Свет
(Видео) Пригожин снимен покрај ковчег со американско знаме: Тврди дека го предале телото на поранешен специјалец
Основачот на руската паравоена група Вагнер, Евгениј Пригожин, за Си-Ен-Ен потврди дека на Украина ѝ го предал телото на Николас Мајмер, пензиониран војник од специјалните сили на американската армија, кој загина во битката кај Бахмут.
„Денеска во 15:00 часот го предадовме телото на Американецот Николас Мајмер на украинската страна“, изјави вчера Пригожин во аудио порака.
Мајмер бил во зграда во Бахмут која се урнала откако била погодена од артилериски оган, вели пензионираниот потполковник Пери Блекбурн, основач на непрофитната организација AFGFree, со која Мајмер работел во Украина. Блекнурн истакна дека Украинците кои биле со Мајмер верувале дека тој или бил заробен во урната зграда или убиен од руската артилерија.
Yevgeny Prigozhin claimed that an American citizen was killed in action and two Turkish citizens died under the rubble of a collapsed building in Bakhmut.
The claims could not be independently verified.
Ukraine war latest: https://t.co/IjTDh57wuh pic.twitter.com/NBiFfyyHRV
— Sky News (@SkyNews) May 25, 2023
Си-Ен-Ен не можеше самостојно да ги потврди деталите за смртта на Мејмер. Во видео споделено од прес-службата на Пригожин, шефот на Вагнер стои покрај два ковчези, едниот покриен со американско знаме, а другиот со турско знаме.
„Американецот е убиен во битката во „гнездото“ (една од последните области за кои се водат борби на западниот дел на градот)“, вели Пригожин во видеото.
Тој додаде дека во вториот ковчег имало тело на турски државјанин кој бил во Бахмут со својата партнерка.
„Најдени се под урнатините на зградата, поточно тој и неговите документи. По повлекувањето, Украинците ја разнесоа зградата, а тие загинаа под урнатата зграда. Не успеавме да ја извлечеме неа, но него го извлековме надвор и тој ќе се врати во својата татковина“, рече Пригожин.
Украинскиот координативен штаб за третман на воени заробеници потврди за Си-Ен-Ен дека телото на Мајмер, заедно со телото на турскиот државјанин, било вратено во Украина вчера за време на размената на воени заробеници. Видеото што го сподели групата покажува ковчег обвиен во американско знаме што одговара на она што се гледа на видеото со Пригожин.
По смртта на Мајмер минатата недела, Пригожин објави видео на кое наводно се гледа телото на убиениот Американец. Се гледа како го прегледува телото и, како што тврди, се американски документи за идентификација.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
ОН: Најмалку 127 цивили убиени во израелски напади во Либан и покрај прекинот на огнот
Канцеларијата на Обединетите нации за човекови права денес објави дека најмалку 127 цивили се убиени во Либан во израелски напади откако беше постигнат прекин на огнот пред речиси една година.
ОН повика на итна истрага и строго почитување на прекинот на огнот, објави Ројтерс.
„Речиси една година по договорениот прекин на огнот меѓу Либан и Израел, продолжуваме да бидеме сведоци на интензивирање на израелските напади што резултираат со цивилни жртви и уништување на цивилни објекти во Либан, со алармантни индикации за поширока офанзива“, изјави портпаролот на канцеларијата, Тамин Ал-Китан, на прес-конференција во Женева.
Тој додаде дека податоците се базираат на методологијата на ОН, но дека вистинскиот број на загинати цивили може да биде поголем.
Фото: принтскрин
Свет
Калас: Европа бара разоружување на Русија
Шефицата на европската дипломатија, Каја Калас, изјави дека конечниот мировен план за Украина мора да содржи јасни механизми што би спречиле каква било повторна инвазија на Русија. Зборувајќи на BBC Radio 4, таа нагласи дека е потребно Москва да прифати отстапки и да преземе целосна одговорност за војната.
Калас подвлече дека конфликтот не може да се заврши без структурни промени во пристапот на Русија кон меѓународните обврски.
„Ако сакаме ова да заврши засекогаш, навистина ни требаат отстапки од Русија. Не можете само да нападнете друга земја и да не преземете никаква одговорност“, нагласи таа.
Според неа, идниот мировен договор мора да ја вклучува обврската на Русија да ги почитува меѓународните договори, како и намалувањето на бројот на нејзините вооружени сили. Ова, според Калас, е клучот за одржлива безбедност на Украина и Европа.
Осврнувајќи се на можноста за враќање на Русија во Г8, Калас беше недвосмислена:
„Тоа е дефинитивно неприфатливо. Не можеме да се вратиме на вообичаеното работење, како би можеле да го замислите тоа?“
Шефицата на европската дипломатија претходно изјави дека Москва „нема право“ да поставува услови за Киев за време на мировните преговори и дека Европската Унија има „јасен план“ за Украина – во време кога американскиот претседател Доналд Трамп предлага нов модел за решавање на конфликти.
Според Калас, европската политика останува конзистентна: мирот мора да се постигне за Украина да биде трајно заштитена, а Русија да биде спречена да ја повтори агресијата.
Фото: принтскрин
Регион
Вучиќ: Ние сме воено неутрална земја и ќе соработуваме со кого сакаме
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека Србија е воено неутрална земја која сама избира со кого ќе соработува.
Тој го кажа ова во Претседателството, одговарајќи на новинарско прашање за коментар на изјавата на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, кој рече дека Србија има суверено право да учествува во вежби со кинеската армија, но дека ќе „се дистанцира од соработката на Вучиќ со Кина“.
„Ние сме воено неутрална земја и ќе соработуваме со кого сакаме“, изјави Вучиќ во врска со изјавата на Руте.
Како што вели, се дистанцира од НАТО и од сè што НАТО направи во 1999 година, додавајќи дека и српскиот народ се дистанцирал од него.
„Затоа што сакаме добро да соработуваме со нив. Тоа го направивме особено преку КФОР. Среќни сме поради многу професионалниот однос што го имаме со КФОР. Имаме добри односи со НАТО, ќе продолжиме да имаме добри односи со НАТО. Затоа му се заблагодарувам на г-дин Руте што се дистанцира од мене. Немам проблем со тоа, ми направи услуга. Србија е слободна земја и суверена земја и ќе остане таква“, рече Вучиќ, објави Танјуг.
Фото: принтскрин

