Надворешна политика
Специјалниот германски пратеник Хајндл на средби со политичките лидери
Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл во вторник и среда престојува во Скопје, каде оствари средби со лидерите на четирите најголеми политички партии и потписници на Пржинскиот договор.
Специјалниот германски пратеник Јоханес Хајндл во вторник и среда престојува во Скопје, каде оствари средби со лидерите на четирите најголеми политички партии и потписници на Пржинскиот договор.
Од Кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов соопштија дека Хајндл овојпат ќе се сретне и со македонскиот претседател, нешто што не беше случај во претходните посети на германскиот дипломат. Ова е трета посета на Хајндл на земјава за неполн месец, откако беше назначен на оваа функција од страна на шефот на германската дипломатија Франк Валтер Штајнмајер.
Хајндл во интервју за Deutsche Welle пред една недела порача дека ЕУ и Германија сакаат да и помогнат на земјата да излезе од кризата, но патот таа ќе мора да го изоди сама, што значи дека политичките актери мора заеднички да работат и во преден план да ги стават државните интереси.
„Станува збор за имплементацијата на централните елементи на Договорот од Пржино. Но тука, за жал, има несогласување меѓу политичките актери – и покрај тоа што тие го ставија својот потпис под овој Договор. А она што го наведува овој Договор е јасно. Оние, кои се осомничени во врска со скандалот со прислушувањето, треба кривично-правно да бидат повикани на одговорност. Со таа цел партиите и се согласија да се формира Специјално јавно обвинителство. СЈО треба без пречки и со целосна поддршка од македонските институции да може да ја извршува својата работа“, изјави тогаш Хајндл во интервјуто за DW./крај/мф/бс
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.
Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.
Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.
Македонија
Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.
Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.
„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.
Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.
Македонија
Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.
Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.
Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.