Контакт

Европа

(Видео) Путин од Црвениот плоштад: Поведена е вистинска војна против нашата татковина

Објавено пред

Во Москва се одржува воена парада по повод 78-годишнината од победата над фашизмот, а на парадата на Црвениот плоштад присуствува и претседателот на Русија, Владимир Путин.

dobivaj vesti na viber

Откако Шојгу го поднесе својот извештај, Путин застана на говорницата и ги поздрави војниците, гостите и граѓаните, јавуваат светските медиуми.

„Денес, цивилизацијата повторно е на пресврт, почна вистинска војна против нашата татковина, но ние ќе ја обезбедиме нашата безбедност“, рече Путин.

Тој додаде дека Русија се залага за мирна и стабилна иднина.

„Секакви идеологии за супериорност се недозволиви“, рече Путин.

„Западните елити зборуваат за својата ексклузивност, си играат со луѓето и предизвикуваат крвави конфликти, сеат русофобија и агресивен национализам“, изјави првиот човек на Русија.

Како што истакна, „Западот заборави кој го победи монструозното глобално зло“.

Според Путин, „Украинците станаа заложници на криминалниот режим, преговарачки инструмент во нивните сурови и платенички планови“.

Тој го обвини Западот дека предизвикува конфликти и револуции уништувајќи ги вредностите.

„Ние одиме по стапките на нашите претходници. Се грдееме на нашите војници, оние што се борат на линијата на фронтот“, рече тој и додаде дека од нив зависи иднината на земјата и на народот.

„Нема ништо на светот посилно од нашата љубов кон татковината. Да живее Русија, нашата армија, победата“, го заврши својот говор Путин.

На парадата присуствуваат и лидерите на Белорусија, Киргистан, Таџикистан, Узбекистан, Ерменија и на Казахстан.

На плоштадот ќе продефилираат единици на вооружените сили на Руската Федерација, единици на Националната гарда, Федералната служба за безбедност, Министерството за вонредни ситуации и други структури.

Познато е дека на парадата, како и пред една година, ќе присуствуваат единици вклучени во руската воена операција во Украина. 78-годишнината од победата во големата патриотска војна ќе се слави во сите руски региони, пренесе агенцијата ТАСС.

Европа

(Видео) Русија: Украина го нападна нашиот брег на Црното Море

Објавено пред

Русија во петокот објави дека Украина го нападнала нивниот брег на Црното Море во близина на Сочи со ракети и беспилотни летала.

dobivaj vesti na viber

Градоначалникот на Сочи, туристичка дестинација на источниот брег на Црното Море, објави дека украинскиот напад е запрен.

Жителите на градот, кој беше домаќин на Олимписките игри во 2014 година, објавуваа на социјалните мрежи за тревогите и експлозиите. Градоначалникот ги повика луѓето да ги избегнуваат плажите и крајбрежните области и да побараат засолниште.

Локалните медиуми објавија дека сообраќајот на меѓународниот аеродром во Сочи е привремено запрен. Нема непосредни извештаи за штети.

Руското Министерство за одбрана соопшти дека 32 украински дронови биле пресретнати над Кримскиот полуостров.

Службениците изјавија дека немало штета на електраните или прекини во снабдувањето со електрична енергија.

Германската новинска агенција ДПА цитира непотврдени извештаи и видеа на социјалните мрежи дека голем објект за складирање нафта во Симферопол, Крим, бил погоден.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

(Видео) Експлозија во станбена зграда во Букурешт: две лица загинаа, 12 сповредени

Објавено пред

Силна експлозија потресе осумкатна станбена зграда во Букурешт.

dobivaj vesti na viber

Според првичните извештаи од властите во романската престолнина, две лица загинаа, а 12 други се хоспитализирани, објави „Ројтерс“.

Експлозијата искрши прозорци во блиското средно училиште и уништи неколку станови на петтиот и на шестиот кат од зградата.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Европа

Путин го свика Советот за безбедност на Русија по разговорите со Трамп

Објавено пред

Рускиот претседател Владимир Путин свика состанок на моќниот Совет за безбедност на Русија по телефонскиот разговор со американскиот претседател Доналд Трамп, објавија денес руските новински агенции повикувајќи се на помошникот на Кремљ, Јуриј Ушаков.

dobivaj vesti na viber

Според Ушаков, Путин детаљно ги информирал членовите на Советот за безбедност за разговорот со Трамп.

Трамп и Путин се согласија в четврток да одржат уште еден самит за војната во Украина, изненадувачки потег што дојде откога најавата за нова американска воена поддршка за Киев предизвика загриженост во Москва.

Во Русија, Советот за безбедност е клучно тело за донесување одлуки за најважните прашања за националната безбедност на Русија.

фото: принтскрин

Прикажи повеќе...

Најново

Топ49 минути

Возел со 3,32 алкохол во крвта и направил сообраќајка

Кавадарчанец бил лишен од слобода, со 3,32 промили алкохол во крвта управувал возило и учествувал во сообраќајка, информираа денеска од...

Македонија1 час

ДИК: Вкупно 8.848 болни или немоќни лица денес можат да го остварат своето право на глас

Денес се спроведува гласањето на болните или немоќни лица, лицата кои се на издржување на казна затвор или се во...

Македонија3 часа

ОЈО Струга отвори предмет за спомен-куќата на Владо Малески

Основното јавно обвинителство Струга оформило предмет во врска со уривањето на спомен-куќата на Владо Малески, при вршење градежни работи во...

Македонија3 часа

Куманово со најмногу гласачи 94.041, Лозово со најмалку 1.905

Право на глас на осмите Локални избори 2025 в недела имаат 1.832.415 гласачи, од кои 1.717.803 во земјата и 112...

Македонија5 часа

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк

Од ноќеска на полноќ заклучно со 19:00 часот на 19 октомври е изборен молк. Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски...

Регион17 часа

Трета жртва од тешката сообраќајка во Сремска Митровица – почина за време на операцијата

Уште едно лице загинало по сообраќајната несреќа што се случи денес во Сремска Митровица, кога автобус се преврте и излета...

Свет20 часа

Трамп: Царината од 100 отсто за кинеска стока не е одржлива, но бев принуден на тоа

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека неговата најавена царина од 100 проценти на кинеска стока не е одржлива, но дека...

Македонија20 часа

Контролорите за летање нема да штрајкуваат, но обвинуваат за незаконска одлука и лоши услови за работа без вода и систем за греење

Струковиот синдикат на контролори на летање на Македонија соопшти дека ќе ја почитува одлуката на Граѓанскиот суд во Скопје со...

Македонија22 часа

Одобрено обвинението против сопственикот на фирмата за обезбедување на „Пулс“

Кривичниот суд информира дека е одобрено и второто обвинение за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, со што предметот преминува...

Топ23 часа

Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување...

Топ23 часа

Пукање во Ѓорче Петров, жител пријавил дека му е скршен прозорецот од дневната соба, а во куќата нашол две зрна од оружје

Доцна синоќа во 03:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 02:50 часот, додека бил во неговиот...

Македонија1 ден

Се гледаме во вториот круг, рече Шукова и повика недела да биде празник на демократијата и на слободата на одлучување

Кандидатката за градоначалничка на Скопје од СДСМ, Каја Шукова, ја заокружи кампањата за првиот изборен круг со повик до граѓаните...

Македонија1 ден

Секој изгубен ден во политички престрелки е изгубена можност за Скопје, в недела масовно да излеземе, повика Ѓорѓиевски

На последниот ден од изборната кампања за првиот круг на локалните избори, кандидатот за градоначалник на Скопје од ВМРО- ДПМНЕ,...

Македонија1 ден

Андоновски: Македонија добива современ и сеопфатен план за дигитален развој

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска ја претстави новата Национална стратегија за информатичко-комуникациски технологии – „СМАРТ/МК 2030“, со што,...

Свет1 ден

Нема моќно оружје за Украина: Трамп ја менува приказната по разговорите со Путин

Американскиот претседател Доналд Трамп денес ќе го угости украинскиот претседател Володимир Зеленски во Белата куќа, но има сè повеќе знаци...

Македонија1 ден

(Фото) Министерот за здравство се вакцинира против грип: Апелирам граѓаните навреме да се заштитат

Министерот за здравство Азир Алиу денеска го посети одделението за епидемиологија во Гостивар, каде и тој прими вакцина против сезонскиот...

Европа1 ден

(Видео) Русија: Нападнавме украински аеродром, каде што беа стационирани авиони на НАТО

Руските сили извршија напад врз воениот аеродром во Криви Рих, каде што наводно биле стационирани авиони на НАТО, објави руската...

Свет1 ден

Зеленски реагира на најавениот самит Трамп – Путин: тој денес пристигнува во Белата куќа

Американскиот претседател Доналд Трамп денес е домаќин на украинскиот претседател Володимир Зеленски во Вашингтон за да разговараат за иднината на...

Европа1 ден

(Видео) Трамп: Го прашав Путин дали би имал ништо против ако им дадам неколку илјади „томахавки“ на Украинците

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека за време на разговорот со рускиот претседател Владимир Путин ја споменал можноста Украина...

Регион1 ден

Пицула ја критикува ЕУ за пофалбите што ги дава на Србија: „Наместо тоа, барајте вистински реформи“

Известувачот на Европскиот парламент за Србија, Тонино Пицула, изјави дека претставниците на ЕУ треба да се воздржат од прекумерно фалење...