Европа
„Со клешти ќе ги извадиме скапаните заби од таа зла уста“ – Пригожин со порака до Макрон
Основачот на „Вагнер“, Евгениј Пригожин, не го криеше гневот од одлуката на францускиот парламент, кој неговата група платеници ја прогласи за терористичка организација. Тој испрати директна закана до францускиот претседател Емануел Макрон, пишува „Политико“.
На прашањето на руските новинари, Пригожин рече дека „Вагнер“ ги спасува луѓето во Централна Африка од француски војници, кои „едноставно ги исмевале“.
„Со клешти можеме да ги извадиме скапаните заби од таа зла уста. Можеме да му ги извадиме забите на Макрон и воопшто на секој што истура патогена нечистотија за ‘Вагнер’“, вели Пригожин.
Во вторникот француските пратеници ја повикаа Европската Унија да го прогласи „Вагнер“ како терористичка група и да користи повеќе правни средства за да ја блокира финансиската активност на „Вагнер“ во Европа.
ЕУ воведе санкции за Пригожин во април минатата година.
„Тие не се само платеници, постои волја да се масакрираат цивили за политичка корист, да се дестабилизираат институциите“, рече Бенџамин Хадад, пратеник од партијата на Макрон, пред гласањето.
Паравоената група е во голема мера вклучена во битката за Бахмут, град во источна Украина, кој беше сцена на жестоки борби во последните месеци, според медиумите во светот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Украинците се повлекоа од дел на Часив Јар, објавени фотографии од опустошениот град
Армијата на Украина денеска соопшти дека нејзините војници се повлекле од дел од Часив Јар во источниот регион Доњецк, еден ден откако Русија објави дека нејзините сили презеле контрола врз дел од стратешки важниот град.
Денеска беа објавени воздушни фотографии на кои се гледа квартот Новји, кој се наоѓа западно од каналот Сиверски Доњец-Донбас, а минува низ источниот дел на градот. Руското Министерство за одбрана вчера извести дека руските воени сили ја презеле контролата токму на тој дел.
Часив Јар се наоѓа на рид. Доколку руските сили воспостават целосна контрола над градот, тие во иднина би можеле да го користат како почетна точка за понатамошен напредок кон запад и кон украинските градови Краматорск и Славјанск.
„За нас стана непрактично да одржуваме контрола врз делови од градот откако непријателот влезе таму. Животот и здравјето на нашите војници беа загрозени, а позициите на нашите бранители беа исто така уништени“, изјави воениот портпарол Назар Волошин за украинската телевизија.
„Командата одлучи да се повлече на подобро заштитени позиции, но непријателот не престанува со активната борба ниту во таа област“, рече тој.
Руските сили, кои ја започнаа инвазијата на Украина во февруари 2022 година, постепено напредуваа во регионот Доњецк во последните недели, барајќи да отворат нов фронт во близина на североисточниот град Харков.
Напредокот во регионот Харков е запрен, но украинските воени аналитичари признаваат дека 2024 година била тешка година за Украина на бојното поле, која исто така била погодена од доцнењето на американската воена помош.
Украинските воени сили во дневниот извештај објавија дека во последните 24 часа се воделе 161 воена битка, од кои повеќето се случиле во областа Доњецк. Во извештајот се наведува и дека украинските воени сили ги спречиле руските сили да ја пробијат украинската одбрана на фронтот Краматорск, кој ги опфаќа областите во близина на Часив Јар.
Европа
„Украинците убија стотици илјади руски војници“, Медведев: Регрутираме по 1.000 дневно
Поранешниот руски претседател и близок соработник на актуелниот руски претседател Владимир Путин, Дмитриј Медведев денеска изјави дека руските вооружени сили годинава ги зајакнале своите редови со 190.000 нови доброволци.
Медведев, кој сега ја извршува функцијата заменик-претседател на Советот за безбедност на Русија, рече дека нема недостиг од воен персонал и дека целта за регрутирање на Кремљ е исполнета.
„Просечната дневна стапка на регрутирање останува стабилна на околу илјада луѓе“, рече Медведев на состанокот на руското Министерство за одбрана, цитиран од државната новинска агенција ТАСС.
Според проценките на украинското воено раководство, речиси 550.000 руски војници се убиени или ранети од почетокот на руската инвазија пред повеќе од две години.
Европа
(Видео) Еруптираше вулканот Етна
Вулканот Етна на Сицилија еруптираше исфрлајќи лава и густ чад, но немаше големи облаци од пепел над италијанскиот медитерански остров, а нема информации за штета.
Visitors led by volcanological guides admire the magnificent show of Strombolian explosions and lava cascades from #Etna's Voragine crater on the evening of 2 July 2024 pic.twitter.com/1dRsBoyMDr
— Boris Behncke (@etnaboris) July 3, 2024
На снимката се гледа како лава и остатоци полека течат по планината, а истражувачите ја набљудуваат ерупцијата во близина.
An Italian photographer captured some incredible video of Mount Etna erupting explosively at the volcano's Voragine crater on Monday evening. pic.twitter.com/zUQvlC0WhC
— AccuWeather (@accuweather) July 3, 2024
Етна е еден од најактивните вулкани во светот, а особено е активен во близина на југоисточниот кратер. Тој е и најголемиот активен вулкан во Европа, висок околу 3300 метри.