Топ
Возачот ги спасил лекарите – обид за напад со нож на екипа на Итна медицинска помош
Во полициска станица во Скопје вчера било пријавено од Итната медицинска помош дека при интервенција во селото Инџиково, 42-годишен жител на селото се обидел остар предмет да ја нападне екипата на домашна посета. Возачот на итната медицинска помош го спречил нападот.
„На 19.05.2023 во 16.35 часот во СВР Скопје, од Итна медицинска помош било пријавено при интервенција во село Инџиково, Т.К.(42) се обидел со остар предмет да ја нападне екипата за домашна посета, но бил спречен од возачот на Итната медицинска помош. По документирање на случајот Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава“, се вели во соопштението на МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Во затворот Идризово претепан и силуван осуденик
Синоќа во 23.27 часот во СВР Скопје, од Казнено – поправната установа Идризово било пријавено дека осуденикот М.А.(31) физички нападнал 40-годишен осуденик, по што извршил обљуба врз него, соопшти полицијата.
Според надлежните, по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Македонија
„Секој што се однесува неморално и неетички ќе биде санкциониран“, најави Мицкоски и очекува почитување на договореното за цените
Премиерот Христијан Мицкоски очекува почитување на договореното за намалување на цените на производите а секој што се однесува спротивно на тоа, како што најави, ќе биде санкциониран.
„Очекувам тоа што е договорено да биде и почитувано. Мерката треба да стартува денеска и очекувам намалување од најмалку 10 проценти“ рече Мицкоски, во однос на стапувањето во сила на ограничените профитни маржи за 73 прехранбени производи од есенската потрошувачка кошница.
Во врска со информациите дека дел од маркетите ги покачиле цените неколку денови пред усвојување на оваа есенска кошничка изјави дека секој кој се однесувал неморално и неетички ќе биде санкциониран.
„Апсолутно, секој оној којшто се однесува шпекулативно и неморално и неетички ќе биде санкциониран“, дециден е Мицкоски.
„Во периодот што следи ќе продолжиме да ја ажурираме оваа листа во зависност од потребите на граѓаните. Производите не се резултат на шпекулативна мерка, туку се резултат на анализа и теренски анкети водени со граѓаните кои производи можеби се најкористени од граѓаните, така ќе биде и пред новогодишните празници, така ќе биде и напролет, цело време така ќе функционираме. Целта ни е да го олесниме животот на граѓаните и да ја намалиме цената на производите“, додаде Мицкоски.
Околу промените на раководството во Државниот пазарен инспекторат (ДПИ), каде се уште е директор од претходната власт, Мицкоски посочи дека ќе има промени.
„Не брзаме со овие кадровски промени за да не бидеме под критика на јавноста дека партизираме, итн. чекориме многу внимателно, сакаме да ги почитуваме сите закони за да не немаме после илјадници тужби и милиони пари на народот да се слеваат во приватни џебови и затоа внимателно чекориме во тој процес. Мислам дека набргу од денеска и таа работа ќе биде заваршена, ќе дојде ново раководство во ДПИ“, кажа Мицкоски.
Македонија
(Видео) Петровска: Предлог-законот за бранителите не е шаховска игра, ниту обид за дестабилизација
Изјавите и коментарите на партиите од власта кои ги слушнавме и прочитавме изминативе десетина дена поврзани со Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Република Северна Македонија и членовите на нивните семејства, по скратена постапка се пораз за демократијата, демант на сите изјави на истите тие политичари кои велеа дека сме свесни за значењето на соживотот, меѓуетничките односни, но и најголем доказ дека некои политичари не ја сфатиле суштината на интеграцијата во Европската унија и не ја сфатиле својата улога во нашето општество, истакна на денешната прес-конференција Славјанка Петровска, пратеничка на СДСМ.
Предлог законот, според неа, има една единствена цел, а тоа е да се допрецизира право кое е веќе утврдено во законите и да се предвидат одредби кои ќе значат правилен и правичен надоместок за жртвите и настанатите последици.
„Но, наместо дебата, наместо дисусија за подобрување на текстот на законот, изјавите се сведоа под секое ниво и за жал, партиите на власт наместо да покажат државнички капацитет, покажаа незрело однесување и се впуштија во натпревар за тоа кој ќе го има последниот збор или кој ќе излезе со некој досетлив предлог. Почитувани колеги пратеници од власта, овој предлог закон не е шаховска игра, не е ниту провокација, ниту обид за дестабилизација. Овој предлог закон е одговор на барањето за правда и правичност и тоа се мотивите заради кој овој закон е поднесен. И овој закон не се однесува само на припадиниците на безбедносните сили кои учествувале во воениот конфликт во 2001, туку и на оние кои загинале извршувајќи задачи во интерес и заштита на Република Северна Македонија. Ако денес мене како предлагач ме обвинувате за дестабилизација и скриени намери, тогаш значи ли тоа дека и во ноември 2023 година кога ДПМНЕ го поднесе предлог законот правеше провокација? Дали тогаш нивниот предлог беше предизборен маркетинг и злоупотреба на ова прашање за изборни цели? Не сакам да помислам дека ова е така“, вели Петровска.
Додаде дека јавноста има право да ја знае вистината, и соопши дека предлог-законот кој тогаш бил поднесен како иницијатива од Достоинство бил подготвен во нејзиниот кабинет како министерка за одбрана во координација со Стојанче Ангелов.
„Но, заради неговата одлука да направи предизборна коалиција со ДПМНЕ, тој предлог-законот го поднесе како сопствена иницијатива, а не како предлог на Владата. И тој предлог-закон СДСМ го поддржа. Наместо од ДПМНЕ да уценуваат со писма кои постапката ја враќаат чекор назад, нека го задолжат Претседателот на Собранието да го примени Деловникот, исто онака како што тоа го направи за задолжувањето од Унгарија и согласно член 126 став 3 нека ја закаже седницата на комисијата за труд.
Во спротивно, изјавите на првиот вицепремиер Меџити дека ставот на владејачката коалиција е дека овој закон нема да се донесе ќе биде потврда дека ДПМНЕ во Собранието се само бројка и немаат капацитет да ги реализираат ветувањата“, нагласи Петровска.