Македонија
Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета, тој не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, вели Најчевска за Меџити
Неписмената будала треба веднаш да биде кривично гонета за злоупотреба на службената должност, а составен дел на казната да бидат читање на Уставот, Законот за државјанството, Законот за здравственото осигурување, Законот за здравствената заштита, Законот за Владата, Законот за органите на управата и секако Кривичниот законик, вели професорката Мирјана Најчевска за министерот Фатмир Меџити, кој вчера изјави дека граѓаните на Косово и Албанија ќе плаќаат исти цени за лекување во нашето државно здравство, како и македонските граѓани.
Неговата изјава предизвика реакции во јавноста, меѓу кои и од Најчевска. Таа вели дека Меџити не е ставен за министер за да се грижи за граѓаните на други држави, туку за граѓаните на Македонија.
„Неписмени крелци не смее да бидат поставени на раководни позиции. А Ковачевски да престане лажно да се претставува како премиер.
Наместо да се избориме со дискриминацијата кон етничките Албанци на тој начин што ќе обезбедиме образование на повисоко ниво од она што го имале во претходниот период, ние го направивме тоа на тој начин што го симнавме нивото на образование за сите, ги симнавме сите критериуми за вработување и професионално напредување и создадовме услови најголемиот шлајм од сите етнички заедници во Македонија да дојде на раководни позиции. Некои велат дека сме го достигнале дното.
И тоа е точно, меѓутоа ние влегуваме во нова креативна фаза – копаме дупка во дното што го допревме“, напиша Најчевска.
Меџити вчера рече дека косовските граѓани досега плаќале двојни цени, и тоа само во јавното здравство, а не во приватното.
„Дадовме наредба од Министерството за здравство ова да се израмни и да има исти цени како за државата бидејќи, всушност, не доаѓаат странци во Македонија, тие се од Косово, особено за здравствени потреби. Презедов мерки и за граѓаните од Албанија, кои доаѓаат и ги посетуваат болниците во Охридскиот Регион“, изјави министерот Фатмир Меџити.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило делницата од автопат А1 Велес – Градско е затворена
Поради поголем пламен и отпаднати делови од приколка на возило, во 01:20 часот делницата од Автопат А1 Велес – Градско е затворена и возилата се пренасочуваат по експресниот пат Градсско – Дреново до локализирање и ликвидирање на пожарот, извести АМСМ.
Сообраќајот на магистралниот пат Прилеп – Градско се одвива наизменично.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
Македонија
Без струја делови од Петровец, Чаир и Гази Баба
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.30 до 11.30 часот, корисниците од селата Градманци, Летевци, Катланово и Брезница, општина Петровец;
– во периодот од 08.30 до 15.00 часот, корисниците од улицата Ордан Чопела, улицата Петре Георгиев и улицата Челопек, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците од улицата Вера Вучковска Жезељ во населба Хиподром, општина Гази Баба.
Македонија
Делови од Центар и Карпош денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради дефект во шахта од ф – ¾ на улицата Ацо Караманов бр. 10, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат дел од корисниците од улицата Ацо Караманов, како и објектот на Американската Резиденција, општина Центар.
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека исто така денеска поради уличен дефект на улицата Девол бр. 15, во периодот од 09.00 часот па се до отстранување на дефектот без вода ќе останат корисниците од улицата Девол, општина Карпош.

