Македонија
Го побаравме договорот со „Бехтел и Енка“, го добивме и работиме на него, вели Ивановска
Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) го доби договорот со американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“, што го побара како дел од документацијата за предметот што го отвори во однос на проектот за изградба на коридорите 8 и 10 д по објавите во медиумите за изборот на надзорот, посочи претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Како што вели, Комисијата формирала тим од четворица советници за анализа на предметот.
„Го побаравме договорот, го добивме и работиме на сите документи, што значи сега анализата е во тек“, изјави претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска.
Ивановска рече дека не може да каже рокови, но нагласи дека тој предмет „им тежи најмногу“ и оти со сите сили се вложени за да се сработи што побргу.
„Го формиравме тимот. Точно. Тимот е составен од четворица советници. Секој е специјалист во својата област. На пример, некој повеќе во јавни набавки, друг во делот за вработувањата. Имаме еден одличен истражувач, тој секако е вклучен. Советникот, каде што по редовен пат, нели, по електронскиот систем, се паднал предметот, членот на Комисијата, Катица Николовска, јас се вклучив во предметот, така што со заеднички сили ќе истераме напред“, изјави Ивановска.
Како што истакнува таа, не може да се дадат строги рокови до кога би се сработил предметот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Бугарски државјанин протеран од земјава, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина
Полицијата уапси бугарски државјанин на Граничен премин Деве Баир, кај него се пронајдени боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Според информациите на МВР, вчера во 13:30 часот на Граничен премин Деве Баир, на влез во државата, полициски службеници го приведоа Н.И.Л.(47) од Република Бугарија затоа што при гранични проверки и извршен преглед во содејство со царински службеници на патничко возило „хонда џез“ со бугарски национални ознаки, со кое допатувал, биле пронајдени и одземени метален боксирач и транспарент со навредлива содржина.
Од Основен суд Крива Паланка му била изречена парична глоба и санкција „протерување на странец од земјата“ во траење од една година.
На 13.01.2026 во 02:10 часот Н.И.Л. е спроведен во Граничниот премин Деве Баир и е предаден на бугарските погранични полициски служби.
Македонија
МНР апелира македонските државјани да го напуштат Иран во прва можна прилика
Министерството за надворешни работи апелира сите македонски државјани што се наоѓаат во Иран да ја напуштат земјата поради влошената состојба.
„Поради влошената безбедносна состојба во Исламска Република Иран, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија апелира до македонските граѓани кои се наоѓаат на територијата на оваа држава, истата да ја напуштат во прва можна и безбедна прилика. Истовремено, се апелира да се одложат сите патувања кон Иран кои не се неопходни“, велат од МНР.
Министерството за надворешни работи ги има ставено на располагање сите свои капацитети за асистенција на државјаните на Република Северна Македонија, преку 24-часовниот СОС дежурен телефон +389 75 268 736, електронската адреса [email protected], како и преку дежурниот телефонски број на Дипломатско-конзуларното претставништво на Република Северна Македонија во Анкара: +90 539 456 97 10.
фото/епа
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.

