Забава
Експертите ја откриваат идеалната разлика во години за успешна врска
Луѓето често велат дека љубовта е слепа, но според новото истражување, разликата во годините, всушност, може да ја одреди должината на врската помеѓу двајца.
Концептот за романса или брак со некој значително помлад или постар сè уште предизвикува контроверзии, а има многу примери на славни парови што сведочат за тоа.
Помладите девојки на Леонардо ди Каприо, познат по тоа што не излегува со постари од 25 години, или Роберт де Ниро, кој неодамна доби дете на 80 години со својата девојка Тифани Чен (45) – се актуелни теми во светските шоу-биз медиуми и на социјалните мрежи.
Тука е и францускиот претседател Емануел Макрон, кој има 45 години, а кога беше избран на функцијата во 2017 година најмногу се зборуваше за неговиот брак со Брижит Троњо, која денес има 70 години и е 25 години постара од својот сопруг.
Научниците сугерираат: ако сакате вашата љубов да трае, идеалната разлика во возраста е една година.
Иако секогаш има исклучоци, студијата спроведена од Универзитетот „Емори“ во Атланта тврди дека одредени разлики во годините може да бидат проблем во врската, односно колку е поголема разликата во годините меѓу партнерите, толку се поголеми шансите да прекинат.
Истражувањето, во кое беа опфатени 3.000 испитаници, покажа дека паровите со петгодишна разлика во возраста имаат 18 отсто поголеми шанси да раскинат од оние со партнери на иста возраст. Интересно е тоа што таа бројка скокна на 39 отсто за парови со разлика од 10 години во возраста.
За оние со 20 години разлика во возраста истражувањето предвидува дека постои 95 проценти веројатност да се разделат.
Која би била идеалната разлика во годините? Научниците сметаат дека најмали шанси да раскинат, односно само три проценти, имаат парови со разлика од една година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Забава
Најагресивните раси на кучиња кои не се препорачуваат за неискусни сопственици
Секое куче може да биде агресивно, без разлика на расата. Порталот „Дог академи“ посочува некои од најагресивните раси кучиња и додава дека одредени раси на кучиња се посклони кон агресија за разлика од други. Во продолжение се расите на кучиња кои не се препорачуваат за неискусни љубители и сопственици кои немаат доволно време за обука, тренинг и за дружење со миленикот.
Чивава
Иако ова е мало, верно куче, одгледувачите многу добро знаат за неговата агресивност и проблеми со однесувањето. Чивавите може да бидат многу непријателски настроени кон туѓинци и кон други животни. Поради својата големина, не се сметаат за „најопасната“ раса, но доколку не се правилно одгледани и социјализирани, може да предизвикаат штета со каснувања.
Ротвајлер
Ова куче има вродена агресија поради што некои луѓе ги користат, пред сѐ, за борба со кучиња. Ова куче е заштитнички настроено и верно на својот сопственик, но има голем нагон за барање плен и затоа му треба добар тренинг. Сепак, ротвајлерот е интелигентно милениче и брзо учи, поради што не е проблем за сопствениците кои имаат искуство со агресивни раси.
Питбул-териер
Како силни, мускулести и кучиња со силна вилица, и питбул-териерите често се користат во уличните борби. Во погрешни раце, овие кучиња стануваат и сериозна опасност за околината, со доволно чести смртни исходи. Се препорачуваат само за искусни сопственици.
Неаполски мастиф
Овие кучиња станаа светски познати веројатно и поради кучето Фанг кое се појавува во серијалот „Хари Потер“. Иако големо и силно, ова куче е исклучително верно. Агресивно е кон туѓинци и кон секое лице или животно што го смета за закана. Тренингот и социјализацијата на мастифот треба да почнат кога сѐ уште е мало куче – за да се спречи агресивното однесување подоцна.
Чау-чау
Иако изгледаат како „плишани мечиња“, и овие кучиња се познати по својата недружељубива и агресивна природа. Тие обично може да се одгледуваат за лов и чување имот. За ова куче да ја потисне својата агресија, му треба постојана обука и строга контрола.
Аргентинска дога или мастиф
Бара строго воспитување, доследен тренинг и искусен сопственик за да се спречи секакво агресивно однесување. Не треба да се чува во домаќинства со други животни.
Германски овчар
Во погрешни раце, и овој домашен миленик може да биде опасен и агресивен, бидејќи е природен заштитник на својата територија, па така и на своето семејство. Поради неговата висока интелигенција и брзо учење, денес често се користи и како полициско-воено куче.
Германската армија почна со обука на службени кучиња за откривање на инфекција со коронавирусот.
Мексиканската армија оваа недела стана побогата за еден член – тримесечен германски овчар. Тој ќе биде дел од специјалната единица за наоѓање и помош на преживеани лица по земјотрес и други п
Јазовчар
Како и чивавата, и јазовчарот е мало куче склоно кон агресија. Поради нивната големина, тие често се чувствуваат загрозени и тоа обично резултира со ‘ржење, лаење и гризење заради заштита. Ним им треба тренинг и социјализација што почнува што е можно порано, поради потиснување на агресијата.
Далматинец
Познатите точкести кучиња се заштитен знак на противпожарните единици, но и тие важат за агресивни кучиња, што произлегува од нивната тврдоглавост и нагонот за бранење на својата територија. Покрај тоа, далматинецот има и висок нагон за плен, поради што може да нападне и дете. Со соодветни вежби и социјализација, и ова куче може да биде одлично семејно милениче.
Забава
Си Ен Ен објави вознемирувачко видео на кое раперот Пи Диди брутално ја тепа поранешната партнерка Каси
Вознемирувачки снимки од надзорни камери, на кои се гледа како американскиот продуцент и рапер Шон Комбс (54), познат како Пи Диди, врши брутално насилство врз неговата поранешна партнерка Касандра Вентура (37), позната како Каси, во хотелот Интерконтинентал во 2016 година објави „Си-ен-ен“.
На видеото се гледа како Пи Диди, само со крпа на себе, трча по Каси низ ходникот од хотелот. Додека таа се обидувала да влезе во лифтот, тој ја фатил за глава и ја удрил од подот. Ја удира со нога додека таа лежи неподвижна на земја, па ги зема двете чанти со кои девојката се обидувала да побегне. На крајот Диди ја одвлекува во соба.
Забава
Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи
Победникот на Евровизија, Немо Метлер, ја повика швајцарската влада да признае трет пол во официјалните документи.
Метлер истакна дека е апсолутно неприфатливо таква можност веќе да не постои во Швајцарија, пишува „Гардијан“.
„Треба да бидеме застапени и во политиката. Многу е важно луѓето да се чувствуваат видени“, рече Метлер, кој на прашањето по победата со кого првин би сакал да разговара, без размислување, го именува швајцарскиот министер за правда, Бит Јанс.
Во средата, според неговиот портпарол, министерот му испратил СМС-порака на Метлер, во која му ја честитал победата на Евровизија и го поканил да се видат.
Пред 18 месеци швајцарската влада го отфрли токму овој предлог.