Регион
Големи поплави во западна Босна, стотици куќи под вода, жителите евакуирани
Неколку стотици згради се поплавени, загрозеното население е евакуирано во западниот дел на Босна поради излевање неколку реки, а состојбата од ден на ден се влошува поради обилните дождови, кои продолжуваат да паѓаат.
Најлоша е состојбата во Бихаќска и Босанска Крупа, каде што, покрај зградите, поплавени се и неколку патишта. Водите се излеаја во поголемиот дел на Босанска Крупа, каде што беа поплавени многубројни семејни куќи и објекти. Сите граѓани во критичните подрачја се евакуирани, известија од тамошниот кризен штаб.
Патиштата се затворени за сообраќај, а спасувачките чамци се во подготвеност во сите критични области.
На подрачјето на Бихаќ поплавени се 300 згради, изјави градоначалникот на тој град, Елведин Седиќ, за „Дневни аваз“. Посочи дека Уна е излеана, а најавата за нови врнежи создава дополнителни грижи. На неколку места се градат насипи.
Во населбата Буковел во Велика Кладуша, поради поплава, отсечени се неколку куќи. Поради големите врнежи, локалните спасувачки служби не може да му помогнат на загрозеното население.
Владата на Федерацијата Босна и Херцеговина денеска има итна седница, а се очекува да се донесат одлуки за давање помош за поплавите на населението на Босна Краина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотреси ја погодија Србија: за два часа двапати се стресе кај Врање
Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала доцна синоќа го погоди Врање.
Според информациите од српскиот Републички сеизмолошки завод, земјотресот е регистриран околу 01 часот и 50 минути, на длабочина од 13 километри.
По само два часа, во овој град се случи уште еден малку послаб земјотрес, поточно неговата јачина беше 1,9 степени според Рихтеровата скала, пишува Блиц.рс.
Земјотресите со наведената јачина не можат да предизвикаат некоја посериозна материјална штета.
Регион
(Видео) Пожар во фабрика во Хрватска, пожарникарите се борат со огнената стихија
Во утринските часови во Калиновац, Хрватска, избувна пожар во познатата фабрика за опрема за одржување на сообраќајната инфраструктура „Раско“. На терен има бројни противпожарни единици кои го гаснат пожарот.
Компанијата „Раско“ ја потврди веста на својата Фејсбук страница.
„Имаше пожар во нашиот производствен погон во Калиновац. Во моментот на гаснење се ангажирани јавните противпожарни единици. Според достапните информации нема повредени. Неколку вработени се испратени на превентивни лекарски прегледи поради изложеност на чад. Правиме се што е во наша моќ за да обезбедиме безбедност и благосостојба на нашите работници и на пошироката заедница.
Ви благодариме на разбирањето и ќе ве информираме штом имаме повеќе информации – порачаа од „Раско“ преку социјалните мрежи, пренесува Подравски.хр.
Иако тоа допрва ќе се утврдува, според првичните информации, причината за пожарот е поврзана со погонските батерии, кои се вградени во возилата што ги произведува компанијата.
Регион
ЕУ: Членството на Србија може да биде довдедено во прашање ако не ја усогласи својата политика со нашата
Усогласувањето со вредностите на ЕУ, почнувајќи од владеењето на правото и со заедничката надворешна и безбедносна политика, е најважниот показател за стратешката ориентација на земјите кандидати на нивниот пат кон Унијата, рече првиот европски дипломат , Жозеп Борел.
Заедно со комесарот за проширување, Оливер Вархеји, Борел го претстави овогодишниот пакет за проширување, кој вклучува извештаи за напредокот на 10 земји кандидати и потенцијални кандидати.
Србија е единствената која не е целосно усогласена со надворешната и безбедносната рамка на ЕУ, а во извештајот се вели дека земјата не воведе санкции против Русија, дека одржува односи на високо ниво со таа земја и дека ги интензивирала односитесо Кина, „што покренува прашања за нејзината стратешка насока“.
Борел вели дека членството на Србија во ЕУ е „единствениот одржлив начин да се изгради долгорочен просперитет“.
„Ние инсистираме Србија да се усогласи со нашата надворешна и безбедносна политика, чиј важен дел се рестриктивните мерки против Русија и мислам дека Србија ќе се усогласи порано или подоцна, во спротивно членството може да биде довдено во прашање“, рече Борел.
Минатиот петок, за време на посетата на Белград, претседателката на Комисијата Урсула фон дер Лајен ја пофали Србија. На заедничката прес-конференција со претседателот Александар Вучиќ, таа рече дека тој лично е „посветен на реформите, особено во основните прашања, владеењето на правото и демократијата“.
„Покажавте дека вашите зборови се проследени со дела“, рече Фон дер Лајен, обраќајќи му се на Вучиќ.
Меѓутоа, во извештајот за напредокот, Комисијата вели дека Србија постигнала „ограничен напредок“ во судството и основните права, дека „нема напредок“ во областа на слободата на изразување.
Србија ги започна преговорите во јануари 2014 година и досега отвори 22 од 35 преговарачки поглавја, додека привремено затвори само две. Комисијата ја повтори минатогодишната оценка дека Србија е технички подготвена да го затвори третиот кластер, кој вклучува поглавја поврзани со пазарната конкуренција и инклузивен раст.
Македонија е најдолго во процесот на преговори, добивајќи кандидатски статус уште во декември 2005 година, но оттогаш нема големи поместувања – прво поради грчкото вето, а денес поради бугарската блокада.