Македонија
Дел од тосканската мермерна планина од милијарда долари и во делата на Родeн и Микеланџело
Кога ќе се спомне патување во Италија, сите првин помислуваат на огромното крајбрежје, античките руини и историја, природните убавини, одличната кујна, величествените планини и културата. Кога сме на тема култура, Италија изобилува со многу градби, скулптури, палати, споменици и слики, кои се tantissimo познати во целиот свет. Но, се запрашал ли некој каков материјал бил потребен за изградба на овие скулптури и градби и колку време било потребно за подготовка на едно такво ремек-дело?
Тоскана е еден од најпрепознатливите италијански региони, познат по сликовитите тополи и бесконечните tantissimo-полиња со винова лоза, но многу малку е познато дека токму од овој регион доаѓа најстариот и највреднуван мермер за подготовка на историските скулптури и ремек-дела во светот. Се работи за карара-мермерот или попознат кај Римјаните како луна-мермер, кој се наоѓа на северниот дел од Апуанските Алпи, планински венец во северна Тоскана, кој се протега на 58 километри и достигнува 2.000 метри височина. Извлекувањата се прават уште од римско време, па сè до денес.
Кога ќе ги видите од далечина, изгледаат на планини покриени со снег, но, всушност, тоа се планини направени целосно од мермер. Поради извлекувањата од римско време, карара-каменоломите имаат произведено повеќе мермер отколку кое било друго вакво место во светот. Секоја година се произведуваат 4 милиони тони мермер.

Зошто мермерот карара е еден од tantissimo престижните мермери во светот? Бидејќи плоча може да чини до 400 долари за квадратен метар, а во текот на историјата се користела за некои извонредни градби. Помислете на Пантеон во Рим или на исконската статуа на Микеланџело, Давид. Дури Микеланџело сам одел до каменоломите во кои се извлекува мермерот за лично да ги избере плочите за своите ремек-дела. Каменоломите се дел и во еден од филмовите за Џејмс Бонд, Quantum of Solace (2008), каде што Даниел Крег вози „астон мартин“ по мермерните падини, но поради тесниот пат околу каменоломите, не ви препорачуваме да го возите вашиот „астон мартин“ тука.
Карара-мермерот се ископува од 188 каменоломи, кои се наоѓаат во Апуанските Алпи. На прв поглед кога ќе ги видите каменоломите, изгледа како перфектен линеарен облик. Изгледа како планината да е поделена на точни блокови од квадрати. Во зависност каде се наоѓаат каменоломите, варира и нивната цена, некои ги има во внатрешноста на планината и тие се поскапи бидејќи потребното извлекување од пештерата чини повеќе. Вообичаено најскапиот мермер е тој што се извезува, па така во 2018 година 1,2 милион блока ја поминале италијанската граница до Кина, САД и Германија како три најбарани дестинации.
Другиот мермер се транспортира најчесто до крајбрежните градови од западна Тоскана. За разлика од странските компании, кои ја бараат најскапата плоча, локалните уметници го бараат совршениот камен за да му дадат живот, како што велел Микеланџело.
Поради неговата сурова и рафинирана форма, карара-мермерот е расфрлан насекаде. Не е бесконечен ресурс и некогаш ќе исчезне. Кога ќе дојде тоа време, статуите, палатите, плочките и спомениците на целтаа Земјина топка засекогаш ќе го носат парчето мермер од планините во Тоскана.
Сакаш да ја посетиш Тоскана и да ги видиш сите убави работи за кои прочита?
Во тек е наградната игра на Credissimo, Ma Tantissimo со Credissimo, во која главна награда се две патувања во Италија. Доколку добитниците на главната награда се љубители на уметноста, може да го посетат ова прекрасно место и да дознаат повеќе како изгледа процесот на подготовка на една скулптура. За сите дополнителни информации во врска со наградната игра ,може да се информираш со клик на линкот.
ПР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Јаневска: Исправивме голема неправда, во првото полугодие 30-тина деца на подолготрајно лекување редовно следеа настава
Учениците кои отсуствуваат од настава подолго од три недели, затоа што се на болничко лекување, можат да го продолжат образованието преку онлајн вклучување во наставата во реално време во својот клас, да ги користат доставените материјали и задачи од наставникот или пак, наставникот да организира индивидуална настава во зависност од состојбата на ученикот, по прилагодена наставна програма на таквата состојба и за тоа да се користат постојни дигитални алатки. За новото системско решение, кое стартуваше од почетокот на оваа учебна година, на денешната панел-дискусија говореа министерката за образование и наука Весна Јаневска, како и Милка Тримчевска – директорка на Бирото за развој на образованието, Марија Вук – претседателка на НВО „САНО“ и Маја Георгиева-Павловски, психотерапевт, семеен и системски советник.
„Исправивме една голема неправда од минатото и спречуваме еден облик на дискриминација да се провлекува во иднината. За да може да се реализира наставата, спроведовме обуки за над 160 наставници во 83 училишта. Подготвивме и прирачник за наставници со јасни инструкции како да ги вклучуваат децата во настава, преку која форма, како да водат педагошка евиденција, да го проверуваат знаењето на учениците.
„Според сите информации кои ги добивам од училиштата, од наставниците, родителите и здружението САНО, ова решение одлично функционира“, посочи Јаневска.
Изминатите четири месеци, на ваков начин триесетина деца биле вклучени во настава. Министерката рече дека реакциите на учениците, родителите и наставниците укажуваат дека ова решение, кое ја подигнува инклузивноста на нашиот образовен систем, е одржливо.
„Секогаш ќе има деца кои ќе се соочуваат со здравствени предизвици и ниту едно не смее да биде изолирано од настава. Затоа е важно да бидат информирани за можноста, а наставниците се тие што треба први да ги запознаат дека физичкото отсуство од училница не значи и застој во образованието. Изготвивме и брошура наменета и за ученици и за родители за да се запознаат со оваа можност“, укажа Јаневска, додавајќи дека новото решение може да функционира затоа што е резултат на заедничка заложба на невладиниот сектор, Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука и Министерството за здравство.
Македонија
Се наплаќале ПАП-тестови и други услуги кои ги покрива Фондот за здравство: извршени контроли поради претставки од граѓаните
Денес, директорите на Управата за јавни приходи и Фондот за здравствено осигурување одржаа заедничка прес-конференција на која го презентираа извештајот од спроведените заеднички контроли.
Во ноември 2025 година извршени се заеднички контроли со Управата за јавни приходи (УЈП) во 49 ПЗУ (33% од вкупниот број договори).
Контролите, како што беше истакнато, биле извршени поради зачестени претставки од осигуреници за наплата на средства за прегледи кои не се наплатуваат.
„Фондот за здравствено осигурување на Македонија има склучено договор со вкупно 149 приватни здравствени установи (ПЗУ) за вршење на примарна здравствена заштита во дејноста гинекологија (матични гинеколози), истакна директорот на ФЗО, Сашо Клековски.
Заедничка контрола на ФЗО и УЈП за последен пат била направена во 2012 година.
Целта на контролите, како што беше посочено е проверка на придржување кон договорните обврски, особено кон одредбата дека: „Прегледот, ЕХО, колпоскопијата, земањето на брис за микробиолошко и цитолошко испитување (за ПАП-тест), како и сите други дијагностички и терапевтски процедури кои се согласно медицина заснована на докази кај избраниот лекар не се наплатуваат.“
Според извештајот од вкупно 49 контролирани ПЗУ, уредни односно без никакви неправилности ниту од ФЗОРСМ ниту од УЈП) биле 26 или (53,1%).
(Преглед по градови)

„Неуредни збирно се вкупно 23 ординации, од кои неправилности само кон ФЗО имаат три установи, само кон УЈП имаат 11, а кон двете институции има кај девет установи. Од утврдените 12 установи кон Фондот, главна неправилност е наплата на дополнителни средства од осигурани лица (кај осум ПЗУ) и неуредна евиденција (кај пет ПЗУ). Од УЈП се утврдени неправилности со фискализација кај 20 установи“.
Контролите како што информираа надлежните биле вршени во Скопје, Битола, Прилеп, Тетово, Штип и Струмица.
„Најнизок степен на уредност има во Струмица, каде што од пет контролирани установи, само една е со уредни наоди, а четири со неуредни. Со висока неуредност е и Скопје, каде што од 16 контролирани установи, седум се уредни, а девет се неуредни. Највисок степен на уредност имаат установите во Битола и Прилеп, каде 70 отсто се со уредни наоди“,
Од даночен аспект, посочија надлежните, здравствените услуги се ослободени од ДДВ, а најголем дел од овие установи плаќаат симболичен годишен данок на вкупен приход од 1% или се целосно ослободени.
„Тоа не значи дека неевидентирањето на прометот е без даночен ефект. Напротив, неевидентирањето на приходите остава простор за нивно користење како неоданочени лични примања, стекнување личен имот од неоданочен доход, како и за плаќања на набавки во готово што директно ја храни сивата економија. Оваа пракса го поткопува системот, создава нефер предност на сметка на оние што работат законски, а во поширок контекст прогресивно води до зголемени загуби на јавни приходи“.
Македонија
Хоџа: Нула толеранција за загадувачите
Денеска во просториите на Министерството за животна средина и планирање се одржа координативна средба на која покрај министерот Мухамед Хоџа, присуствуваа и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање – Ане Лашкоска, директорката на Државниот инспекторат за животна средина – Ивана Гиновска, како и одговорни лица за квалитет на воздухот во министерството.
Министерот Хоџа побара од директорката Гиновска информации во врска со надзорот на работењето на Усје, како и да се изврши надзор над работењето на сите останати правни субјекти кои поседуваат А-интегрирани дозволи за кои е надлежно министерството.
Целта на ваквата постапка е заедно со вонредни инспекциски надзори да се испита состојбата на терен со обврските кои произлегуваат од поседувањето на вакви еколошки дозоволи, соопшти министерството.
Воедно, од одговорните лица е побарано известување за имплементација на актуелните мерки за справување со аерозагадувањето, и дадени се задолженија за проверка на степенот на нивна реализација.
Хоџа на средбата нагласи дека ова е само првиот чекор од низата на чекори кои како министер ќе ги преземе за справување со овој повеќедецениски сложен проблем, за чие решавање ја повика соработката и партнерството од сите кои сакаат да помогнат во намалувањето на загадувањето и обезбедувањето на почиста животна средина.

