Спорт
Ансу Фати си оди на негово место доаѓа Рубен Невеш
Португалецот Рубен Невеш (26) ќе стане нов играч на Барселона. Невеш ги договорил сите услови за соработка со каталонскиот гигант, а наскоро трансферот треба да биде официјализиран.
Целата операција ја водел познатиот агент Жорге Мендеш. Договорот за трансфер е постигнат, но за да биде реализиран Барселона ќе треба да го продаде Ансу Фати на кој било клуб за најмалку 30 милиони евра, за да може да го регистрира Португалецот.
Фати е килент на Мендеш, требаше да биде дел од трансфер пакетот со Вулверхемптон за Рубен Невеш, но одби да замине во Англија. Барселона сега бара друг клуб за него.
Рубен Невеш ја започна својата младинска кариера во Порто. Во овој тим се прослави и во сениорскиот фудбал, а во 2017 година замина во Вулверхемптон за сума од 16 милиони евра.
Во Премиер лигата одигра 250 натпревари за Вулвс и постигна 30 гола.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Дејан Недев е европски вицешампион во кати
Македонското карате повторно блеска на европската сцена! Нашата спортска легенда и еден од најискусните репрезентативци, Дејан Недев, на 24 Октомври 2025 г. освоји сребрен медал и стана европски вицешампион во кати на Европското првенство што се одржува во Шчечин, Полска.
Во финалето Недев се соочи со претставникот на Ирска, Чарлис Нери, во меч кој предизвика огромно внимание. По тесно судиско гласање победата му беше доделена на ирскиот натпреварувач – одлука што предизвика бројни реакции, бидејќи Недев доминираше во изведбата. Карактеристично за вистински шампион, Нери веднаш по мечот лично му честиташе на Недев и јавно му призна дека бил подобар.
Овој резултат има уште поголема симболика – токму во Шчечин, пред точно 35 години, во 1990 година, Недев го имаше своето прво меѓународно појавување. Денес, по три и пол децении континуитет, тој повторно покажува дека вистинските шампиони не стареат – туку стануваат легенди.
Недев останува пример за посветеност, дисциплина и врвна спортска етика. Неговиот успех е огромна инспирација за младите генерации и силна потврда дека македонското карате и понатаму е дел од европскиот врв.
Спорт
(Видео) Милан спаси бод против Пиза во 93-та минута
Фудбалерите на Милан и Пиза одиграа нерешено 2:2 во првиот натпревар од осмото коло во Серија А.
Росонерите пропуштија одлична шанса да ја задржат лидерската позиција во дуелот со екипа која е во зоната за испаѓање. Вака Милан, со натпревар повече има два бода повеќе од Интер, Наполи и Рома
Дуелот започна според планот на Масимилијано Алегри. Рафаел Леао го доведе Милан во водство по седум минути.
Сепак, аутсајдерот не се предаде. Прво, во 60-та минута, колумбискиот ветеран Хуан Квардадо израмни од пенал, а во 86-та минута Нзола го шокира „Сан Сиро“.
Милан од пораз го спаси дефанзивецот Атекаме, златната резерва на Алегри, со нерезонски удар од 23 метри во 93-та минута.
Foto/ EPA
Спорт
Тежок пораз на Партизан во Белград, Виртус го декласира ПАО
Убедливите победи на Париз над Партизан во Белград, Виртус во дуелот со Панатинаикос и Олимпијакос во Минхен кај Баерн, односно триумфот на Фенербахче во градското дерби против Ефес го обележа вториот ден од шестото коло во Евролигата.
Париз во белградска Арена го растури Партизан со 101:83. Дуелот го обележа перфектниот шут на гостите во второто полувреме и тепачката на трибините на две навивачки фракции на Партизан поврзани со актуелните политички случувања во Србија.
Кај Париз се истакна Надир Хифи со 21 поен, шест скока и три асистенции, Себастијан Херера со 17 поени, Јакуб Оутара и Џастин Робинсон со по 14 и Џереми Морган 11 со поени.
Стерлинг Браун со 25 поени со по два скока и асистенции беше најефикасен кај Партизан. Двејн Вашингтон забележа 16 поени и четири асистенции.
Резултати:
Ефес-Фенербахче 69:79
Виртус-Панатинаикос 92: 75
Баерн-Олимпијакос 71:96

