Македонија
(Видео) Ковачевски: Сите пратеници да го дадат својот глас за народот, а не за кариерата на кој било политичар
Ќе ги предложам сите потребни одлуки Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел, а тоа е членство во ЕУ, се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на кој било политичар во државата, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
„Уште еднаш одовде испраќам порака и повик за сплотеност, заедништво, обединување и издигнување над нашите политички, идеолошки разлики во име на поквалитетен живот и посигурна иднина за сите нас и за идните генерации“, рече Ковачевски во своето обраќање на мултинационалната вежба „Брз одговор 23“.
Ковачевски рече дека во периодот од 2006 до 2016 година тогашното раководство на државата решило да чека и не донесе ниту една стратешка одлука за државата, со што земјата заглавила во изолација 10 години.
„Еднаш раководството на државата во 2006 година реши да чека и чекаше од 2006 до 2016 година. Не донесе ниту една стратешка одлука за државата. 10 години на народот му продаваше реклами на ТВ, на кои трошеа повеќе средства отколку што денес се трошат средства за изградба на градинки, нови училишта или опремување на Армијата. На крајот, поминаа тие 10 години и сите сфативме дека сме останале сами и изолирани. Затоа од 2016 година се донесоа одлуки со кои државата стана земја членка на НАТО, со кои државата почна преговори со ЕУ. Благодарение на тие одлуки денес ние сме држава што претседава со ОБСЕ, ние сме држава, која од корисник на мировни мисии, пред 30 години, денес е земја во која други држави преговараат за решавање на своите проблеми. Јас како што кажав пред неколку дена, ќе го предводам и ќе ги предложам сите потребни одлуки, Северна Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел, а тоа членство во ЕУ. Се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници, ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за личната кариера на кој било политичар во државата“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
ЗНАМ: Расте поддршката за Мирослав Лабудовиќ во Центар
Во пресрет на изборите, расте поддршката за кандидатот за градоначалник на Општина Центар, Мирослав Лабудовиќ, чија визија за инклузивен, развиен и современ Центар сè повеќе ги обединува различните заедници.
Денес, Лабудовиќ оствари две исклучително важни и конструктивни средби – со претседателот Миљазим Сакипов и Демократската партија на Ромите, како и со претставниците на Движењето за демократија, права и слобода (ДПС). На овие средби беше потврдена взаемната доверба, заедничката визија и определбата за општина што ќе биде пример за еднаквост, достоинство и меѓусебна почит.
„Нашиот Центар е пример за различност што обединува, и токму во таа различност е нашата најголема сила. За мене, тоа не е само политички став, туку лична определба. Верувам во Центар каде што сите – без разлика на вера, нација, возраст или социјален статус – ќе имаат еднакви можности да живеат подобро, да учествуваат во одлуките и да се чувствуваат вреднувани“, изјави Лабудовиќ по средбата.
Тој истакна дека во наредниот период, заедно со овие партнери, ќе работи на реални решенија што ќе го подобрат секојдневието на граѓаните: подобра инфраструктура, повеќе услови за младите, поддршка за образованието и вработувањето, како и вистинска интеграција на сите заедници во општинскиот живот.
„Центар треба повторно да стане место на доверба и заедништво, општина што слуша, почитува и делува – за секој граѓанин, во секое маало. Со оваа поддршка, испраќаме силна порака дека Центар може да биде симбол на современа, хумана и европска општина што ќе ги обедини луѓето околу доброто, а не околу поделбите,“ додаде Лабудовиќ.
Поддршката од ДПС и Демократската партија на Ромите е потврда дека визијата за Центар како дом на сите добива сè поголема сила и општествено признание. Таа е доказ дека заедништвото и почитта се темелите врз кои може да се гради вистинска иднина.
„Центар е наш заеднички дом. Со заедничка работа, љубов и искреност, ќе го направиме место на еднакви можности, достоинство и гордост за сите негови жители,“ порача Лабудовиќ.
Македонија
По шест децении ќе се гради нова амбуланта во Автокоманда
Министерот за здравство, Азир Алиу и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска, во Министерството за здравство потпишаа заеднички договор за изградба на нова амбуланта во населба Автокоманда, што ќе функционира во рамки на Здравствен дом Скопје.
– Новата амбулантата ќе биде изградена на местото на постојниот дотраен и руиниран објект, што бил изграден непосредно по земјотресот во Скопје, во 1963 година. Изградбата на оваа амбуланта е добар пример за соработка меѓу централната и локалната власт, истакна министерот Алиу.
Општина Гази Баба и Министерството за здравство, согласно договорот ќе соработуваат во изготвување на потребната документација за основниот проект за изградба во сите фази и обезбедување проектна документација за што побрзо реализирање на овој заеднички проект.
Македонија
Села до Меџити: Не сум дел од власта туку сум спроти неа, не рамо до рамо туку лице в лице
Лидерот на едното крило на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, преку објава на „Фејсбук“ одговори на излегувањето на Изет Меџити, нагласувајќи дека не е дел од ниту една влада и дека секогаш стои спроти власта, а не покрај неа.
„Во комуникација со мене — не. Не сум дел од Владата. Не стојам со тие што сакаат да ни ги одземат правата како народ“, напиша Села, додавајќи дека политичките успеси ги мери според тоа колку придонел Албанците да бидат порамноправни, а не според привилегиите на власта.
„Во парламентот ќе имаме работа со вас и со ВМРО, како и секогаш — власта на едната страна, јас на другата. Не рамо до рамо, туку лице в лице!“, порача Села.
Изјавата на Села следи откако Изет Меџити од ВЛЕН, прашан дали имало разговори во насока на приклучување на Села во власта, рече рече дека политичката сцена кај Албанците е измешана и дека комуницира со сите, додавајќи дека можно е да има турбуленции и понатаму.

