Црна хроника
Десет лица принудувале дете на сексуални односи за 50 евра – МВР ги приведе
Во текот на вчерашниот ден се реализира случај за сторено кривично дело трговија со дете, извршено од страна на 11 лица.
Во временскиот период од 2020 година до септември 2021 година Г. Ш., искористувајќи ја состојбата на немоќ и ранливост на детето, во претходен договор со С. С., А. П. и К. Х., го сториле делото така што го подведувале детето на вршење полови дејства по пат на сексуална експлоатација и негово користење во сексуални активности или други форми на сексуална експлоатација со кривично пријавените Р. А., И. З., И. Е., А. М., Ќ. Ќ., Ф. А. и А. Ш. за паричен надомест во висина од 50 до 200 евра, а со цел стекнување за себе противправна имотна корист.
Врз основа на издадени наредби од судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје, на подрачјето на Тетово на две локации извршени се претреси во дом и други простории и лишени се од слобода осум лица, на подрачје на Гостивар лишени од слобода се две лица, а едно лице се наоѓа надвор од Република Северна Македонија.
Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе кривична пријава против 11 лица, од кои Г. Ш. (51) од Тетово за кривично дело трговија со дете (418-г став 2), С. С. (59) од Тетово за трговија со дете (член 418-г став 1 и став 3), А. П. (67) од Тетово и К. Х. (50) од Гостивар за трговија со дете (член 418-г став 1) и Р. А. (69), И. З. (55), И. Е. (67), А. М. (50), Ќ. Ќ. (53) и Ф. А. (63), сите од Тетово, и А. Ш. (51) од Гостивар за трговија со дете (член 418-г став 3) од Кривичниот законик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со измами за лажни сообраќајки, охриѓанец „заработил“ 3,6 милиони денари, полицијата го уапси
Полицијата расчисти девет сторени кривични дела измама за лажни сообраќајни незгоди, охриѓанец заврши во притвор, жртвите ги оштетил за 3.600.000 денари.
Полицијата вчера го уапси П.С.(38) од Охрид. По извршен службен разговор П.С. појаснил за начинот, местото и времето на извршување на девет кривични дела од кои шест во Штип и три во Виница при што пријавителите се оштетени за околу 3.600.000 денари. Тој се јавувал на повозрасни лица и лажел дека нивни блиски направиле сообраќајки и им барал пари.
На измамникот му е одреден притвор.
Црна хроника
Бил агресивен и искршил куќна ограда: уапсен маж од Струшко
Синоќа во 21 часот, во струшкото село Радожда, лишен од слобода е К.С.(33) од истото село.
Тој бил пријавен дека го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување кон М.М. и неговото семејство и извршил оштетување на нивната куќна ограда.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на настанот, против него, ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Претрес во Кавадарци, пронајдено оружје и муниција, уапсено едно лице
Вчера вечер во 22:00 часот, во Кавадарци, полициски службеници го уапсија А.М.(38) од Кавадарци. При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба од Основен суд Кавадарци, биле пронајдени и одземени гасен пиштол, рамка со куршум, воздушен пиштол, два револвери и 58 куршуми 9 мм, кои ги поседувал без соодветна документација.
Тој бил задржан во полициска станица, известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

