Црна хроника
За една ноќ во Скопје 13 уапсени поради поседување дрога, меѓу нив и еден малолетник
Ноќеска во 23.40 часот во угостителски објект на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода И.Р.(34) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По полноќ, во 00.10 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници го лишиле од слобода П.И.(26) од Р.Србија, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Исто така во Центар, рано утрово во 02.00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Д.Г.(23) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја.
Утрово во 01.40 часот од угостителски објект во Градскиот парк во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода В.Ф.(25) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. Во 00.15 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Во 01.50 часот на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.Е.(25), С.О.(18) и Н.М.(19), сите од кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, прашкаста материја, марихуана и дробилка.
Во 02.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок. Во 01.45 часот во с.Волково, скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Н.(29) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана.
Ноќеска во 23.00 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ш.(29), Л.А.(31) и Ф.А.(33), сите од Скопје, затоа што кај нив била пронајдена и одземена марихуана.
По целосно документирање на сите овие случаи ќе следи соодветен поднесок, информираат од МВР.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа: кривична пријава за охриѓанка
СВР Охрид поднесе кривична пријава против Д.Р.(40) од охридското село Велгошти.
Таа се сомничи за сторени кривични дела „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.
Имено на катастарска парцела во државна сопственост во атар на истото село, таа без одобрение изградила пристапен пат и поставила армирана бетонска пристапна рампа. Врз основа на констатираната состојба, овластен градежен инспектор изготвил решение за нивно отстранување.
Црна хроника
Гостиварец ја позајмил колата од негов братучед и ја продал за 4.500 евра
Гостиварец ја позајмил колата од братучед му и без негово знаење ја продал за 4.500 евра.
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.С.(40) од Гостивар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување“.
На 26.09.2025, пријавениот позајмил патничко возило „фолксваген голф“ од негов братучед, а потоа го продал за 4.500 евра на друго лице од Скопје.
Топ
Автомобил удри во четиригодишно дете во Скопје, со тешки повреди е пренесено во болница
Четиригодишно дете со тешки повреди е пренесено во болница откако во него удрил автомобил.
Според информациите на МВР, вчера околу 17:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Живко Фирфов“ во Скопје, патничко возило „фолксваген туран“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Д.(41) од Скопје, удрило во четиригодишно дете од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Градска општа болница „Св. Наум Охридски“ Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа на СВР Скопје.

