Европа
Киличдароглу: Ќе ги испратам сите бегалци дома кога ќе бидам избран за претседател
Противникот на Реџеп Таип Ердоган во претседателската трка во Турција, Кемал Киличдароглу, денеска со остар тон кон мигрантите, ветувајќи дека ќе ги врати сите мигранти назад во нивните земји кога ќе биде избран за претседател на вториот круг од изборите на 28 мај.
Говорејќи пред членовите на неговата партија во седиштето на Републиканската народна партија, Киличдароглу задржа пркосен тон против миграциската политика на Ердоган, објави Ројтерс.
„Ердоган, намерно дозволивте пристигнување на 10 милиони бегалци во Турција“, посочи тој.
„Дури и турското државјанство го ставивте на продажба за да добиете увезени гласови“, рече Киличдароглу, пренесува медиумот.
„Овде најавувам: сите бегалци ќе ги испратам дома кога ќе бидам избран за претседател, точка“, нагласи тој.
За време на кампањата, Киличдароглу рече дека планира да ги врати Сиријците од Турција, дома, во рок од две години откако се постигна договор со сирискиот претседател Башар ал-Асад за нивната безбедност во координација со ОН.
Киличдароглу, освои 45 отсто од поддршката на изборите во неделата, додека Ердоган освои 49,5 отсто од гласовите, малку помалку од мнозинството потребно за да се избегне вториот круг, пренесува медиумот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Путин и Ердоган разговараа
Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговарал со турскиот колега Реџеп Таип Ердоган и дискутираше за прашања од билатералната агенда, објавено е на официјалната веб-страница на Кремљ.
„Во продолжение на разговорите во Казан на 23 октомври, детално се расправаше за актуелните прашања од билатералната агенда со акцент на зголемување на ефикасноста на трговско-економската соработка“, се наведува во соопштението.
Се додава дека во врска со ова ќе следат контакти на ниво на надлежни ресорски органи.
Европа
Поранешен украински министер за надворешни работи: Војната нема да заврши кога Трамп ќе ја преземе власта
Поранешниот украински министер за надворешни работи Дмитро Кулеба изјави дека не очекува брз крај на војната меѓу Украина и Русија кога новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ќе ја преземе функцијата. Во разговорот Кулеба истакна дека има три клучни причини за неговата оценка: решеноста на претседателот Володимир Зеленски да не отстапи под притисок, неподготвеноста на Украина да се согласи на брзо решение и фактот дека клучот за мирот лежи во Москва, а не во Киев.
Според него, решението на конфликтот зависи од тоа што би можел да прифати рускиот претседател Владимир Путин за да постигне прекин на огнот, а не од отстапките од Украина. Кулеба нагласи дека одговорноста за завршување на војната е на страната што ја започнала и дека Украина нема да се согласи на еднострани отстапки.
Во контекст на се поинтензивните борби, вклучително и учеството на севернокорејските војници на страната на Русија и употребата на нови балистички ракети, Кулеба призна дека Украинците се загрижени поради ескалацијата на конфликтот. И покрај тоа, тој нагласи дека Украина нема да прифати решенија кои би го загрозиле нејзиниот суверенитет или територијален интегритет.
Европа
(Видео) Се запали руски патнички авион веднаш по слетувањето во Турција
Моторот на патнички авион од руско производство се запалил по слетувањето на аеродромот во Анталија во јужна Турција во неделата, соопшти турското Министерство за транспорт.
Министерството соопшти дека слетувањата на аеродромот биле прекинати до три часот по полноќ по локално време, додека авионот не бил отстранет од пистата.
Сите 89 патници и шест членови на екипажот се безбедно евакуирани од патничкиот авион Сухој Суперџет со 100 седишта, кој допатува од руското црноморско одморалиште Сочи, соопшти Министерството.
🚨#BREAKING: Russian passenger plane caught fire at Antalya airport in Turkey. pic.twitter.com/Zts9euvU0j
— World Source News 24/7 (@Worldsource24) November 24, 2024
На видеото споделено на социјалните мрежи, екипите за итна помош може да се видат на местото на пожарот, додека пламенот и чадот се издигаат од моторот на авионот.