Забава
Принцот Хари останува во брак со Меган само поради децата, тврдат кралски извори

Додека се шират шпекулациите дека принцот Хари наводно се консултирал со адвокати за развод пред неколку месеци, поранешниот батлер на принцезата Дијана, Пол Бурел додаде масло на огнот по неодамнешното интервју за „ГБ њуз“.
Бурел, кој беше долгогодишен доверлив човек на покојната принцеза Дијана, откри дека војводата од Сасекс останува во брак поради своите две деца.
„Дали јас сум единствениот човек во Обединетото Кралство кој размислува: дали Хари, конечно, се разбуди со вистината? Дали, конечно, ја виде вистината за она што го прави неговата сопруга и дека е со испран мозок и маѓепсан од нејзината убавина или така нешто?“
„Затоа што сите тоа го знаеме, но тој тоа не го гледа“, изјави Бурел за „ГБ њуз“.
Војводата и војвотката од Сасекс се венчаа во 2018 година и се преселија во САД за да избегаат од таблоидите.
По објавувањето на своите мемоари Spare („Резерва“), британската јавност негодуваше за откритијата на Хари и заладените односи со своите татко и брат.
Бурел потенцира дека луѓето ќе го пречекаат Хари со раширени раце кога ќе се врати во Обединетото Кралство по можност без Меган.
„Постои елемент кај Хари што сите го сакаме. Едноставно, не разбираме зошто го прави она што го прави во моментот“, додаде Бурел.
Хари и Меган пред неколку недели ја прославија својата петта годишнина од бракот без никакви објави на социјалните мрежи.
Ова се случи откога Хари беше принуден да негира дека има луксузна хотелска соба, што наводно ја користи за да биде сам во близина на својата куќа во Калифорнија.
Писателката леди Колин Кембел исто така тврди дека Хари повикал адвокати пред неколку месеци откако тој и Меган наводно имале проблеми во бракот.
„Наводно веќе некое време има проблеми во бракот. Слушнав од пет сосема сигурни извори дека Хари ги повикал адвокатите пред неколку месеци“, изјави таа за „ГБ њуз“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
(Видео) Безос ја продаде својата вила во Вашингтон: го собори рекордот за најскап имот

Џеф Безос, сопственик на Blue Origin и основач на Amazon, стана побогат за 63 милиони долари. Тој ја продаде својата луксузна вила во Хантс Поинт, Вашингтон, соборувајќи државен рекорд.
Продажбата на палатата на Безос стана најскапиот станбен имот во историјата на државата Вашингтон. Како што пишува Washingtonian, рекордот го држела медитеранска вила во која престојувале повеќе од 12 шведски амбасадори, со 17,3 милиони долари.
Безос ја купи гореспоменатата вила во 2019 година по разводот со новинарката Мекензи Скот. За тоа платил 37,5 милиони долари, што значи дека од продажбата остварил профит од над 25 милиони долари. Вилата се простира на повеќе од 3 хектари и има три спални соби, четири бањи, лифт, тераса на покривот и стаклен мост што ја поврзува со гостинската куќа.
Забава
(Фото/Видео) Џенифер Лопез блескаше во розевиот комбинезон во боксот на Ферари

Џенифер Лопез со нови фотографии на Инстаграм предизвика лавина реакции. Пејачката присуствуваше на трката за ГН на Формула 1 во Саудиска Арабија, а обожавателите беа особено импресионирани од нејзината облека.
Лопез за оваа пригода избра тесен розов комбинезон од латекс, кој ја истакна нејзината фигура. „Донесуваме малку сјај во Ф1“, напиша таа покрај фотографиите кои за само неколку часа им се допаднаа на речиси 800.000 луѓе.
„Латина Барби“, „Како да си ја измислила розовата боја“, „Ф1 Барби“, „Еве ја мојата Барби кралица“, „Никој не може да ти парира“, „Изгледаш апсолутно прекрасно“, „Оваа жена е спектакуларна“, „Веќе победи во трката“, „Ние ја сакаме Џеј Ло Барби“, „Опседната сум со овој изглед“, „Ова е совршенство“, се само дел од коментарите.
Забава
(Видео) Снимка од настап на Лејди Гага стана вирална, микрофонот и се расипа среде песна: „Барем знаете дека пеам во живо!“

Лејди Гага доживеа незгода за време на нејзиниот настап на вториот викенд на фестивалот Коачела. Среде изведување на песната Абракадабра, на пејачката и се расипа микрофонот, но таа продолжи да пее.
Некој од публиката објави видео од незгодата на Икс. На видеото Гага им се обрати на присутните коментирајќи го инцидентот. „Простете ми што накратко ми се расипа микрофонот… Барем знаете дека пеам во живо!“, се пошегува таа.