Контакт

Надворешна политика

Објавен конкурсот за Школата за млади лидери на претседателот Иванов

Објавено пред

Објавен е конкурсот за седмата по ред Меѓународна обука за млади лидери, што под покровителство на претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, ќе се одржи од 14-ти до 26-ти август во Охрид.

dobivaj vesti na viber

Програмата е наменета за млади луѓе со завршено високо образование кои имаат желба преку нивните лидерски вештини да придонесат за позитивен развој на општеството и околината во која живеат и работат.

Како што се наведува во објавениот конкурс, програмата на школата опфаќа предавања и практични вежби за лидерство, со еминентни предавачи од земјава и странство, а наставата се одвива на македонски и на англиски јазик.

На конкурсот, што е отворен до 17-ти јуни, може да учествуваат сите лица од Република Македонија и наши иселеници што живеат во странство. Условите за конкурирање, предвидуваат апликантите да имаат одлично познавање на англиски јазик, да имаат висок просек (еднаков или поголем од 8,5) на додипломските студии, а работното искуство од една до пет години ќе се смета за предност.

Апликацијата, што треба да се достави до Кабинетот на Претседателот на Република Македонија, треба да содржи биографија, кратко мотивациско писмо, копија од уверение за положени испити, потврда за одлично познавање на англиски јазик и две препораки.

Школата за млади лидери за прв пат беше организирана кон крајот на август 2010-та година во Охрид. Во изминатите шест години на неа учествуваа околу 240 млади луѓе со различна академска и професионална определба. Учесниците на досегашните школи се организирани во Алумни асоцијација – ИСЛАА, регистрирана како посебно здружение, кадешто преку организација на семинари, панел дискусии, предавања и учества во младински настани, продолжува развојот на знаењата и вештините на досегашните учесници на школата./крај/мф/бс

 

Македонија

Муцунски во прва работна посета на Брисел на средби со генералниот секретар на НАТО и високи претставници на ЕУ

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, од Луксембург продолжува во прва работна посета на Брисел, во чии рамки ќе се сретне со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, како и високи претставници на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите ќе бидат евроинтегративниот процес на државата, реформските процеси, како и активностите во рамките на НАТО, со посебен фокус на претстојниот аамит на алијансата, што ќе се одржи идниот месец во Вашингтон.

Посетата на Муцунски на Брисел на почетокот на мандатот како министер за надворешни работи и надворешна трговија е показател за цврстата определба на земјата за што побрзо членство во Европската Унија и посветениот придонес кон глобалниот мир и регионалната стабилност како кредибилна земја членка на НАТО.

Прикажи повеќе...

Македонија

Муцунски се сретна со Вархељ: Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции

Објавено пред

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, се сретна со еврокомесарот за соседство и проширување, Оливер Вархељ, во Луксембург.

dobivaj vesti na viber

Во фокусот на разговорите беа приоритетите и активностите на новата Влада, како и актуелностите поврзани со европското досие на земјата.

„Новата Влада е силно посветена на реформската агенда и европските интеграции, а во периодот што следува ќе преземеме низа активности во насока на забрзување на нашиот евроинтегративен процес. Политиката на проширување на ЕУ е најдобрата алатка за поттикнување на реформските и демократските процеси, но истовремено е и клучна геостратешка инвестиција во мир, стабилност и економски развој на земјите од регионот, но и Европа како целина“, нагласи Муцунски.

Соговорниците разменија мислења и за планот за раст на ЕУ оценувајќи го како силна поддршка од страна на ЕУ за економско зајакнување на земјите од Западен Балкан, поттикнување на регионалната соработка, но и доближување на земјите од регионот поблиску до ЕУ и пред формалното членство.

Прикажи повеќе...

Македонија

Средба на претседателите на Собранијата на Македонија и Украина, Митрески и Стефанчук

Објавено пред

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митрески, во рамките на посетата на Киев по повод втората годишнина од почетокот на руската воена агресија врз Украина, оствари средба со претседателот на Врховната рада на Украина, Руслан Стефанчук.

dobivaj vesti na viber

Претседателот Митрески изрази благодарност за поканата и нагласи дека посетата претставува потврда на цврстата и непоколеблива поддршка на Република Северна Македонија за Украина, на сите полиња. Тој нагласи дека уште од самиот почеток силно ја осудуваме руската агресија против Украина, континуирано ја потврдуваме нашата поддршка за украинскиот територијален интегритет, суверенитет и целовитост и изразуваме целосна поддршка на правото на самоодбрана на земјата.

Претседателот на Собранието истакна дека Северна Македонија целосно се приклучи на сите рестриктивни мерки и санкции на ЕУ кон Руската Федерација, ко-спонзорираше бројни резолуции и иницијативи во однос на Украина, а упати и воена и хуманитарна помош за земјата.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија3 часа

Мицкоски-Кос: нагласена определбата на Владата за интеграција во ЕУ, достоинствено и преку спроведување на суштински реформи

Премиерот Христијан Мицкоски, денес во Скопје оствари средба со еврокомесарката за проширување и добрососедска политика, Марта Кос, која престојува во...

Македонија5 часа

Достапни се лековите за третман на онколошки заболувања, сите пациенти ја добиваат потребната терапија, вели директорот

Од Клиниката за радиотерапија и онкологија информираат дека сите пациенти ја добиваат потребната терапија и дека се достапни лековите за...

Македонија7 часа

Нема повредени лица во запалениот глисер во Охридското Езеро

Денеска во 10,30 часот, во полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, пријавено е дека на пловен објект глисер кој...

Македонија8 часа

(Видео) Филипче: Македонија заложник на туѓи агенди – ЕУ алармира на влијание од Србија, Унгарија, Русија и Кина

СДСМ од првиот ден предупредуваше дека Владата на ВМРО ДПМНЕ ја става државата во заложништво на други држави – наместо...

Македонија9 часа

Директор и вработени во Општината и во Министерството пустошеле во Националниот парк Маврово, заработиле над 3 милиони денари

Полицијата поднесе кривична пријава за вработен во Општина Маврово Ростуше, директор во ЈУ Национален парк Маврово, раководител на одделение за одржливо...

Македонија10 часа

Пожар на глисер во Охрид

Утрово се запали глисер во Студенчишкиот Канал во Охрид. Според првичните информации, пламенот се појавил кога сопственикот го стартувал моторот,...

Македонија10 часа

Муртезани: 150 институции и над 800 експерти ќе учествуваат во подготовката на преговарачките позиции со ЕУ

Пред една година започнавме со јасна цел: да ѝ дадеме нов импулс на европската агенда на земјава. Денес, по 12...

Македонија10 часа

Опасен пожар во близина на границата со Грција: се слуша пукање од муниција, постои опасност од неоткопани гранати

Пожар се шири во близина на границата со Грција. Од Центарот за управување со кризи велат дека пожарот се развива на...

Македонија12 часа

Латас го спомена таткото на Костадин Костадинов, па доби закана: „Цела фамилија те чекаме, со наш суд“

Навреди и закани помеѓу Драган Павловиќ-Латас и струмичкиот градоначалник од СДСМ, Костдин Костадинов, откога новинарот во јавно излагање на поткаст...

Македонија14 часа

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во Италија

Десетгодишно девојче од Македонија се удави во реката Пјаве, во близина на Тревизо. Како што јавуваат италијанскитее медиуми, девојчето се...

Регион14 часа

Полицијата во Белград ги отстрани блокадите: оштетено полициско возило, повеќе уапсени

Српското Министерство за внатрешни работи објави дека полицијата ги отстранила сите блокади на патиштата во Белград во текот на ноќта....

Свет15 часа

(Видео) Маж намерно запалил пожар во Ајдахо, па убил двајца пожарникари: пронајден мртов

Двајца пожарникари беа застрелани и убиени додека се бореа со шумски пожар во северниот дел на Ајдахо, соопшти канцеларијата на...

Европа15 часа

Кремљ: Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од ставот на Киев

„Брзината на преговорите за завршување на војната во Украина зависи од позицијата на Киев, ефикасноста на американското посредништво и ситуацијата...

Македонија16 часа

Зголемена фреквенција на возила на граничните премини Табановце и Богородица

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, извести АМСМ. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од...

Свет16 часа

Трамп: Иранците не знаеја дека доаѓаме

Американскиот претседател Доналд Трамп не верува дека Иран бил во можност да обезбеди или премести дел од својот збогатен ураниум...

Македонија1 ден

Мицкоски ја доби тужбата против Славјанка Петровска за клевета

Граѓанскиот суд во Скопје донел правосилна пресуда во корист на премиерот Христијан Мицкоски, утврдувајќи дека пратеничката од СДСМ и поранешна...

Регион1 ден

Приведени 77 лица по протестите, 48 полицајци повредени, Вучиќ вети дека нема помилување за насилство

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска порача дека нема да потпише никакво помилување или аболиција за оние кои учествувале во...

Македонија1 ден

Димитриевски по реизборот: Ќе градиме нови лидери за нова Македонија

На вториот Конгрес на партијата Движење ЗНАМ за наша Македонија, Максим Димитриевски денеска едногласно повторно ја доби довербата од делегатите...

Македонија1 ден

Јаневска: Учебници на 1 септември, повисоки плати, 7 нови училишта и обнова на студентските домови

Во првата година од мандатот на министерката за образование и наука, Весна Јаневска, се испорачани значајни резултати – учебници на...

Топ1 ден

Избоден 15-годишник на Бит Пазар, 13-годишниот напаѓач е негов роднина

15-годишно момче било повредено со остар предмет синоќа во регионот на Бит Пазар, а според пријавата, нападот го извршил негов...