Спорт
Калин Ивановски во полуфиналето на фјучерсот во Скопје
Македонскиот тенисер Калин Ивановски е полуфиналист на фјучерс турнирот што се одржува во Скопје. Тој се пласираше во завршницата без борба откако неговиот денешен ривал Мирза Башиќ го предаде мечот поради повреда, истегнување на мускулот.
Башиќ вчера го предаде и мечот во двојки со Зекиќ, поради повредата, а претпладнето беше и на медицински третман, но повредата го спречи да настапи.
Ивановски утре во полуфиналето ќе игра со победникот од мечот меѓу Миљан Зекиќ и Ерги Киркин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Капитенот ќе ја напушти Црвенз звезда
Капитенот на Црвенз звезда, Александар Драговиќ, реши како слободен играч да го напушти клубот.
Австриецот со српско потекло, пред три години дојде во Црвена звезда, со клубот освои три дупли круни, а во последната сеозна беше капитен.
Драговиќ во Белград пристигна за да ја исполни желбата на својот дедо, инаку голем навивач на црвено-белите. Клубот го напушта од семејсни причини. Неговото семејство живее во Виена.
„Благодарност до Звезда за исклучителната понуда и за се што ми даде. Многу ми е тешко, но донесов одлука во договор со семејството да се вратам во Австрија“, изјави Драговиќ по состанокот со клупските челници и тренерот Владан Милојевиќ.
Драговиќ во кариерата играше во Австрија Виена, Базел, Динамо Киев, Баер Лверкузен и Лестер. За репрезентацијата на Австрија има одиграно 100 натпревари.
Спорт
Фернандеш фрустриран од лошата сезона, но не сака да го напушти Јунајтед
Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш, изрази желба да остане во клубот.
Португалецот очекува клубот да ги исполни неговите очекувања.
Фернандеш пристигна на „Олд Трафорд“ од Спортинг во 2020 година и постигна 79 гола на 232 натпревари.
„Обожавам да играм на теренот на Олд Трафорд повеќе од било што на светот. Не сакам да си одам. Ова отсекогаш бил мојот најголем сон“, изјави Фернандеш за „Фан трибјун“ и дополни.
„Сакам само моите очекувања да се совпаднат со очекувањата на клубот. Ако разговарате со некој фан, ќе ви го каже истото. Сакаме да се бориме за титулата. Сакаме да играме во Лигата на шампионите. Сакаме финалиња на купот. Тоа е стандард“, додаде Португалецот.
Јунајтед ќе има последна шанса барем малку да ја спаси сезоната во недела, кога ќе се соочи со градскиот ривал Сити во финалето на ФА Купот.
„Фрустрација. Зарем сите не го чувствуваме тоа? Тоа е единствениот збор за оваа сезона. Истото би ви го кажал секој навивач на Јунајтед”, рече Фернандеш.
Спорт
Уште една шлаканица за Ѓоковиќ, елиминиран од Махач во полуфиналето во Женева
Новак Ѓоковиќ уште еднаш ги разочара своите навивачи. Најдобриот светски тенисер испадна во полуфиналето на турнирот од серијата 250 во Женева. Јиржи Махач го порази Ѓоковиќ со 6:4, 0:6, 6:1. И покрај та што не играше на многу турнири од почетокот на сезоната, нестварно звучи податокот дека Ѓоковиќ се уште играл финале во 2024 година.
Српскиот тенисер оваа сезона не игра на своето препознатливо ниво. Три полуфиналиња на Австралија опен, во Монте Карло и во Женева, не се резултатите на кои е навикнат Новак, кој во лоша форма ќе пристигне во Париз, каде во понеделник ќе започне вториот Грен слем сезонава, Ролан Гарос, а накој Ѓоковиќ ја брани титулата.
Чехот Јиржи Махач ја забележа најголемата победа во кариерата. Ги искористи сите грешки и подароци што му ги сервираше Ѓоковиќ.
Ѓоковиќ имаше комтни 4:1 во првиот сет кога влезе во „црна дупка“, Махач освои пет гема во низа и го освои првиот сет.
Во вториот се „појави“ вистонскиот Ѓоковиќ, го збриша противникот со 6:0, за во третиот повторно да падне во летаргија. Го освои првиот гем, а потоа Махач доби шест гема во низа и се пласира во финалето.