Регион
Боровчанин за масакрот во Србија: „Се смрзнав, мислев дека на носилката е ќерка ми“

Бојан Боровчанин, помошник на директорот на КЦ на Србија за општи безбедносни работи, бил на самото место во Ургентниот центар кога било донесено рането женско лице од ОУ „Владислав Рибникар“. Како што рече во својата изјава, поради сè она што го видел при носењето пациенти, веднаш сфатил дека во училиштето владее ужас.
Посебен стрес доживеал кога видел ранета девојка, која била облечена како ќерка му, бидејќи мислел дека ја носат неа.
„Работам како помошник-директор на ЦК на Србија за општи работи и безбедност и добивме информација дека во Врачар имало пукање и дека има многу убиени деца и многу ранети. Во тој момент истрчав до Ургентниот центар и по неколку минути, пристигна брзата помош со рането девојче“, вели Боровчанин.
Девојчето што го извлекле имало панталони и боја на коса како ќерка му, а работникот што ја носел повраќал и плачел, сведочеше Боровчанин.
„При носењето на девојчето видов слични панталони и иста боја на коса како мојата ќерка. Се смрзнав, но дојдов поблиску и видов дека тоа не е моето дете. Но, тоа чувство, момент на страв и болка… Кога ќе видите дека работникот што бил на местото на злосторството излегува од возилото и повраќа и плаче, тоа беше мојата прва слика дека таму има ужас“, вели тој.
Тој не бил единствениот родител што си го барал своето дете.
„Зборував со докторот што го однесе неговото дете таму. Моли се на бога детето да е во болница и да го најдеш бидејќи, ако не го најдеш, значи дека е мртво“, вели Боровчанин за „Прва“.
13-годишниот ученик од основното училиште „Владислав Рибникар“ во Врачар уби осум ученици од тоа училиште и чуварот Драган Влаховиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Парламентарни избори во Албанија, Рама се бори за четврти мандат, а Бешира за враќање на власт по 12 години

Албанците денес гласаат на 11, парламентарни избори по падот на комунистичкиот режим. Право на глас имаат 3.721.116.
Лидерот на Социјалистичката партија Еди Рама, кој е премиер од 2013 година се бори за четврти мандат, а Сали Бериша, поранешен премиер и лидер на Демократската партија, се надева на враќање на власт по 12 години.
На овие избори, првпат, ќе гласа и албанската дијаспора. Прифатени се апликации на 245.93 лица надвор од земјата.
Во 12 изборни единици, на 5.225 избирачки места Албанците гласаат за 140 нови пратеници.
Регион
Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежел пред хотел

Саша Мирковиќ, српски претприемач, музички продуцент и сопственик на „Хајп телевизија“, бил претепан пред хотел во центарот на Загреб, објавија српските медиуми.
Според нивните наводи, Мирковиќ и уште еден маж се сретнале на влезот во хотелот, по што дошло до вербален конфликт кој прераснал во физичка пресметка. Српски Телеграф објави снимки на кои се гледа како крвавиот Мирковиќ лежи на тротоарот, веднаш по тепачката.
Набрзо пристигнала брза помош и го однела во болница.
Регион
70-годишен маж почина во Хрватска: бил силуван и претепан од 36-годишник

Седумдесетгодишен маж од Чаковец, кој бил нападнат на почетокот на март, починал пред неколку дена во болница, пренесуваат хрватските медиуми. Нападот се случил на 8 март кога 36-годишен познаник го намамил во напуштена куќа во Чаковец, каде што го силувал, претепал и ограбил под закана со нож.
И покрај сериозните повреди, човекот успеал сам да стигне до болницата во Чаковец, каде што лекарите го прегледале и го пуштиле дома. Следниот ден отишол да го пријави злосторството во полиција, и повторно бил однесенво болница. Сепак, тој бил отпуштен по втор пат бидејќи лекарите процениле дека нема потреба да го задржат.
Семејството е огорчено од начинот на кој болницата постапила во случајот, истакнувајќи дека човекот бил во сериозна состојба и двапати бил отпуштен дома и покрај сериозните повреди на главата.
На крајот бил хоспитализиран во болница, каде што ги поминал последните денови од својот живот, пишуваат тамошните медиуми.
Напаѓачот, кој веќе ѝ бил познат на полицијата, бил уапсен кратко време по инцидентот. Тој е обвинет за силување и грабеж.
Канцеларијата на државниот обвинител на округот Вараждин, исто така, се огласи за случајот. Портпаролот Дарко Галиќ потврди дека истрагата е сè уште во тек.
„Со оглед на смртта на жртвата, ова повеќе не е кривично дело обид за убиство, туку убиство. Обвинетиот е во притвор. Истрагата ќе ги опфати потребните вештачења и други доказни дејствија, врз основа на кои ќе се донесе одлука за понатамошниот тек на постапката“, рече Галиќ.