Регион
(Видео) Нови инциденти во Косово: полицијата фрли солзавец врз вработените во општина Звечан, а тензично и во Зубин Поток и Лепосавиќ

Србите што живеат на Косово и Метохија утрово почнаа да се собираат пред општинските згради во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ. Пред зградите на тие општини има сили на косовската специјална полиција со шлемови и во целосна борбена опрема.
Има и сили на КФОР со војници вооружени со долги цевки и опрема за разбивање демонстрации, кои се распоредени пред и околу зградата на локалната власт во Звечан. Вработени во локалната самоуправа во Звечан дојдоа до општинската зграда, се обидоа да влезат, но полицијата ги запре на самиот влез, а во неколку обиди да упаднат во зградата полицијата употреби солзавец.
Полицијата распореди специјалци на сите поголеми раскрсници на северот на Косово. Училиштата се затворени.
Ситуацијата од рано наутро е тензична на сите места на северот од Косово поради невообичаено голем број припадници на полицијата и КФОР.
Во петокот, по обидите на граѓани од северот на Косово да ја спречат полицијата да влезе во општинските простории во Звечан, Зубин Поток и Лепосавиќ, дојде до конфликт, во кој полицијата употреби солзавец, димни и шок-бомби.
Неколку Срби беа повредени, а косовската полиција влезе во општинските згради и во нив ги внесе градоначалниците Албанци.
BREAKING: NATO troops have taken over buildings in Kosovo. American troops and American money.
We went from peace and progress under Trump to chaos and troop occupation under Biden.
Biden is so weak. https://t.co/1D6dtjslp8
— Richard Grenell (@RichardGrenell) May 29, 2023
Ричард Гренел, поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател Доналд Трамп за дијалог меѓу Белград и Приштина, утринава на својот твитер-профил објави дека во Косово е „од мир и напредок до хаос и окупација“.
„Војниците на НАТО окупираа згради во Косово. Тоа се американски војници и американски пари. Поминавме од мир и напредок за време на Трамп до хаос и окупација под Бајден. Бајден е толку слаб“, напиша Гренел.
Во својата објава на „Твитер,“ со наслов „Последна вест“, Гренел сподели видео од улицата на која се наоѓа општинската зграда во Лепосавиќ, на која се гледаат бодликава жица и голем број припадници на КФОР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Хрватска урива стотина дивоградби покрај брегот

Во наредните три недели на плажата Зрќе во Новалија ќе бидат урнати 124 бесправно изградени објекти, соопшти Државниот инспекторат на Хрватска, пренесе „Јутарњи“. Од нив, 119 се наоѓаат во камп, а пет се угостителски објекти изградени без дозвола надвор од градежната зона.
Инспекторатот соопшти дека отстранувањето ќе се врши на трошок на сопствениците и е проценето на околу 720 илјади евра. Акции за уривање на нелегални градби ќе има и во други делови oд Хрватска.
Од 2019 година досега во таа земја се отстранети повеќе од 2300 нелегални градби, спроведени се повеќе од 42 илјади инспекциски надзори, поднесени се 334 кривични пријави, а изречените парични казни достигнуваат 16,5 милиони евра, соопшти Инспекторатот.
Регион
Бугарија може да му дозволи на Путин да прелета над земјата за да се сретне со Трамп во Будимпешта

Авионот што го превезува рускиот претседател Владимир Путин би можел да добие права за прелет над Бугарија, за да може рускиот лидер да присуствува на состанок со американскиот претседател Доналд Трамп во Будимпешта, според министерот за надворешни работи Георгиев, објави државното радио.
„Доколку има напори за постигнување мир, ако тоа е услов за одржување на состанок, тогаш најлогично е да се овозможи состанок од ваков тип на изводлив начин“, рече Георгиев, според извештајот.
Георгиев зборуваше на маргините од состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург. Една можна воздушна рута од Москва до Будимпешта ги опфаќа Црното Море, Бугарија и Србија, но бугарскиот воздушен простор е затворен за руски авиони од инвазијата на Украина во февруари 2022 година.
Други рути се протегаат на север, низ Белорусија и Полска или преку Балтичкото Море, Германија и Чешка. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Марко Рубио, кои се задолжени за подготовка на самитот Путин-Трамп, разговараа во понеделник, објави руското Министерство за надворешни работи.
Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде потерница по Путин, а Унгарија е во процес на повлекување од таа меѓународна институција.
Москва го отфрла обвинението на МКС и ја прогласува потерницата по Путин за доказ за непријателството на Западот кон Русија.
Регион
(Фото) Тело на новороденче пронајдено во Нови Сад, мајката веднаш уапсена

Утрово, во Нови Сад, е пронајдено безживотно тело на новороденче, а кратко потоа е уапсена жена за која се сомнева дека е мајката на детето, пренесува „Нова.рс3.
Жената е затекната само на 50 метри од местото на кое е пронајдено телото, во влез од зграда, по што полицијата веднаш ја привела.
View this post on Instagram
Полицијата го блокирала просторот каде што е пронајдено детето. Во тек е истрага за утврдување на сите околности на овој трагичен случај.
Повеќе детали ќе бидат познати по завршувањето на истрагата.
фото: принтскрин