Спорт
Лејкерси: Ќе ја поддржиме секоја одлука на Леброн

ЛА Лејкерси добија „метла“ од Денвер Нагетс во финалето на Западот. По поразот во четвртиот натпревар, зборовите на Леброн Џејмс привлекоа големи реакции во јавноста. Леброн најави дека размислува да стави крај на кариерата.
Малку е веројатно дека Леброн, ќе реши да ја заврши кариерата, по убедливиот пораз од Денвер. Голем број медиуми и аналитичари коментираат дека само сакал да го привлече вниманието, односно малку да се зборува за метлата која ја добија Лејкерси од Нагетс.
Два дена по елиминацијата се огласија и челниците на Лејкерси со кои „Кралот Џејмс“ има договор на уште две години. Роб Пелинка, генералниот менаџер, се надева дека Леброн ќе ја продолжи својата неверојатна кариера.
„Има време да се разговара за се. Леброн и даде на кошарката повеќе од кој било пред него во историјата. Тој го заслужи правото да одлучи што е најдобро за него. Се надеваме дека ќе продолжи да игра, но и да одлучи поинаку ќе ја има нашата апсолутна поддршка“, изјави Пелинка.
Леброн во финалето против Денвер имаше просек од 24,4 поени, 9,9 скока и 6,5 асистенции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Јан Облак без рамен во Ла Лига го прескокна Икер, следен е Зубизарета

Голманот на Атлетико Мадрид, Јан Облак продолжува да ја пишува историјата на шпанскиот фудбал. Во ремито на Атлетико на гостувањето кај Алавес, Облак по 173-ти пат во Примера успеа да ја сочува мрежата и со тоа на вечната листа да го надмине големиот Икер Касиљас, кој остана непоразен во 172 натпревари. На вечната листа се наоѓа Андони Зубизарета со 232 натпревари без примен гол, па следува Пако Бујо со 212, а трет е Облак со 173.
Но, ако се погледне процентот на натпревари на кои голманите во Ла Лига останаа непоразени, Облак е убедливо на првото место. Верувале или не, Облак остана непоразен во Примера со 48%, потоа Виктор Валдес со 44%, Бујо со 39%, Зубизарета со 37%, а последен во топ 5 е Икер Касиљас со 34%.
Во превод, Облак е на добар пат да стане најдобар голман во историјата на Ла Лига, доколку остане уште две или три години во Атлетико…
Спорт
Рагник: Откако заминав, Јунајтед потроши 800 милиони за да биде уште полош

Селекторот на австриската фудбалска репрезентација, Ралф Рангник, се осврна на периодот кога работеше во Манчестер Јунајтед пред три и пол години, како оперативец и како менаџер.
Во тоа време, тој имаше неколку интересни предлози кои не беа прифатени од англискиот гигант.
Тој брзо си замина, Ерик тен Хаг го наследи, а откако не ги исполни очеквањата на неговото место дојде Рубен Аморим. Ниту Португалецот не успеа да ги порави работите, проблемите се исти како и тогаш.
„На крајот од таа сезона кога бев во клубот, требаше да се направат само неколку основни работи. И, всушност, од тогаш до денес, беа потрошени 750 или 800 милиони евра, а на табелата во Премиер лигата клубот е драматично полош отколку што беше тогаш“, рече Рангник и додаде:
„Го доведоа Аморим на средина од сезоната, кој игра со тројца или петмина во последната линија, а тимот е прилагоден да игра со четворица во одбраната. Сето ова е јасно видливо на теренот, особено во Премиер лигата против тимови што Манчестер Јунајтед би морал да ги победи. Во ред, во Лига Европа успеаја да свртат некои ситуации, како против Лион“, рече германскиот стручњак.
И покрај сите неволји, Манчестер Јунајтед е на добар пат да се пласира во финалето на Лига Европа. Освојувањето на трофејот во ова натпреварување би му обезбедили место на Јунајтед во Лигата на шампионите, иако е само 14-ти во Премиер лигата.
Во првиот натпревар од полуфиналето на Лигата на Европа, Јунајтед го победи Атлетик во Билбао со 3:0, и треба да се случи вистинско чудо за да не се најдат во борбата за трофејот. Во финалето ќе играат против подобриот од двата натпревари, Тотенхем – Боде Глимт. Клубот од Лондон го доби првиот натпревар на домашен терен со 3:1.
„Со освојувањето на Лигата на Европа, тој би можел да ја спаси сезоната, бидејќи би се квалификувал за Лигата на шампионите. Се друго би било разочарување и би било интересно да се види што ќе се случи потоа“, заклучи тренерот на Австрија.
Спорт
(Видео) Меси и Суарез за триумф на Мајами

Интер Мајами убедливо ги победи Њујорк Ред Булс со резултат од 4:1. Блесна Лионел Меси со брилијантен гол.
Во победата на својот тим, Аргентинецот го постигна најубавиот гол на натпреварот по одлична акција со Сеговија.
Натпреварот беше решен во првото полувреме. Домашниот тим постигна три гола во првите 45 минути и со тоа практично го реши прашањето за победникот. Пикол го доведе Интер во водство во деветтата минута, а подоцна Вигант го дуплираше водството во 30-та минута. Во 39-та минута беше 3:0 кога Луис Суарез го постигна својот втор гол оваа сезона во МЛС лигата. Тоа не беше крај, бидејќи Софо го намали водството на домашниот тим во 43-та минута.
Второто полувреме беше формалност, но момент на магија беше виден во 67-та минута. По неколку двојни додавања со Сеговија, Меси успеа да се избори за позиција и шутираше прецизно под пречката за конечен резултат. Ова беше неговиот четврти гол во седум натпревари.
That man Messi strikes again!
Patrick Mahomes is loving it. 👏 pic.twitter.com/o0HXoxaqxa
— Major League Soccer (@MLS) May 4, 2025