Црна хроника
Приведен крадец, го признал делото, а кај него бил пронајден и кокаин
На 01.06.2023 од страна на полициски службеници од Одделение за криминалистички работи Аеродром и Драчево, по преземени мерки и активности е лишен од слобода С.Р.(26) од Скопје. За него бил распишан распис, поради сомнение дека на 24.05.2023 во Транспортен центар извршил кривично дело кражба, при што одзел предмети од Х.О. од Турција.
При извршен преглед кај С.Р. биле пронајдени 7 пакувања прашкаста материја, а при извршен службен разговор во полициска станица, С.Р. признал дека е сторител на кражбата, а одземените предмети се пронајдени кај него и ќе бидат вратени на сопственикот. По документирање на случајот против лицето ќе следува кривична пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Уапсена инспекторка поради примање поткуп
СВР Куманово во содејство со Одделот за криминалистичка полиција при МВР денеска во 13.30 часот постапи по наредба од ОЈО Куманово за расчистување на кривично дело „примање поткуп“ од член 357, при што во Куманово е лишена од слобода Л.Т., овластен градежен инспектор при општина Куманово, која била затекната како прима поткуп од 4.000 евра.
Имено, на 25.09.2024 граѓанин во СВР Куманово пријавил дека овластениот градежен инспектор Л.Т. при општина Куманово, која вршела контрола на објект во изградба кој оштетениот го градел и на кој пријавената при контрола на записник констатирала отстапување од одобрението за градење, а за да не му издаде решение за запирање со градење и да не му поднесе соодветна пријава до надлежно ОЈО или суд му побарала поткуп најпрво сума од 1500 евра, за да на 31.10.2024 ја покачи сумата за поткуп на 4000 евра.
По добиената пријава, известено е ОЈО Куманово и преземени се соодветни мерки. На оштетениот му се дадени технички обработени пари кои тој денеска во ресторан во Куманово и ги дал на Л.Т.. Откако Л.Т. ги зела парите, била лишена од слобода од страна на полициски службеници од ОКП при МВР и ОЕК при СВР Куманово.
По целосно документирање на случајот, Л.Т. ќе биде изведена пред надлежен јавен обвинител при ОЈО Куманово.
Црна хроника
16-годишно момче прободено со нож во тетовско, уапсен тинејџер за обид за убиство
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Е.Ф.(19) од с.Долна Лешница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“ во обид.
На 28.10.2024 во селото Долна Лешница, пријавениот со нож му нанел повреди на 16-годишен малолетник.
Црна хроника
Тетовец ја нападнал партнерката пред угостителски објект каде што работела
На 31.10.2024 година во 20:25 часот на улица ,,Благоја Тоска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода С.М.(45) од Тетово, кој околу 19:30 часот бил пријавен од А.М.(46) од Гостивар со која живееле во вонбрачна заедница, дека во угостителски објект во Тетово каде што таа работела, истиот физички ја нападнал, информираат од СВР Тетово.
Тој е задржан во полициска станица за понатамошна постапка и против него ќе следува соодветен поднесок.