Црна хроника
Приведен 22-годишен насилник баран по централна потерница
Денеска, во 10.45 часот, на улицата Индира Ганди во Скопје, полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода М. К. (22) од Скопје.
Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување затворска казна од една година за сторено кривично дело насилство по член 386 од Кривичниот законик.
Лицето ќе биде спроведено во надлежната казнено-поправна установа за издржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Приведен разбојник во Гостивар за издржување на тригодишна затворска казна
Полициски службеници од ОВР Гостивар привеле 29 годишен маж од Прилеп на улица „Живко Брајковски” во Гостивар.
Тој бил баран по потерница поради судска наредба за издржување на казна затвор во траење од три години за кривичното дело „разбојништво”.
По приведувањето, Ѓ.Ш. е спроведен во Казнено-поправната установа Затвор Тетово, каде ќе ја издржува својата казна.
Црна хроника
Почина кумановец, паднал и со главата удрил во земјената површина пред стадионот на ФК „Башкими“
Вчера во 19.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје починал М.Д.(47) од Куманово.
Имено, на 22.09.2024 пред стадионот на ФК „Башкими“ на ул.„Братство Единство“ во Куманово, М.Д. паднал и со главата удрил во земјената површина, по што неговиот брат и полициски службеници го пренеле во болницата во Куманово за укажување помош.
Откако му била укажана помош, М.Д. бил приведен затоа што за него имало судска наредба за приведување, по што бил препратен во Комплексот клиники во Скопје.
По наредба на јавен обвинител од ОЈО Куманово, телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
86-годишен пешак прегазен во Тетовско
Вчера во 15.40 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово – Јажинце, во с.Порој, патничко возило „фолксваген туарег“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.С.(35) од с.Џепчиште, удрило во пешакот А.С.(86) од с.Порој.
Во несреќата, со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.