Спорт
Ливаковиќ се договорил со Фенербахче
Првиот голман на Динамо и на хрватската репрезентација, Доминик Ливаковиќ, кариерата ќе ја продолжи во Турција. „343 Дигитал“, тврди дека трансферот во Фенербахче е веќе договорен. Ливаковиќ (28) има договор со Динамо до летото 2024 година.
Според Турците, Ливаковиќ во Динамо заработува 780 илјади евра годишно, додека Фенербахче му понудил милион.
Турските медиуми тврдат дека трансферот бил договорен по состанокот на менаџерот на Ливаковиќ и претставниците на клубот. Нема информации колкава отштета би можел да плати Фенербахче, но претходно беше познато дека Ливаковиќ во договорот има клаузула според која може да го напушти клубот за 10 милиони евра.
Ливаковиќ е играч на Динамо од 2015 година, а со него освои шест титули во Хрватска и забележа неколку настапи за паметење во Лигата на шампионите. Со одличен настап на Мундијалот го зацементира местото како прв голман во националниот тим.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Турбо ракомет во Осло, по бод за Португалија и Шведска
Шведска и Португалија ремизираа 37:37 во првото коло, во Групата 3, во втората фаза на 29. Светско првенство во ракомет.
Врвен натпевар одиграа селекциите кои целат на пласман во четвртфиналето. Во текот на сите 60 минути се водеше изедначена борба, ниту една репрезентација немаше предност поголема од два гола.
Бод на Португалија и донесе Соуса во финишот на мечот. Интересно тој гол беше единствен за Соуса на натпреварот. Шведска потоа не го искористи последниот напад.
Фраде односно Лагергрен со по седум гола ги предводеа своите репрезентации.
Групата 3 ја предводи Португалија со пет бода, Шведска и Бразил имаат по четири, Шпанија со натпревар помалку три, без бодови се Норвешка и Чиле.
Во вториот меч одигран во терминот од 18 часот, во рамките на Групата 4, Хрватска ги декласира Зеленортските острови со 44:24.
Спорт
Бешикташ го размонтира Атлетик Билбао
Фудбалерите на Бешикташ го совладаа Атлетик Билбао со 4:1 во Истанбул, во претпоследното коло од првата фаза во Лига Европа.
Ова беше и деби триумф на Оле Гунар Солскјер на клупата на Бешикташ.
Блескаше во тимот на Бешикташ Милон Рашица со два гола и асистенција.
Рашица ја искористи првата добра шанса во 17. минута. Тој одлично ја смести топката на додавањето на Силва и погоди од работ на шеснаесетникот.
Билбао лошо го започна натпреварот, но вториот дел од првото полувреме беше значително подобар за нив. Унаи Гомез ја круниса добрата игра во финишот на првото полувреме. Тој во 45. минута со волеј го совлада голманот на Бешикташ и го израмни резултатот.
Домашните влегоафуриозно во вториот дел. Шанси имаа Имобиле, Силва и Рашица, а крилниот напаѓач на Бешикташ ја искористи шансата во 60. минута и вторпат му донесе водство на својот тим.
Билбао мораше да напаѓа, а Бешикташ тоа знаеше да го казни. Силва погоди во 77. минута, а точка на натпреварот стави со гол од пенал Жоао Марио во 92. минута.
Бешикташ со овој триумф значително си ги зголеми шансите за пласман во плејофот, со девет бода е на 18. место, а во последното коло игра со Твенте. Од друга страна, Билбао останува втор со 16 бодови.
Спорт
„Шумарите“ ќе го урнат клупскиот рекорд – Куња пред трансфер во Нотингем Форест
Нотингем Форест ја игра најдобрата сезона во поновата историја на клубот. „Шумарите“ се изедначени на второто место во Премиер лигата, а нивната цел во јануарскиот преоден рок покажува дека се сериозни за останување меѓу најдобрите четири екипи.
Нотингем Форест го има еден од најдобрите напаѓачи во лигата оваа сезона според бројките. Крис Вуд блеска оваа сезона. Напаѓачот на Форест постигна 14 гола на 22 меча, а како што стојат рабтите тој наскоро ќе добие конкуренција.
Имено, Нотингем е подготвен да го собори клупскиот рекорд и да се засили со Матеус Куња. Бразилскиот интернационалец не е задоволен од Вулвс, кој има големи проблеми и на резултатски и во клупски план. Вулверхемптон до крајот на сезоната ќе се борат за опстанок во Премиер лигата.
Нотингем Форест е подготвен да плати дури 60 милиони фунти за Куња. Според првичните информации, тоа би било доволно Вулверхемптон да го одобрат трансферот. .
Куња е во Волвс од почетокот на сезоната 2023/24, кога за нешто помалку од 50 милиони евра пристигна од Атлетико Мадрид. Неговиот договор истекува во јуни 2027 година.