Контакт

Актуелно

На аукција во Њујорк ќе бидат понудени седум портрети на музите на Енди Ворхол

Објавено пред

Аукциската куќа Sotheby’s објави во петокот дека на 11-ти и 12-ти ноември ќе понуди на наддавање уметнички дела од современата уметност меѓу кои се и седум портрети со почетна вредност од 50 милиони долари на музите изработени од „кралот на поп-артот“ Енди Верхол.

dobivaj vesti na viber

Аукциската куќа Sotheby’s објави во петокот дека на 11-ти и 12-ти ноември ќе понуди на наддавање уметнички дела од современата уметност меѓу кои се и седум портрети со почетна вредност од 50 милиони долари на музите изработени од „кралот на поп-артот“ Енди Верхол.Претставниците на аукциската куќа соопштија дека очекуваат „ѕвезда“ на наддавањето да биде портретот на „кралицата на Холивуд“ Елизабет Тејлор – „Лиз Бр 3“, создаден во силкографија од Енди Ворхол во 1963 година, со околу 30 милиони долари.„’Лиз Бр.3’ е еден од најраните портрети на Тејлор направен од Ворхол. Портретот не е покажен во јавноста повеќе од 40 години и никогаш претходно не е понуден на аукција“, се вели во изјавата на раководителот на одделот за современа уметност во Sotheby’s, Алекс Ротер, објавен на мрежната страница за аукциската куќа. Покрај споменатиот портрет, на аукцијата ќе бидат понудени и портретите на актерките Брижит Бардо, Мерилин Монро и Џуди Гаралнд, пејачката и фронтменка на американска рок група „Blondie“ Деби Хари, поранешната прва дама на САД, Жаклин Кенеди, и на португалската светски позната пејачка Сао Шлумберже. Се очекува дека сите седум експонати ќе достигнат цена меѓу 48 и 57 милиони долари.Како што уште се наведува во соопштението на Sotheby’s, Ворхол го направил портретот на Брижит Бардо во 1974 година на барање на поранешниот сопруг на актерката, познатиот германски фотограф и мултимилионер Гинтер Сакс. Делото останало во приватната колекција на клиентот до неговата смрт 2011 година. Ворхол создал вкупно осум портрети на Бардо, седум од нив на основа на своите снимки. Меѓутоа, за портретот кој ќе биде понуден на аукцијата била искористена фотографија на актерката направана во 1959 година од познатиот американски фотограф Ричард Аведон. Привичната процена на цената на ова дело е меѓу 10 и 15 милиони долари.Портретот на Сао Шлумберже, исто така, создаден од Ворхол во 1974 година, се состои од четири одделни слики. Организаторите на наддавањето очекуваат да достигне цена од два до три милиона долари, Портретите на Монро, Гарланд, Хари и Кенеди се преценети, пак, на по милион американски долари.Сликите на Ворхол во моментов се многу барани меѓу колекционерите. Така, во мај годинава неговото дело „Расни немири“ беше продадено на наддавање на аукциската куќа Christie’s за речиси 63 милиони долари, а сликата „Белата Мерилин” за 41 милион. Уште една негова славна слика, монументалниот „Сребрен судар” ланскиот ноември беше продадена за 105 милиони долари.Енди Ворхол е култната личност во историјата на поп-арт движењето. Во 1962 година тој ги создава своите познати слики „Зелените шишиња ‘Кока-кола’’ и „Лименките со супа „Кемпбел’“, а потоа започнува активно да соработува како фотограф и уметник со најголемите ѕвезди на неговото време. Тој сѐ уште е еден од најдобро продаваните современи уметници./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Актуелно

Со предавање на Нејтан Браун вечерва почнува фестивалот за критичка култура КРИК

Објавено пред

Вечерва (21 јуни), во 20 часот, во просториите на Чифте амам, почнува јавната програма на седмото издание на КРИК – фестивал за критичка култура, во организација на „Контрапукт“.

dobivaj vesti na viber

Фестивалот ќе го отвори професорот Нејтан Браун со предавањето со наслов „За жал, кутриот Јорик! Постоењето на духот е коска“.

Нејтан Браун е вонреден професор по англиски јазик и истражувач од Канада, кој ја води катедрата за поетика на Универзитетот „Конкордија“, Монтреал, каде што раководи со Центарот за проширена поетика. Автор е на три книги „Сенката на Бодлер: Есеј за поетската определба“, „Рационалистички емпиризам: теорија на спекулативна критика“ и „Границите на изработката: наука за материјали, материјалистичка поетика“.

„Шекспировиот ‘Хамлет’ и Хегеловата ‘Феноменологија на духот’ вклучуваат две од најпрепознатливите изреки во западната култура: ‘За жал, кутриот Јорик!’ и ‘Постоењето на духот е коска’. Што е тоа што го препознаваме кога ги слушаме или читаме овие зборови? Во рамките на предавањето ќе се користи спојот на овие фрази како повод за промислување на самиот факт на окупирање на просторот како минимална димензија на егзистенцијалната драма. Работејќи на односот, кој се воспоставува помеѓу сцената на гробиштата во Хамлет со другите елементи на сложената структура на драматуршката предлошка, каде што фигурите на просторното постоење се загрозени, ние ќе ги означиме како срж на физичките и метафизичките грижи, кои се читаат во текстот и на односот помеѓу духот и материјата. Ова ќе ни овозможи да го прецизираме посебниот модалитет на постоењето на драмата и да ги сфатиме историските и уметничките влогови на просудувањето на бескрајот суд кај Хегел“, се вели во најавата за настанот.

Прикажи повеќе...

Актуелно

Фестивал „Нови простори“ на кејот на Вардар во центарот на Скопје

Објавено пред

Фестивалот „Нови простори“ годинава ќе се одржи в сабота на 18 јуни, на кејот на реката Вардар, при што програмата е поделена на два дела и на две локации.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е на шеталиштето до влезот на бродот Синегалија, од страната на ГТЦ и таму ќе бидат сегментите: Отворање, „Нови поетски пространства“, „Танц на кеј“, „Светски поетски момент“ и „Сликаме на кеј“.

Вториот дел – концертот со сегметните „Нов бит“ и „Отворен микрофон” ќе одржи на скалите под Камениот мост, кај сидрото.

Продажната изложба ќе биде поставена утрото и сликарите ќе работат додека трае целата програма. Идејата е целокупниот настан да биде една голема заедничка уметничка инсталација. Согласно програмата, секој учесник ќе биде претставен во време од 6 минути, при што поетите во 2 минути ќе треба да се претстават себеси, а во 4 минути да прочитаат една или две песни. Сликарите ќе имаат можност да ги презентираат своите дела и да раскажат за својот начин на работа, уметничките погледи и ликовната поетика.

Во вториот дел се настапите на музичарите, при што секој бенд пред почетокот на настапот кратко ќе биде претставен, а пред крајот на концертот ќе биде доделена и наградата за публиката, тоа е специјално изненадување што ќе го добие еден гледач.

Доколку врне дожд, настанот ќе се одржи во холот на Гратскиот трговски Центар – приземје.

Фестивалот се организира со финансиска поддршка на Градот Скопје, во рамките на Програмата за култура за 2022 година.

 

Прикажи повеќе...

Актуелно

Костадиновска-Стојчевска во Вашингтон: Преку фондови ќе обезбедиме средства за заштита на културното наследство

Објавено пред

Во рамките на стратегискиот дијалог со Соединетите Американски Држави, министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска е дел од владината делегација којашто денеска отпатува во Вашингтон. Во рамките на престојот, таа ќе ги посети Националниот демократски институт (НДИ) и Меѓународниот републикански институт (ИРИ), а е предвидено еден сегмент од дискусиите да биде посветен на практика што е потребна во Северна Македонија за да се спречи нелегалната трговија на уметнички дела и артефакти.

dobivaj vesti na viber

„Во делот за културата, за стратегискиот дијалог со САД е од особено значење размената на искуства за културното наследство, особено во делот на нелегална трговија со артефакти, така што на средбата со Здружението тука ќе се потпише договор за соработка, што потоа треба да резултира со правни решенија, како и за евентуална размена на кадар за успешно спроведување во целост“, вели Костадиновска-Стојчевска од САД.

Таа истакнува дека според проценките, над 1000 артефакти се водат како украдени од Северна Македонија.

Вториот дел е „Програма Фулбрајт“ (Fulbright Program), програма која не е само за образовна размена туку и за многу грантови од областа на културата.

„Би сакала да ја зголемиме соработката бидејќи сметам дека е време да користиме фондови и практика однадвор, не само од ЕУ. Како земја имаме проект во Хераклеја инвестиран од страна на Амбасадата на САД по долг период. Дефинитивно културните практики за заштита на културно наследство се со цел да се подобрат процесите за спречување нелегална трговија со артефакти така што посетата ќе биде чекор напред за донесување закон за илегална трговија на артефакти и уметнички дела од Северна Македонија“, заклучува Костадиновска-Стојчевска.

Амбасадорскиот фонд за зачувување на културата е една од многуте програми што ги води Бирото за воспитни и културни работи на Стејт департментот на САД како дел од својата мисија за јавна дипломатија преку едукативно и културно програмирање и размена.

Преку 16-те грантови на Амбасадорскиот фонд, САД обезбедија 1,5 милиони американски долари за заштита на културното наследство во Северна Македонија.

Грантови од Амбасадорскиот фонд на САД во изминативе 20 години добија најзначајните локалитети и објекти од областа на културното наследство кај нас, како: Стоби, црквата „Света Богородица Перивлепта“ во Охрид, објектите Даут-пашин амам, Чифте амам и црквата „Свети Спас“ во Скопје, Шарената џамија во Тетово, манастирот во Вељуса кај Струмица, локалитетот Хераклеја Линкестис кај Битола и други.

Амбасадорскиот фонд за заштита на културата е грант-програма основана во 2001 година од Стејт департментот, на барање од Конгресот на САД. Од своето основање, Амбасадорскиот фонд (The Ambassadors Fund for Cultural Preservation) има поддржано над 1000 проекти за заштита на културата во 133 земји низ светот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија30 минути

Чад се шири од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора, Ангелов смирува: Нема опасност за куќите во Чучер

Големи облаци чад се шират од неколку места во подножјето на Скопска Црна Гора. Забележливи се и од градските улици...

Македонија3 часа

Поради пожар, целосно прекинат сообраќајот кон граничниот премин Блаце

Министерството за внатрешни работи известува дека поради ширењето на пожарот во близина на Блаце, целосно е прекинат сообраќајот на патниот...

Македонија6 часа

(Видео) Хеликоптерите на МВР со над 70 тони вода го гаснеа пожарот кај Блаце

Во рамките на денешните активности полициските службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при Министерството за внатрешни работи активно учествуваа...

Македонија6 часа

Изгорено човечко тело пронајдено во Ѓорче Петров – прва жртва од пожарите во Скопско

Човечко тело било пронајдено изгорено во помошна просторија по пожарот што вчера избувна кај мостот на реката Лепенец, во близина...

Македонија7 часа

(Видео) На 400 невработени Владата ќе им плати по 24.000 денари ако се пријават за помош во гаснењето пожари, најдобрите ќе добијат и вработување

Владата ги повика невработените да се пријават на огласи што ќе ги распишат општините за помош во справувањето со пожарите....

Македонија7 часа

Владата со бесплатни инвитро-процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска-Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и ја...

Македонија9 часа

Апелот на Министерството за здравство да не се снимаат пациентите од дискотеката во Кочани е загрижувачки, смета Хелсиншкиот комитет

Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост поради апелот на Министерството за здравство до медиумите да не ги фотографираат...

Македонија10 часа

Кирков: Поморот во куќата на стравот продолжува – во Скопје ЗОО починаа уште две лами

„Нашата, скопската Зоолошка, е една хорор-приказна изминативе 3,5 години, ја нареков куќата на стравот со цел некоја ‘умна’ глава преземе...

Македонија11 часа

(Видео) Два полициски хеликоптера го гаснат пожарот во околината на Блаце

Денеска, од 5 часот, полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, со два хеликоптера на единицата за...

Европа11 часа

(Видео/фото) Масивен руски напад со дронови врз Киев, Харков и Одеса

Руските сили ја нападнаа Украина со беспилотни летала од типот „Шахед“, при што најтешко се погодени Харков, Одеса и Киев,...

Македонија12 часа

(Видео) Ангелов: Пожарот кај Блаце делумно под контрола

Рано утрово по 5 часот e започнато со гасење на големиот пожар на отворен простор, којшто вчера во попладневните часови...

Свет12 часа

Татко загина спасувајќи го семејството во Тексас: катастрофалните поплави одзедоа најмалку 80 животи

Катастрофалната поплава што го погоди југоисточен Тексас одзеде најмалку 80 животи, вклучувајќи 21 дете, соопштија локалните власти. Обилните дождови што...

Македонија12 часа

(Видео) Три хеликоптери го гаснат пожарот кај селата Чучер и Блаце

Утрово трите хеликоптери (два на МВР и еден на АРМ) во 05.00 часот почнаа со дејство над пожарот на територијата...

Свет13 часа

Трамп: Испраќаме писма за царините до сите земји

САД ќе почнат да испраќаат писма до своите трговски партнери за нови договори и тарифи почнувајќи од денес, изјави американскиот...

Свет13 часа

Трамп: Тажно е да се гледа како Илон целосно ја губи контролата

Американскиот претседател Доналд Трамп ги нарече плановите на Илон Маск за основање нова политичка партија „смешни“ и додаде дека Соединетите...

Свет13 часа

(Видео) 80 мртви во поплавите во САД, меѓу нив и 28 деца: потрагата по исчезнатите продолжува

Бројот на жртви од катастрофалните поплави што го погодија централниот дел од Тексас рано утрово се искачи на најмалку 80,...

Македонија14 часа

(Видео) Ангелов: Mожна причина за пожарот кај Блаце е фрлено догорче од цигара од возило во движење или намерно потпалување

Два полициски хеликоптера, еден армиски хеликоптер, еден Хермелин со цистерна на ДЗС, еден Пинцгауер на ДЗС и едно теренско возило...

Македонија14 часа

Пожарот зафати само надворешен дел од дворот на Психијатриската болница во Бардовци, нема причина за загриженост, велат од Министерството за здравство

По пожарот што вчера зафати дел од тревна површина во дворот на ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“, Министерството за здравство ја...

Македонија14 часа

(Видео) Во седум налети хеликоптерот на МВР исфрли 10 тони вода

Вчера полициски службеници од Хеликоптерската единица за полициски намени при МВР, а по претходно добиено барање од ЦУК за преземање...

Македонија19 часа

Нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце

Ноќеска е нормализиран патниот сообраќај до граничниот премин Блаце. Укината е забраната и за товарните моторни возила и за автобусите....