своето ноќно видео обраќање, Зеленски рече дека украинскиот врховен командант Олександр Сирски презентирал извештај за присуството во руските региони Курск и Белгород.
„Продолжуваме со активните операции во пограничните области на непријателот и тоа е апсолутно оправдано. Нашата главна цел останува иста – да ја заштитиме нашата земја и нашите заедници во регионите Суми и Харков од руските окупатори“, рече Зеленски.
Тој се осврна и на операциите на украинскиот 225-ти јуришен полк во областа, честитајќи и на единицата за нејзината изведба.
Зеленски го повтори долгогодишното тврдење на Киев дека, и покрај тоа што Русија ги врати областите на Курск во последниве недели, операцијата беше успешна бидејќи ги повлече руските сили од главната линија на фронтот во украинскиот регион Доњецк.
Европа
Идниот германски канцелар за падот на берзите: Драматично е, а може да биде и полошо

Фридрих Мерц, шефот на германската ЦДУ, кој се очекува да ја преземе функцијата германски канцелар, предупреди дека ситуацијата на светските пазари на акции и обврзници може дополнително да се влоши.
„Пазарите се во драматична состојба, што се заканува со понатамошна дестабилизација“, рече Мерц во изјава за „Ројтерс“.
Тој нагласи дека сега „е поважно од кога било Германија што побргу да ја врати меѓународната конкурентност“, а ова прашање треба да биде во центарот на коалициските преговори на неговата конзервативна опција со социјалдемократите.
Мерц се залага за пониски даноци, намалување на бирократијата и пониски цени на енергијата.
Утрово продолжи насилниот пад на светските берзи. Кон средината на минатата недела американскиот претседател Доналд Трамп ги потресе објавувајќи повисоки царини на увозот од очекуваното.
Додека Кина возврати со контрамерки, инвеститорите стравуваат од ескалација на царинската војна, нарушувања во меѓународната трговија, зголемување на инфлацијата и забавување на растот на најголемите економии, па дури и рецесија.
Поради тоа, цените на акциите утринава остро паднаа на азиските берзи, но и на европските.