Црна хроника
Млад кичевец со автомобил удри во велосипедист
Младо момче на возраст од 22 години со автомобил удри во 64-годишен велосипедист во Кичево.
„На 17.5.2023, во 9.05 часот, во Полициската станица Кичево било пријавено дека на регионалниот пат Кичево – с. Осломеј, патничко моторно возило „фолксваген џета“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од А. С. (22) од Кичево, удрило во велосипед управуван од Ќ. А. (64) од Кичево“, објави МВР.
Во несреќата велосипедистот добил тешки телесни повреди констатирани во Медицински центар Кичево.
Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кичево.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Ученик од основно училиште во Скопје бил полово вознемируван од негов соученик
Триесет и шестгодишна жена скопјанка пријавила дека на 17 септември во основно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил полово вознемируван од негов соученик.
Се работи на расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопственик на локал во Гостивар нападнал вработена
Полицијата поднесе кривична пријава против С.А.(55) од Гостивар поради насилство.
„На 04.08.2024 во уостителски објект во Гостивар, пријавениот, сопственик на објектот, по претходно недоразбирање, физички ја нападнал вработената М.А..“, објави МВР во дневниот билтен.
Црна хроника
Скопјанка пријавила манијак кој се соблекувал пред малолетници
Триесет и деветгодишна жена од Скопје пријавила дека на 18 септември околу 13.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, едно лице се соблекувало пред повеќе малолетници.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, објави МВР во дневниот билтен.