Македонија
Ковачевски оптимист за уставните измени – не може пристапувањето на државата во ЕУ да биде заложник на еден човек или партија
Јас сум рационален оптимист, истакна денеска премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на прашање поврзано со уставните измени и како ќе обезбеди двотретинско мнозинство за нивно изгласување.
„Јас сум рационален оптимист, а тоа значи дека верувам во остварување на целта и работам на нејзиното остварување. Во однос на нашето натамошно пристапување во ЕУ, по завршувањето на скрининг-процесот, следува отворањето на поглавјата, а еден од условите за отворање на поглавјата е усвојување на уставните амандмани за вклучување други делови од народи во нашиот Устав“, рече Ковачевски.
Оценува дека сите политички партии имаат обврска кон граѓаните тоа прашање да го имаат како врвен приоритет на својата политичка агенда.
„Европското пристапување на државата не може да биде заложник на кариерата на еден човек или на една политичка партија. Се работи за стратешко прашање, кое не е прашање ниту на еден човек, ниту на една политичка партија, ниту на една влада, туку тоа е процес што ќе трае. Ние по ова двотретинско гласање, ќе имаме уште такви гласања и не може овие гласања да бидат предмет на која било политичка партија во иднина“, нагласи Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Неколку општини во Скопје денеска без струја
Поради планирани прекини во електро дистрибутивната мрежа денеска, без електрична енергија ќе останат следните корисници:
– Од 08:00 до 15:00 часот, корисниците од дел од ул.Тодор Чангов. (опш.Аеродром);
– Oд 08:30 до 12:00 часот, дел од корисниците од село Злокуќани. (опш.Карпош);
– Од 08:30 до 14:00 часот, корисниците од Волково на ул.81, 79, 87, 91 (опш.Ѓорче Петров);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Архитекст Никола Добровиќ, Пушкинова. (опш.Аеродром);
– Од 09:00 до 13:00 часот, корисниците од улиците Даме Груев, Мито Хаџивасилев Јасмин (oпш. Центар);
– Од 12:00 до 13:00 часот, Пумпна станица Шуто Оризари. (опш. Шуто Оризари).
Скопје
Посебен режим на сообраќајот во Скопје
СВР Скопје ги известува граѓаните на Скопје дека денеска поради официјална посета на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот по сообраќајниците на поширокото централно подрачје на град Скопје.
СВР Скопје апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.
Македонија
Сончево време со температура до 25 степени
Времето утрово е студено со појава на магла по одделни котлини и речни долини. Преку денот, ќе биде сончево со мала локална облачност. Ќе дува слаб ветер претежно од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 5, а максималната ќе достигне од 18 до 25 степени.
Во Скопје минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 23 степени, јавува УХМР.
Во наредните денови продолжува периодот на стабилно и претежно тивко време со студени утра и температури кои наместа ќе се спуштаат под нула степени. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневната температура ќе биде без значителни промени.