Црна хроника
178 санкционирани возачи во Скопје, 61 за брзо возење
Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (18.5.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територијата на град Скопје изречени се вкупно 178 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 61 санкција, 12 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за непрописно престројување.
Изречени се три мерки за возење под дејство на алкохол, три санкции минување на затворен сигнал (црвено светло).
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Автомобил удри во 27-годишен пешак во Скопје
Вчера на булеварот Крсте Мисирков во Скопје, автомобил „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки управувано од Е.Е.(53) од селото Љуботен, скопско, удрило во пешакот А.В.(27).
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, додека со телесни повреди се здобил сопатникот во возилото, Р.М.(59) од с.Љуботен, скопско, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ – Скопје.
Извршен бил увид.
Црна хроника
Му се заканувале и му барале 80 илјади евра, па му го запалиле возилото: полицијата го расчистува случајот
Денеска во 01.15 часот во СВР Скопје, 33-годишен маж од Скопје пријавил дека претходниот ден од телефонски број на лице кое го познавал му биле испраќани пораки со заканувачка содржина и му биле барани 80.000 евра, извести МВР.
„Подоцна во 00.40 часот на 21.06.2024 негов сосед го известил дека било опожарено неговото возило „форд фиеста“ со скопски регистарски ознаки, кое било паркирано пред неговата куќа“, соопшти МВР.
Пожарот бил изгаснат,а повредени лица нема. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Малолетник нападнат во училишен двор во Карпош
Денеска во 01.00 часот во СВР Скопје, 45-годишната Ј.А. од Скопје пријавила дека на 20.06.2024 околу 21.30 часот во училишен двор на подрачјето на Карпош во Скопје, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетеник, извести МВР.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.