Црна хроника
Битолчанец допирал малолетничка за градите

Четириесет и седумгодишен битолчанец допирал малолетничка за градите, а кога таа и нејзиниот пријател му се спротивставиле, ги претепал со синџир.
Како што соопшти полицијата, настанот се случил во понеделникот напладне на ул.„Бистра“ во Битола, седумнаесетгодишно девојче, кое било во друштво со нејзиниот другар Д.Ј., биле пресретнати од В.К. (46), сите од Битола, при што В.К. застанал пред малолетничката и со рака ја фатил во пределот на градите. Притоа Д.Ј. со раце го отурнал В.К., кој извадил синџир и го удрил Д.Ј. во пределот на главата. Сторителот , потоа, уште неколку пати го удрил девојчето во пределот на раката и лицето, а исто така, уште неколку пати го удрил Д.Ј. По пријавувањето на настанот, од страна на полициски службеници од ПС-Битола, В.К. е пронајден и лишен од слобода. По целосно документирање на настанот против сторителот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. /крај/со/ст
Извор: МВР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Топ
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.