Регион
Маж пукал со „калашников“ во луѓе во Приштина
Косовската полиција уапси маж во Приштина под сомнение дека пукал со „калашников“ во автомобил во кој се наоѓале три лица, јавува „Национале“.
Според полицијата, по пукањето, осомничениот го скрил оружјето во корпа за отпадоци, кое полицијата го пронашла и го одзела.
„Уапсен е осомничен маж поради сомнение дека фрлил огнено оружје АК-47 во корпа за отпадоци, со кое наводно пукал во автомобил во кој биле три лица. Полициските единици ги заплениле оружјето и 27 куршуми, а оштетениот автомобил бил однесен за преглед. Во полициската станица се идентификувани тројца мажи за кои постои сомневање дека биле во автомобилот во моментот на пукањето“, се вели во полициското соопштение.
Како што се додава, по сослушувањето, осомничениот е приведен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Полицајка украла златно сиџирче од затвореничка на Миконос
Неименувана полицајка (31) е уапсена на Миконос под обвинение дека украла златен синџир од притвореничка во затворот каде што работела како заменик управник.
Имено, како што пренесуваат локалните медиуми, 31-годишната службеничка била фатена на камера како краде синџир од чантата на 63-годишна жена, која тогаш била приведена.
Кога жената излегла од затворот и дошла да си ги земе личните работи, забележала дека накитот го нема. Жената ја известила полицијата, а како што се испоставило, крадецот бил никој друг туку заменчката управник која во меѓувреме била уапсена.
Истрагата е во тек.
Регион
Еден работник загина во пожар во фабриката „Евројуг“ во Србија
Работник во фабрика загина во пожарот што избувна во утринските часови во фабриката „Евројуг“ во Шид, соопшти денеска општина Шид.
Пожарот во фабриката за бои и лакови „Евројуг“ во Шид е пријавен во 11:30 часот.
Во пожарот загинал фабричкиот работник Перица Јурошевиќ, објави веб-страницата на општина Шид.
Регион
Меѓу повредените во Цетиње е и поранешен фудбалер, бил мета на напаѓачи и во 2013 година
Група „шкаљарци“ утринава беше цел на бомбашки напад на Цетиње кога се случи силна детонација во која загинаа Драган Рогановиќ и Петар Калуѓеровиќ, а ранети се Тасо Јовановиќ и Михајло Борозан и случаен минувач. Тасо Јовановиќ од Цетиње веќе и е познат на полицијата, а повеќе од 10 години ги полни страниците на црната хроника.
Петар Калуѓеровиќ загинал на лице место кога се случила експлозијата, додека Драган Рогановиќ, боксер и поранешен телохранител на Горан Радоман, починал на пат кон болницата во Цетиње.
Бомбата била активирана во непосредна близина на спортскиот центар во главниот град на Црна Гора. Покрај членовите на организирана криминална група од соседна земја, ранета е и жена која случајно се нашла на местото на нападот. Меѓу ранетите е и Тасо Јовановиќ, кој од претходно им бил познат на црногорските власти.
Веќе во 2013 година одекна веста дека на Цетиње е ранет поранешен фудбалер. Станува збор за Тасо Јовановиќ, кој почнал да тренира во локална теретана. Непознато лице со перика и очила му пришло на Јовановиќ и го застрелало неколку пати, пишуваше тогаш Вијести. Тој се здобил со сериозни повреди опасни по живот, а напаѓачот потоа побегнал со автомобил кој чекал и заминал во непознат правец.
Тасо Јовановиќ со пет истрели е ранет во рацете, нозете и стомакот. Како и денешниот напад, пукањето се случило во близина на Спортскиот центар во Цетиње. Јовановиќ потоа се спасил со тоа што влетал во теретана и побарал засолниште.
Лекарот на болницата во Цетиње, Предраг Милошевиќ претходно денеска пред новинарите изјави дека Тасо Јовановиќ од Цетиње е тешко повреден и дека лекарите се борат за неговиот живот.
„Тројца се хоспитализирани во болницата во Цетиње. Драган Рогановиќ беше донесен без витални параметри и се обидовме да го интубараме, но веќе беше доцна. Имаше повреди на белите дробови и главата и подлегна“, изјави Милошевиќ.