Контакт

Македонија

Директорите и докторот стигнаа до крајот на процесот – слобода или осуда ги чека во тетовскиот суд

Објавено пред

Тетовскиот суд ќе ја изрече првостепената пресуда за тројцата обвинети за пожарот во модуларната болница, која изгоре, а однесе и 14 животи. Судијата Јордан Велковски ќе треба да ги огласи за виновни или да ги ослободи за делата за кои се гонат. Обвинети се поранешниот економски директор на болницата, Артан Етеми, раководителот на ковид-центарот, докторот Бобан Вучевски, и Флорин Бесими, ексдиректорот на болницата во Тетово.

dobivaj vesti na viber

Ексдиректорот на тетовската болница, Флорин Бесими, и поранешниот економски директор Артан Етеми не се гонат поради причината за пожарот во тетовската модуларна болница, туку затоа што не ставиле пропишани уреди за гаснење пожар. На докторот Бобан Вучевски му се суди бидејќи дозволил влез на роднини во болничките соби иако тоа било забрането. Ова е суштината на обвинетието за пожарот по кое им се суди на директорите и докторите, чие судење двапати се одлага. Првиот пат поради отсуство на обвинетите, а вториот бидејќи обвинетите дојдоа без адвокат.

Обвинетите Ф.Б. (Флорин Бесими) А. Е. (Артан Етеми) и обвинетото правно лице (Општа болница Тетово) не постапиле во согласност со мерките и активностите што произлегуваат од договорот за заем склучен помеѓу Република Северна Македонија и Меѓународната банка за обнова и развој – Светската банка, според кој, иако биле должни да имаат соодветни уреди и инсталации за заштита од пожари и експлозии, друга противпожарна опрема, средства за гаснење пожари и противпожарни апарати, на денот на пуштањето во употреба на модуларната болница во Тетово, па сѐ до денот на настанувањето на пожарот во модуларната болница не поставиле соодветни уреди за заштита од пожар – противпожарни апарати, па како резултат на нивното непостапување на 8.9.2021 година, околу 21 часот, и како последица од настанатата куса врска преку висок преоден отпор во приклучниот кабел од дефибрилаторот, со кој се вршела реанимација на пациентката Марија Димовска во соба број 3, кревет број 1, од прегревање на кабелот настанало палење на приклучната кутија од продолжниот кабел на синтетичките материјали од кои се изработени втикнувачите, полначот за мобилен телефон и куќиштето од продолжниот кабел, па по забележаната појава на пламен, настанало бурно ширење на пожарните дејства од соба број 3 кон соба број 2 и потоа во целиот објект простирајќи се по покривните панели кон ниските предели на панелните ѕидови и болничкиот инвентар“, стои во обвинението.

Пожарот се гаснел со ќебе и вода. За животот на пациентите се бореле двајца доктори, три медицински сестри и болничарка. Сите барале противпожарни апарати, но не успеале да ги најдат.

„Но, сите тие во обидот да го изгаснат огнот не успеале по што се развиле пожарни дејства и пожарот за краток период се проширил во целиот објект, па како резултат на настанатиот пожар пациентите болни од Ковид-19 и членовите на нивните семејства, погоре наведени, како придружни лица починале“, се додава во обвинението.

За докторот Вучевски, има само еден пасус во кој се бара одговроност од него. Но, не за пожарот, ниту за причините ниту за последиците од немањето противпожарни апарати.

„Обвинетиот Б. В. (Бобан Вучевски) како одговорно лице за време на епидемија не постапил според прописите и наредбите со кои се определуваат мерки за нејзино сузбивање и спречување и не постапил во согласност со наредбата донесена од страна на медицинскиот директор при ЈЗУ Клиничка болница во Тетово за забрана на посета на неовластени лица во болничките простории поради појава на сезонски грип и глобалните случувања поврзани со Ковид-19 и дозволил влез на неовластени лица – членови на семејствата на болните од Ковид-19 како придружници во модуларната болница“, стои во обвинението.

Директорите се гонат за две кривични дела, и тоа за тешки дела против општата сигурност и непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, а докторот само за непостапување според здравствените прописи во време на епидемија.

Застапник на обвинението е тетовскиот обвинител Бесир Алиу.

Македонија

Досега подигнати се над 45 илјади ваучери за електронски уреди за студенти

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски денеска исткна дека се подигнати над 45 илјади ваучери од 15.300 денари за студентите на додипломски студии за набавка на електронски уред – лаптоп, таблет или персонален компјутер. Посочи дека искористеноста е околу 99 проценти.

dobivaj vesti na viber

За ваучер од 250 евра од ноември до декември можеа да аплицираат студенти до 29 години, кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети.

– Отприлика 45.000 – 45.600 ваучери се подигнати, а околу 99 проценти и повеќе се искористени. Околу 44.5 илјади се искористени. Како Влада изминативе 20-ина месеци сме ги регулирале сите односи со сите структури од општеството на кои Владата треба да им излезе во пресрет – на студентите им се покачени стипендиите, се реновираат студентските домови и ученичките домови, се обезбедуваат 15.300 денари за електронски уреди. Дали тоа е доволно? Не. Можеби треба повеќе, но толку можеме во моментов. Порано ни тоа не било. За сите, без да ограничиме дали се студенти на државни или на приватни универзитети. Пораснаа пензиите линеарно, сега во април 7 илјади денари, нешто што досега не било овозможено, рече Мицкоски по пуштањето во употреба на реконструираната гимназија „Кирил Пејчиновиќ“ во Општина Тетово.

Премиерот нагласи дека комуникацијата на Владата со сите целни групи е на високо ниво и досега, рече, немало толку голема испорака од ниту една Влада,

-Буквално со сите целни групи со кои Владата комуницира и со кои држи релација, навистина имаме односи кои никогаш порано не биле на толку високо ниво и немало толку голема испорака со ниту една Влада. Оваа Влада тоа го направи за само 20 месеци. Дали е доволно? Не. Треба повеќе? Треба. Се сложувам, секогаш треба повеќе. Но, дали е подобро од порано? Можам да кажам дека неколку пати е подобро, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Македонија

Во текот на ноќта и утре повремени врнежи од дожд

Објавено пред

Под влијание на циклонска активност во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег.

dobivaj vesti na viber

Како што соопшти УХМР, пообилни врнежи ќе има во југоисточните делови од земјата – над 20 литри на квадратен метар. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите ќе преминат во снег во повисоките, како и во некои од пониските места.

Во Скопје во текот на ноќта и утре ќе има повремени врнежи од дожд. На околните планини врнежите ќе бидат од дожд и снег.

Прикажи повеќе...

Македонија

По 8.000 денари за секое бебе во општина Аеродром

Објавено пред

Секое семејство со живеалиште во Општина Аеродром кое во текот на 2026 година добило новороденче или посвоило дете до една година, ќе добие еднократна парична помош во износ од 8.000 денари.

dobivaj vesti na viber

-Оваа мерка е наменета како практична поддршка за семејствата, особено во првите месеци од грижата за детето. Општина Аеродром останува посветена на семејствата и на децата, со љубов и внимание кон најмалите, создавајќи средина каде што тие можат да растат среќни, сигурни и поддржани, соопшти Општина Аеродром.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 часа

Во Кочани ќе се гради патека на бесконечност за загинатите во Пулс

Советот на Општина Кочани на вчерашната 9. седница едногласно ја поддржа иницијативата за изградба на спомен-обележјето „Патека на бесконечноста за...

Свет2 часа

Момче во Германија повлекло девојка под воз што доаѓал од спротивен правец, двајцата се мртви

Во Хамбург во четврток, две лица загинаа на метро станицата Вандсбек Маркт откако маж влечеше жена на шините пред воз...

Македонија3 часа

Од утре внимавајте, Безбеден град почнува официјално да казнува со суми од 20 до 500 евра и одземање на возачката дозвола

Од утре официјално започнува примената на системот Безбеден град, со што автоматското снимање и санкционирање на сообраќајните прекршоци влегува во...

Свет4 часа

Во текот на изминатото деноноќие, Русија извршила вкупно 1.019 напади врз Украина

Украинската противвоздушна одбрана соборила 64 од 85-те дронови што Русија синоќа ги лансирала, соопштија утрово Воздухопловните сили (ВВС) на Украина....

Свет4 часа

Државна секретарка од Црна Гора сакала да се самоубие поради секс скандал

Мирјана Пајковиќ, до неодамна државна секретарка во Министерството за човекови и малцински права на Црна Гора, поднесе оставка откако нејзините...

Свет17 часа

Нови откритија за Епстин и елитата: објавени документи за контакти со Бил Гејтс, политичари, принц – тврдел и дека цимерот во затворот сакал да го убие

Американското Министерство за правда објави нови милиони документи поврзани со случајот на Џефри Епстин, со што повторно се отворија прашањата...

Македонија23 часа

Заврши мониторингот за Македонија од страна на Советот на Европа, за Мицкоски тоа е историски момент и признание за нивото на демократија

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека заврши мониторингот за Македонија од страна на...

Македонија1 ден

ССМ следната недела ќе го блокира Собранието: Пратениците ќе мораат на работа пеш и без патни трошоци, ќе ги удриме по џебот како тие нас

Прва институција која ќе ја блокираат работниците како продолжение на протестот за 600 евра минимална плата и зголемување од 100...

Свет1 ден

Кремљ: Путин се согласи на привремен прекин на огнот

Кремљ соопшти дека рускиот претседател, Владимир Путин, се согласил да ги запре нападите врз украинските градови до 1 февруари. Портпаролот...

Македонија1 ден

Левица: ДПМНЕ со 2,2 милиони денари ја почестиле фирмата на синот на антикорупционерката Ристовска

Само во 2024 година, во рамки на изборната кампања за претседателските избори, една од фирмите на синовите на Цвета Ристовска...

Македонија1 ден

Утре посебен сообраќаен режим во Скопје поради протестниот марш „Стоп за Цементара“

Утре, со почеток во 12:00 часот ќе се одржи протестен марш „Стоп за Цементара“ со траса на движење од пред...

Македонија1 ден

Изгласана Резолуцијата за затворање на постмониторинг дијалогот со Македонија: „Ова е потврда за напредокот на државата“

Во текот на јануарската сесија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која учествуваат пратениците Иванка Василевска, Беким Ќоку...

Свет1 ден

Мишел го критикува Руте: Престани да бидеш американски агент и обедини го НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, треба да престане да биде „американски агент“ и да го обедини расцепканиот воен сојуз...

Топ1 ден

Кривична пријава за „проневера во службата“ против претседател на ловечко друштво од Струмица

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднесе кривична пријава против 41-годишниот Д.Р. од Струмица, поради постоење на основи на...

Свет1 ден

Стармер ја посети Кина, односите меѓу двете земји се зајакнуваат; Трамп: Она што го прават е многу опасно

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е „многу опасно“ за Велика Британија да соработува со Кина, додека британскиот премиер Кир...

Свет1 ден

САД се закануваат со царини за увозниците на нафта за Куба: „Очекувам Куба наскоро да пропадне“

Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со нови царини за земјите што испорачуваат нафта на Куба, засилувајќи го притисокот врз...

Свет1 ден

Нова анкета: Довербата во Трамп опадна, поддршката губи и кај републиканците

Една година по неговиот втор мандат, ставовите на Американците за претседателот Доналд Трамп, кои и претходно беа повеќе негативни отколку...

Македонија1 ден

Голем одрон кај село Ратево, магла на патниот правец Тетово – Гостивар

На патниот правец Р-1302 Берово – Струмица (кај село Ратево) поради поголем одрон сообраќајот се одвива по направена девијација во...

Европа1 ден

(Видео) Русите се предадоа на украински вооружен робот

Додека руската инвазија на Украина влегува во својата четврта година, далечински управуваните копнени роботи стануваат вообичаена глетка на бојното поле....

Македонија2 дена

Мицкоски: Ако заѕиданите пари биле од продажба на нива, што би барале во ѕидот?

Којзнае колку илјадници евра биле заѕидани, изедени и потрошени, ова е последица на антиуставниот имплант СЈО, вели премиерот Христијан Мицкоски....